Турција нарачала оружје од Русија во вредност од милијарда долари

Директорот на Федералната служба на Русија за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугајев, изјави денеска дека Турција нарачала оружје во вредност од милијарда долари.

„Можеме да кажеме дека вредноста на нарачката на Турција е една милијарда долари“, изјави Шугајев во интервју за турската телевизија Екотурк.

Шугајев исто така рече дека преговорите за втората серија на С-400 со Турција се во напредна фаза и дека Москва очекува конечен одговор на Анкара.

„Имајќи ги предвид ограничувањата, воведени како резултат на пандемијата, не може да се прават прогнози за роковите за склучување на тој договор. Сепак, разговорите за испорака на втората серија на С-400 се во напредна фаза и ние чекаме конечен одговор од Турција“, рече Шугајев.

Тој ја најави и соработката на двете држави во развојот на системите за воздушна одбрана и опрема за авијација. „Верувам дека потенцијалот за соработка не е исцрпен.“, рече Шугајев.

Турција е меѓу петте најголеми увозници на руско оружје, врз основа на набавките направени во текот на изминатата година. Во текот на 2019 година, склучени биле договори во вредност од 17 милијарди долари.

Најголемите увозници на руско оружје, покрај Турција, сега се и Индија, Кина и Египет.

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

притисни ентер