Турчинката Румејса е највисоката жена на светот (ВИДЕО) - Канал 5

Турчинката Румејса е највисоката жена на светот (ВИДЕО)

Турчинката Румејса Гелги влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисока жива жена на светот. Таа е висока 215 сантиметри, објавено е на официјалната веб -страница на Гинис.

Турчинката Румејса е највисоката жена на светот (ВИДЕО)

Румејса повторно била измерена оваа година, откако беше прогласена за највисока тинејџерка во 2014 година, кога имала 18 години.

YouTube video

Нејзината абнормална височина е резултат на синдромот на Вевер, исклучително ретка состојба која, меѓу другите абнормалности, предизвикува забрзан раст.

Румејса најчесто користи инвалидска количка, но може да се движи кратко користејќи шетач.

Од 2014 година, Румејса смета дека е важно да ја искористи својата платформа за да ги едуцира другите за ретките медицински состојби како нејзината. Таа вели дека нејзината висина ги интригира луѓето кога ќе поминат покрај неа на улица, но повеќето луѓе се љубезни и ја поддржуваат кога првпат ќе ја сретнат.

Инаку, Румејса се занимава со програмирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Локалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.

ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во Росоман

Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина.

Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија.

За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината.

Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен.

Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година.

Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации.

Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер