Туристка ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца- ѝ било предизвик пред венчавката - Канал 5

Туристка ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца- ѝ било предизвик пред венчавката

Туристка (28) ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца на Пјаца дела Сињорија, откако се качила на споменикот како дел од, како што е наведено, предизвик пред венчавка, и со тоа предизвика штета од 5.000 евра.

Туристка ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца- ѝ било предизвик пред венчавката

Инцидентот се случил кога жената ја поминала заштитната ограда и се качила на фонтаната, по што веднаш била отстранета од местото на настанот, пренесе Анса. Според локалните власти, нејзиното однесување предизвикало „мала, но значајна штета“ на уметничко-архитектонскиот споменик, дело на ренесансниот вајар Бартоломео Аманати од 16 век, во вредност од околу 5.000 евра.

Истрагата покажала дека намерата на туристката била да се фотографира и симболично да ги допре деловите на статуата како дел од личен предизвик пред венчавка. При качувањето, таа ги користела структурата на фонтаната и фигурата на коњот како потпора за да избегне влегување во водата.

Експертите од надлежните служби по инцидентот извршиле преглед и потврдиле оштетувања на нозете на фигурата на коњот и на делот од релјефот за кој се држела. Против туристката е поднесена пријава за оштетување на културно-уметнички споменик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“

Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“

Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра.

Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union).

Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Не му понудив ништо на Иран“

 Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства.

Трамп: „Не му понудив ништо на Иран“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги негираше наводите дека е подготвен да му понуди на Иран ублажување на санкциите и одмрзнување на замрзнатите средства во замена за одредени отстапки поврзани со нуклеарната програма.

Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека администрацијата на Трамп разгледува таква понуда, додека Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) изјави дека тоа „не е точно“ и оти тој „не понудил ништо“ на Иран.

Наводите за можно економско олеснување се појавија во време кога посредници од Катар и Пакистан се обидуваат да посредуваат во преговорите меѓу САД и Иран. Двете страни остануваат на спротивставени ставови за клучните прашања: Иран сака преговорите да се фокусираат на Ормускиот Теснец и на поморската блокада од страна на САД, додека Вашингтон бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма.

Посредниците се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Њујорк за да разговараат за предлогот на Катар, а се очекуваат и разговори со претставници на администрацијата на Трамп. Американски претставник запознаен со индиректните разговори изјави дека тие биле „позитивни и конструктивни“ и оти Иран покажал флексибилност во однос на нуклеарните прашања, но нагласи дека сè уште постојат несогласувања, вклучително и околу временската рамка за исполнување на обврските и тоа која страна треба прва да преземе одредени чекори.

Истиот функционер изјави дека САД нема да постигнат договор сè додека не се решат прашањата поврзани со нуклеарната програма и дека Вашингтон бара уверувања оти Иран сериозно пристапува кон преговорите. Сепак, Трамп во објава на „Трут соушл“ (Truth Social) ги отфрли тврдењата на „Аксиос“, нарекувајќи ги „измама“, и побара од порталот да го повлече текстот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!

Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист.

СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!

Нема дилема. Има лаги.

Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти. Од околу 250 милиони просечно по квартал во времето на СДСМ на само 18,7 милиони евра сега во последниот квартал. Мицкоски нема инвестиции затоа што никој не вложува во земја што ја води организирана криминална група. Тој е на чело.

Не сме против проекти. Туку сме против неговите лични проекти. Броилата на ЕСМ не се проект. Тоа е грабеж на Адамовиќ, Лазаревиќ, а сè спроведува преку Божиновска, две децении човек на Лазаревиќ.

Кога ќе поведе 50 луѓе во Америка на грб на граѓаните - роднини, тетки, стрини, да, сме против тоа. Тоа го плаќа народот.

Кога се работи под маса, под радар, има скриена намера. Кога лоби-куќа плаќа состаноци по хотели, кога се чека по ходници - точно, сме против ходник-дипломатија.

Приватна каса не дава околу 1,56 милиони долари годишно затоа што арамијата носи часовници од 60.000 евра и одело од 10.000 евра.

Дава затоа што интересот е поголем од влогот. Цртање на табла не ни треба.

Марихуана-економија? Нека каже што е со заплената од 100 тони. Нека каже што беше со петте тони што завршија кај сестринската партија во Србија.

За неговата економија нема да прашуваме. Граѓанинот ја гледа „третата економија на Европа“ во фрижидерот и во паричникот. Не мора да црта како Вучиќ.

Македонија на добар пат? На кој - кон дното на слепото црево?

Рудници во национален парк? Не може фекалии во вода. Единаесет недели нема извештај од Гостивар. Пет илјади отруени граѓани. Нема одговорни. Нема обвинителство. Над педесет места без вода безбедна за пиење. Лепенец и Вардар без име - кој ги отру. Дали некој му верува дека антимонот нема да ја отруе водата?

Дата-центри: прво водено ладење, па потоа воздушно, а притоа не кажа од каде струја и кој ќе плаќа.

Странски влијанија? Да, сме против. Не може Орбан и Вучиќ да управуваат со Македонија. Не може руската партија Левица заедно со Мицкоски да ги исполнува желбите на Москва. Не може човек на БИА да биде министер. Најмалку може да се слави осуден српски воен злосторник.

Против поделби? Да. Народот не е талог. Тој не е елита затоа што самиот рече дека е зависен од убави и скапи работи. Техники на Ванчо Михајлов. Латас - човек на служба, пропаганда по модел Гебелс заедно со Ивона. Тоа влече корени од фашизам. Како наследници на АСНОМ, и како граѓани - сме против.

Вели, конструкции и лаги. Синоќа во Брвеница повторно не даде ниту еден одговор.

Еве кажуваме јасно. Ние немаме дилема. Ние сме против криминал и корупција.

За Гета чувме. Нула денари беше лага. 5,53 милиони евра народни пари. Многу лаги. А дела нема - освен криминални.

За потпис: ние гордо го потпишавме пристапувањето на земјата во НАТО и ги отворивме преговорите со ЕУ. Таа ЕУ што тој ја блокира две и пол години, без реформи.

Што потпиша „патриотот“ со куп бугарски пасоши? Задолжување од 4 милијарди евра за две години.

Ние сме за институции. Не сме за банда.

Дилемата ја нема кај народот. Ја има Мицкоски - секој пат кога ќе зине!

А што се однесува до нихилизмот, сега кога изгужваниот професор со безобразни кафански манири, од Фројд премина на Ниче - нихилизмот не е недоверба, туку крштевање на злото во добро и наредба народот да аплаудира.

Скопје, 29.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер