Турција секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија - Канал 5

Турција секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија

Во Амбасадата на Република Турција спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит. 

Турција секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија

Амбасадорот на Република Турција Н.Е. Фатих Улусој на 17.03.2025 ја потпиша книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа оствари средба и со Државниот секретар на наведеното Министерство Елена Кузманоска при што изрази сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.

Турција како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Македонија.

Во Амбасадата на Република Турција спуштено е на пола копје турското знаме во знак на почит. Воедно, амбасадата и сите други турски институции и установи во земјата ги одложија или пролонгираа нивните настани во текот на деновите на жал.

Претседателот на Република Турција , Реџеп Тајип Ердоган упати писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.

– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Македонија. изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Македонија, на чело со блиските на загинатите, додека на ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Воедно, и министерот за надворешни работи на Република Турција Н.Е. Хакан Фидан упати писмо со сочуство до министерот за надворешни работи надворешна трговија на Република Македонија Н.Е. Тимчо Муцунски.

Министерството за надворешни работи на Република Турција на 16 март излесе со изјава во врска со трагичниот пожар настанат во Кочани, Македонија:

„Длабоко сожалуваме за изгубените животи во пожар кој се случи денес (16 март) во Кочани, Македонија.

Изразуваме сочуство до блиските на жртвите и целиот народ на Македонија, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување.“

Турција беше меѓу првите земји која испрати и авиони со цел на пренесување на повредените кои беа во тешка состојба. Дента на 16 март, со воен авион 6 (шест) пациенти беа пренесени во Анкара во Градската болница Билкент, додека со амбуантен авион 3 (три) пациенти беа пренесени во Истанбул во болницата Чам Сакура.

Амбасадорот на Турција во Скопје Фатих Улусој ги приджуваше ранетите на Меѓунариодниот Аеродром при нивното заминување од Скопје.

Министерот за здравство на Турција Кемал Мемишоглу во својата објава на социјалните мрежи го истакна следново: „Со длабока тага ја примивме веста за починати и повредени лица при пожарот кој се случи во Кочани, Македонија. По официјалните контакти веднаш превземавме конкретни чекори.

9 повредени пациенти од пожарот кој се случи во градот Кочани, Македонија, ќе бидат третирани во Турција .

Поаѓајќи од начелото дека човекот секогаш е на прво место, ја пружиме раката на помош до нашите пријателски балкански земји. Им посакувам брзо заздравување и упатувам срдечно сочуство до народот на Македонија.“

Во случај да има барање од властите на Македонија, Турција е спремна дополнително да прими повредени од трагичниот настан во Кочани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.

Уапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституција

На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга.

Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава.

За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во  организација на „Бреинстер Некст“.

Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“, на кој младите имаат можност да се докажат како потенцијални идни претприемачи и иноватори.

На натпреварот учествуваат ученици од јавни и приватни средни училишта, кои преку своите идеи нудат решенија за различни општествени предизвици од областа на технологијата, екологијата, образованието и други сфери.

„Навистина е одлична идејата и организацијата на овој натпревар. Имав можност да запознаам многу млади и талентирани ученици кои размислуваат критички, иновативно и претприемачки. Особено радува тоа што покрај креативноста, покажуваат и натпреварувачки дух, самодоверба и подготвеност да ги презентираат своите идеи, но и да се борат за нивна реализација“, истакна Јаневска.

Таа посочи дека натпреварот отвора конкретни можности за претворање на ученичките идеи во реални бизнис проекти, имајќи предвид дека „Бреинстер Некст“ ги поврзува учесниците со бизнис заедницата и обезбедува награда од 1 милион денари за победничкиот поединец или тим.

„Ваучерот е значајна можност за започнување сопствена стартап компанија и развој на сопствен бренд, но и за интегрирање на бизнис идејата во веќе постоечка компанија или поврзување со потенцијални коинвеститори“, додаде Јаневска.

Од 650 пријавени проекти, 60 се пласираа во потесниот круг од натпреварот, министерката им посака успех во денешното претставување и пласман во утрешното финале, посакувајќи победа на најкреативната и истовремено остварлива бизнис идеја.

Јаневска упати благодарност до раководството на „Бреинстер Некст“ за поттикнувањето на младите и поддршката на нивната едукација, нагласувајќи дека соработката со образовните институции и приватниот сектор е важна за унапредување на образовниот систем.

„Верувам дека добрата соработка која ја започнавме преку заедничката заложба за интегрирање на вештачката интелигенција во училиштата, ќе продолжи и во иднина. Заеднички можеме да одговориме на бројни предизвици и да придонесеме за развој на националниот образовен систем“, порача министерката.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку седум ученици загинаа во експлозија во близина на училиште во Авганистан (ВИДЕО)

Седум ученици загинаа, а уште 99 други беа повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар во североисточен Авганистан.

Најмалку седум ученици загинаа во експлозија во близина на училиште во Авганистан (ВИДЕО)

Седум ученици загинаа, а уште 99 други беа повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар во североисточен Авганистан, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Талибанците, Абдул Матин Кани, објави Ројтерс.

Експлозијата се случила на периферијата на Асадабад, главниот град на покраината што граничи со Пакистан.

Сомневање за небрежност

Сами ул Хак Бајан, раководител на покраинскиот оддел за култура и информации, рече дека првичните наоди укажуваат дека експлозијата е предизвикана од небрежност во магацин со експлозиви што им припаѓаат на рударски компании.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа автомобили што превезуваат повредени деца до одделот за итни случаи на болница во Асадабад. Снимките, исто така, покажаа тешко оштетена училишна зграда, од која дел се срушил, објави Асошиејтед Прес.

Според Бајан, до 15 од повредените се лекуваат во болница, додека другите се пуштени на домашно лекување откако добиле медицинска помош.

Рударството е важна економска гранка во Авганистан

Авганистан е богат со природни ресурси, вклучувајќи железна руда, бакар, олово, цинк, злато, јаглен и скапоцени камења. Сепак, рударските компании често работат со ниски безбедносни стандарди, што доведува до несреќи.

Во покраината Кунар, експлоатацијата на скапоцени камења, кои рударските компании потоа ги продаваат на аукции, е во пораст во последните години.

Авганистанските власти започнаа истрага за околностите на експлозијата и најавија објавување на дополнителни информации по нејзиното завршување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер