ТехнологијаТурција планира да стане вселенска сила и во рок од пет години да прати летало на Месечината Турција има намера да испрати ровер на Месечината до крајот на оваа деценија користејќи домашен ракетен мотор, кој треба да се тестира во 2023 година на пробен лет кон Месечината.Претседателот на Турската вселенска агенција (ТУА) Сердар Хусеин Јилдирим во вторникот во Санкт Петербург на Глобалната конференција за истражување на вселената (ГЛЕКС) 2021 , зборуваше за плановите за нивната вселенска програма. Роверот, според Јилдирим, треба да биде лансиран во 2028 или 2029 година, да слета на Месечината и да спроведе истражување на површината, пишува Space.com. Ракетата што ќе го донесе роверот на Месечината треба да биде од домашно производство, односно ќе има мотор кој во моментов се развива во Турција. Со цел властите да ја осигурат исправноста на моторот, тие ќе испратат прототип на ракетата на Месечината на крајот на 2023 година, доколку сè оди според планот. "Имаме намера да стигнеме до Месечината со сопствен мотор. Но, во првата фаза, со меѓународна соработка, ќе го донесеме леталото во ниската орбита на Земјата", рече Јилдирим. Според турската новинска агенција Анадолија, мисијата 2023 година ќе изврши тврдо слетување, што ќе им овозможи на турските инженери да соберат податоци за успешно спроведување на мекото слетување кон крајот на 2020-тите. Тврдото слетување се однесува на слетување на површината, што предизвикува значителна штета на леталото и што често резултира со губење на контактот. Овој тип на слетување може да биде намерен или планиран, но може да биде и неуспешен обид за меко слетување. Турција, исто така, планира да испрати 30 астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS) во наредните години за таму да спроведат научни експерименти. Националната вселенска програма на Турција, предвидува воспоставување на локален турски вселенски космодром и развој на домашен регионален систем за позиционирање на сателити. Сè уште не е познато колкав дел од буџетот ќе биде наменет за вселенската програма. Во случај успешно да испрати летало на Месечината, Турција ќе се приклучи на ексклузивниот клуб од само неколку земји кои успеале да испратат ракета на Месечината. Турција ја основала својата вселенска агенција во 2018 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter