Туристка се слика гола пред италијанска катедрала, жителите бесни (ВИДЕО) - Канал 5

Туристка се слика гола пред италијанска катедрала, жителите бесни (ВИДЕО)

Пред катедрала во Италија непозната женска личност се фотографирала гола.

Туристка се слика гола пред италијанска катедрала, жителите бесни (ВИДЕО)

Видеото се појави на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

Во снимањето на скалите пред катедралата во Амалфи учествувале три лица, кои сега, јавува CNN, ќе одговараат за „безобразни постапки“. Сцената е снимена околу 7:30 часот. Непознато женско лице, завиткано само во црвена лента, позирала пред влезот на катедралата изградена во 1067 година.

Историчарката на уметност и писателка Лаура Тајер, која го пишува блогот Ciao Amalfi, тврди дека сцената ги „навредила жителите“.

„Шокантно е што ова се случи пред црква. Дуомо е место за богослужба и место кое многу го ценат жителите. Таа катедрала и влезот во неа имаат посебно место во сеќавањата на локалното население. Бронзените врати потсетуваат на деновите на Република Амалфи. Овие врати се отвораат за поворки, за свадби, за погреби, моменти кои го прават животот“, тврди таа.

Катедралата е посветена на апостолот Свети Андреј, а неговите мошти наводно се чуваат таму од 1206 година. Изграден е за време на најславните денови на Амалфи како поморска суперсила која им конкурирала на Џенова, Венеција и Пиза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.

Косопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција

Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен.

Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје.

Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје.

Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно заврши тренерската клиника на КФМ – Врвни предавачи, актуелни теми и рекордна посетеност

Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошаркат

Успешно заврши тренерската клиника на КФМ – Врвни предавачи, актуелни теми и рекордна посетеност

Клиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ – човек кој остави неизбришлива трага во македонската и пошироко во југословенската кошарка.

Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на младите играчи, односот тренер–родител–спортист, како и на најновите промени во кошаркарските правила.

Посебна чест за македонската кошарка беше присуството на еден од најголемите европски тренерски авторитети, Светислав Пешиќ, кој своето огромно знаење и искуство го пренесе преку темите „Дефанзивна транзиција“ и „Позициона одбрана“.

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Хосе Мариа Берокал, ја обработи темата „Офанзивна транзиција“, додека Саша Грујиќ преку две предавања се осврна на развојот на офанзивната тимска игра и индивидуалните офанзивни вештини во младинската кошарка, со посебен акцент на возраста од 10 до 18 години.

Значаен сегмент од програмата беше посветен и на правилниот развој и самодовербата кај младите спортисти преку односот тренер–родител–спортист, а Судиската комисија при КФМ ги презентираше промените на официјалните кошаркарски правила кои стапуваат во сила од 1 октомври 2026 година.

Квалитетот на клиниката беше неспорен, а најдобра потврда за тоа беше интересот и присуството на досега најголем број тренери од македонските клубови на еден ваков настан, како и на бројни други кошаркарски работници и љубители на играта.

Особено радува фактот што во текот на двата дена салата „Лазар Лечиќ“ беше место на размена на знаење, искуства и идеи, но и место каде уште еднаш се почувствува силната поврзаност на македонската кошаркарска заедница.

Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до сите предавачи кои несебично го споделија своето знаење и искуство, како и до сите тренери, кошаркарски работници и посетители кои со своето присуство придонесоа оваа тренерска клиника да добие вистинско значење и вредност.

Големата посетеност, вниманието со кое беа проследени предавањата и интересот за сите обработени теми се уште една потврда дека во Македонија постои силна желба за постојано учење, усовршување и следење на современите кошаркарски тенденции.

Но, пред сè, тие се потврда на нешто што за нас има посебна вредност:

Кошарката во Македонија се почитува, се сака и има луѓе кои се подготвени постојано да вложуваат во нејзината иднина.

КФМ и во иднина ќе продолжи со организација и поддршка на вакви едукативни настани, со јасна цел – унапредување на тренерската струка, создавање подобри услови за развој на младите кошаркари и континуирано подигнување на квалитетот на македонската кошарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Експлозија во руско-кинески комплекс вреден 10 милијарди долари

Еден кинески работник загина, а повеќе од сто други се повредени во пожар што избувнал денес во Гасно-хемискиот комплекс „Амур“ (AGCC) на рускиот Далечен Исток. 

Видео: Експлозија во руско-кинески комплекс вреден 10 милијарди долари

Компанијата ја потврди оваа информација.

Комплексот „Амур“, лоциран во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект вреден 10 милијарди долари меѓу рускиот петрохемиски гигант „Сибур“ и кинеската државна компанија „Синопек“.

Објектот е проектиран да стане еден од најголемите погони за производство на полимери во светот, а во моментот на несреќата се спроведуваа завршни испитувања. Почетокот на работата беше планиран за 2027 година.

Според официјално соопштение, пожарот избувнал во помошен дел од постројката за пиролиза, но главната опрема не била оштетена. Деветнаесет работници биле хоспитализирани со повреди кои се движеле од умерени до тешки.

Уште 104 работници добиле медицинска помош за полесни повреди, како што се исеченици и нагмечувања.

Компанијата исто така потврди смртен случај на својата веб-страница. „И покрај брзата медицинска помош, еден повреден работник – кинески државјанин ангажиран од подизведувач – не преживеа“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер