Турски боксер го прекршил полицискиот час, па брутално нокаутира новинар (ВИДЕО)

Сулејман Сатмис е 20-годишен турски боксер кој вчеравечер го нокаутирал новинарот на агенцијата Демиререн, Мехмет Инан.

Нешто пред полноќ, Сатмис бил пронајден на улиците на Бурса како го крши полицискиот час во друштво на двајца пријатели, кога ги пресретнале локалните чувари на редот.

Кога ги видел новинарот и снимателот во нивно друштво, тој го удрил Инан по главата и му го скршил носот. Инан од силината на ударот се онесвестил и веднаш бил пренесен во болница.

На чуварите им помогнала полицијата, која ги уапсила Инан и неговите пријатели, а Турската боксерска федерација објави дека по итна постапка ќе го избрка Инан од сите нивни тела.

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители беа  доделени синоќа во Кавадарци, настанот го реализираше Општинската организација на Црвен крст од овој град. 

Претседателот на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев, потсети дека годинава се одбележуваат 79 години од основањето на Црвениот крст на национално ниво.

- Бележиме врвни резултати. На врвот сме по крводарување во државата, минатата година бевме најдобри по проекти изработени од млади, за промоција на хумани вредности, нагласи Каракулев, споменувајќи дека организираат и нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица.

Млади волонтери прочитаа свои литературни творби, а пред присутните се обрати и Перо Николов, советник во Советот на Општината. На сите крводарители, тој им упати честитки и им порача да продолжат, покажувајќи ја хуманоста и солидарноста.

Блинкен изрази надеж за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Блинкен изрази надеж за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред претстојната посета на Блискиот Исток.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека сепак ќе биде договорен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и ослободување на заложниците кои ги зеде палестинското исламистичко движење во нападот врз еврејската држава на 7 октомври, објавија британските медиуми.

Блинкен зборуваше денеска на прес-конференција на Филипините пред уште една турнеја на Блискиот Исток од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.

-Ќе разговарам за „вистинската архитектура за траен регионален мир“, рече тој по повод претстојните посети на Саудиска Арабија и Египет.

Блинкен предупреди дека „100 отсто“ од населението на Појасот Газа е во „ситуација на сериозна несигурност во храната“.

Нови преговори за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас почнаа вчера во Доха, забележува ДПА.

Дејвид Барнеа, директорот на израелската странска разузнавачка агенција Мосад, пристигна во главниот град на Катар на средби со посредниците.

Блинкен оваа недела ќе го посети Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот, во услови на напорите на Вашингтон да посредува за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа за да се овозможи ослободување на заложниците земени од палестинската милитантна група.

-Блинкен ќе ги посети Саудиска Арабија и Египет и ќе се сретне со високи претставници од двете земји, соопшти Стејт департментот.

Обезбедувањето поголема хуманитарна помош за Газа, како и разговорот за повоениот план за енклавата, ќе бидат меѓу темите за кои ќе разговара со саудискиот и египетскиот функционер.

Блинкен моментално присуствува на самитот за демократија во Јужна Кореја и ќе се сретне со министерот за надворешни работи и со претседателот на Филипините подоцна денеска.

Реакции за набавката на матурски наметки и капи за ЕМУЦ во Охрид, Управата појаснува

Реакции за набавката на матурски наметки и капи за ЕМУЦ во Охрид, Управата појаснува дека нема врска со набавката на опремата.

Родители на ученици од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид преку писмо доставено до медиумите реагираат на набавката на наметки и капи за матурантите од средношколската установа.

Во писмото се посочува дека сите ученици од школото од прва до четврта година били приморани да плаќаат по 450 денари за наметките наменети за матурантите. Притоа уште стои дека парите за набавка ги собирале класните раководители, дека таа опрема била наменета и за фотографирањето на учениците од завршните години, што според дописот, за матурантите од оваа учебна година веќе било завршено.

- Очигледно е дека раководството на средното охридско училиште е погодено од економската криза во Македонија и има потреба од дополнителни приходи, па дури користат ученици од ранливи категории со цел зголемување на нивниот приход, пишува во писмото на родители на ученици, кои бараат и одговор и објаснување од директорот на центарот и од раководство, додека од надлежните институции и невладините организации бараат да застанат на страната на средношколците и нивните родители.

Директорот на училиштето, Сашо Недески, во изјава за МИА појасни дека раководството на училиштето нема речиси никаква врска со начинот и постапката за набавување на матурските наметки и капи.

- Иницијативата за набавката произлезе од самите ученици, тие самите се организираа, беа спроведени и анкети меѓу учениците, а потоа процедурата за набавка беше одобрена и од Советот на родители. Самиот Совет на родители ги разгледа понудите, од кои беше избран набавувавачот. Учениците и родителите си го избраа изработувачот, сами и си ги собират средствата, училиштето нема никаква врска со процедурата. Дури и овозможено им е средствата од 450 денари што, да нагласам воопшто и не ги собира училиштето, да ги плаќаат на две рати, рече Недески.

Матурските наметки со лого на средното училиште веќе се вообичаена практика меѓу учениците од останатите средношколски установи во Охрид.

притисни ентер