Тухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“ - Канал 5

Тухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“

Германецот Томас Тухел очекува да остане селектор на Англија и покрај болниот пораз од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.

Тухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“

По поразот, Тухел се соочи со лавина критики од навивачите поради крајно пасивната игра на неговиот тим откако го постигнаа голот. Податокот дека Аргентинците имале 88% посед на топката од моментот кога примиле гол па сѐ до крајот на феноменалниот натпревар, претставува уште еден – а можеби и највпечатлив – показател за срамниот дефанзивен пристап на Англичаните во поголемиот дел од второто полувреме.

Англичаните не го остварија својот долгогодишен сон: останаа без толку посакуваниот пласман во финалето, во кое последен пат игра пред цели 60 години во далечната 1966 година.

Но, Тухел не е загрижен за својата позиција – тој вели дека ја има поддршката од Федерацијата и дека ќе го испочитува договорот што истекува во 2028 година, кога Англија ќе биде еден од коорганизаторите на Европското првенство. „Продолжуваме со договорот до Европското првенство. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се гледа толку далеку во иднината. Многу големи фудбалски нации беа елиминирани пред полуфиналето, така што она што го постигнавме е навистина успех. Никој не сака да го слушне тоа во овој момент, па ни јас, бидејќи бараме максимум од самите себе. Тоа едноставно е природата на натпреварувачкиот дух“, изјави Тухел.

За натпреварот против Аргентинците, тој изјави дека неговиот тим одиграл можеби најдобар натпревар на турнирот и дека не жали за одлуките што ги донел.

„Не жалам за ништо. Тимот го даде својот максимум и бевме многу, многу блиску. Сметам дека го заслуживме водството од 1:0. Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, можеби и најдобриот, со оглед на околностите. Тимот беше фантастичен. Едноставно не успеавме соодветно да го завршиме натпреварот. Разочарани сме. Бевме многу блиску, но станавме премногу пасивни откако поведовме. Му дозволивме премногу шанси на противникот и не успеавме да ја вратиме контролата врз топката. Од тој момент дозволивме многу нафрлувања, шанси и удари кон нашиот гол. Бевме блиску, но не успеавме да го задржиме тоа ниво на игра по нашиот гол“, рече Тухел, а потоа ги објасни измените што ги направил:

„Едноставно се обидувавме да им помогнеме на играчите. Примивме гол уште на самиот почеток. Одлучивме да преминеме на формација со петмина во одбраната бидејќи линиите на тимот беа премногу развлечени. Тие ги добиваа сите воздушни дуели и постојано упатуваа нафрлувања. Се разбира, одговорноста е кај тренерот. Ако работите не тргнат како што треба, лесно е да се каже дека тоа било грешка“, нагласи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор.

Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. 

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер