3ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотТуристите го нападнаа најнесреќниот град на светот Градот Припијат во Украина денес одбележува 50 години постоење.Овој град на духови првично беше младо, живописно и богато место. Нуклеарната катастрофа што се случи во 1986 година во термоцентралата Чернобил го опустоши целосно. Градот сега е населен од илјадници туристи наместо населението. Припијат е основан на 4 февруари 1970 година, на само два километри од озлогласената термоцентрала и беше евакуиран по нуклеарната катастрофа. Сега тој е совршена туристичка дестинација. Туристите се шетаат по неговите улици, минуваат низ тревните плоштади за да го видат градот замрзнат во времето, пренесува Еуроњус. View this post on Instagram Hoy la ciudad de Pripyat cumple 50 años. Link: http://elexpedientecaniche.com/chernobyl-o-como-aprendi-a-dejar-de-preocuparme-y-amar-al-reactor/ #Pripyat #Chernobyl #Ucrania #Ukraine #Turismo #Turista #Viaje #Travel A post shared by El Expediente Caniche (@elexpedientecaniche) on Feb 4, 2020 at 4:50am PST Овој град во северна Украина е изграден многу брзо. Припијат е дизајниран како место каде ќе живеат работниците на термоцентралата и нивните семејства. Според пописот од 1985 година, имало 47.500 жители. Кога евакуацијата на Припјат започнала ден по катастрофата, на населението му било кажано дека преземаат мерки на претпазливост и само да ги земат најпотребните работи, бидејќи ќе се вратат за неколку дена или недели. Се разбира, тие никогаш не се вратиле. View this post on Instagram Už dojezdily🎢 #chernobyl #radiactiveteam #chernobylzone #ukraine #vscoukraine #kiev #pripjat #follow #urbex #urban #urbexexploration #explore #explorer #adventure #love #vibes #amazing #goodtime #school #best #inlove #travel #travellerlife❤️ A post shared by Tereza (@terezastibalova) on Feb 4, 2020 at 1:34am PST Многу жители на Припијат подоцна го населиле новоизградениот град Славтих. View this post on Instagram Знаменитый "ковш смерти" в оригинальной раскраске. Использовался для расчистки радиоактивных завалов на чаэс. ................... The famous "bucket of death" in the original coloring. It was used to clear the radioactive debris in the Chernobyl npp. ................... #pripyat #pripyattour #chernobylhbo #chernobylzone #chernobylexclusionzone #exclusionzone #zone #stalker #ghostcity #ghosttown #abandoned #abandonedworld #ukraine #chernobyl #chernobyl_now #pripyat2020 #pripyatukraine #czarnobyl #tschernobyl #radiation #urbex #urbanexploration #зонаотчуждения #чернобыльскаязона #чернобыль #припять #зона #чаэс A post shared by Chernobyl Now ☢ (@chernobyl_now) on Jan 23, 2020 at 5:46am PST Иако Припијат е познат како град на духови, животните ја преживеаја катастрофата. Се мисли на коњите Пржевалски, кои се сметаат за древна раса диви коњи, кои никогаш не биле припитомени од луѓето. Тие биле видени во Припијат во 1998 година, дванаесет години по нуклеарната катастрофа. Нивниот број некое време бил на завидно ниво, но бројот се намалил последните години. Иако е логично прво да се мисли дека нивниот број се намалува како резултат на ефектот на зрачење, поверојатно е дека биле уловени. Откако се емитуваше серијата Чернобил, Припјат стана попопуларен од кога и да било. Минатата година над 100.000 туристи го посетија овој град. Во 2020 година, тој број се предвидува да скокне на 250.000 туристи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек. Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции. „Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДвојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во НикшиќПрвенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи. Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ. Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања. На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери. „Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter