Турција: Поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе - Канал 5

Турција: Поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе

Повеќе од 50.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари што избија во провинциите Измир и Маниса, западна Турција и Хатај во југоисточниот дел на земјата, соопшти денеска турската Агенција за вонредни ситуации.

Турција: Поради шумските пожари евакуирани над 50.000 луѓе

- Над 50.000 граѓани од 41 место привремено се дислоцирани во безбедни подрачја, објави Агенцијата за вонредни ситуации на платформата Икс.

Најпогоден е округот Сеферихисар во провинцијата Измир, каде гори од вчера. Вкупно 42.300 луѓе се евакуирани од шест локалитети во Сеферихисар, додека 2.936 и 1.500 луѓе беа преместени од окрузите Маниса и Хатај, соопшти Агенцијата, додавајќи дека 79 лица беа накратко хоспитализирани.

Во окрузите Измир, пожарот оштети 132 куќи и една деловна зграда, додека во Билеџик погодени се 64 куќи, три деловни згради и 20 амбари.

Гаснењето на огнот продолжи утрово во окрузите Измир и Маниса, а денеска изби шумски пожар во близина на центарот на градот Хатај, што предизвика паника кај населението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му го честиташе Денот на независноста на украинскиот народ по повод 35-годишнината од овој настан, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. 

Лукашенко им честита на Украинците за Денот на независноста: „Ви посакувам мир и среќа “

„Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите нации се поврзани со вековни традиции и со сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се вели во честитката.

Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките превирања, идните генерации Белоруси и Украинци ќе ги зачуваат своите вековни врски на пријателство и сродство, како и дека Минск и Киев ќе ја обноват заемно корисната соработка заснована на принципите на доверба, почит и рамноправност.

„Гостопримлива Белорусија е секогаш отворена за секој Украинец што доаѓа со добри намери“, нагласи Александар Лукашенко. Тој им посака на сите граѓани на Украина „здравје и просперитет“, а на земјата – „мир и среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери

На 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷].

Јанчев: Се е подготвено за Тиквешки гроздобер 2026, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери

МУЗИЧКАТА ПРОГРАМА НА ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026 [🎶]

На 4, 5 и 6 септември, Кавадарци ќе биде домаќин на три големи музички вечери, во рамки на најголемата гроздоберска прослава во Тиквешијата [🍷]

Внимателно подготвена музичка програма, врвни изведувачи и атмосфера која ја претвора традицијата во незаборавно доживување.

[📅] 4 • 5 • 6 СЕПТЕМВРИ

[📍] КАВАДАРЦИ

[🍇] ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2026

Тиквешијата слави. Кавадарци ве очекува! [🎤] [🍷], стои во објавата на Фејсбук на градоначалникот на Кавадарци, Митко јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста.

Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.

Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер