Трудо среде предизборен скандал – Се појавија уште три негови расистички фотографии (ВИДЕО)

Откако утрово беше објавена фотографија на премиерот на Канада маскиран во Аладин и со лице обоено во црно, се појавија уште расистички фотографии.

Трудо се извини поради првата фотографија , снимена на забава во 2001 и случајот ,,црно лице” . Но , се појави и фотографија со Трудо како средношколец , каде освен што има обоено црно лице , си ставил и перика.

По ова , медиумите најдоа уште една фотографија од деведесетите во ученичките денови на Трудо , каде освен лицето , ги обоил во црно и рацете и ставил афро перика. За само 12 часа , откриено е дека три пати Трудо се фотографирал како афроамериканец и ги навредил чувствата на оваа заедница во Канада и САД.

Сега веројатно треба да очекуваме ново извинување на Трудо за неговите средношколски костуми на маскенбали.

Но ,и без и со извинување, канадската опозиција го обвини за расизам , така што неговиот опонент од Конзервативната партија предизборно рече дека ,,шминкањето е дело на отворен потсмев и расизам”.

Блинкен. Да се санкционираат сите кои ја олеснуваат илегалната миграција

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повика вчера на регионалната конференција за миграција да се санкционираат оние кои ја олеснуваат „илегалната миграција“, осврнувајќи се на централната тема од претседателската кампања во САД.

„Новата политика за одбивање на барањата за визи е насочена кон луѓето кои свесно им овозможуваат превоз на оние кои се обидуваат илегално да влезат во Соединетите држави“, рече Блинкен во говорот пред министрите за надворешни работи и високи претставници на дваесетина земји кои ја потпишаа Декларацијата за миграција и заштита.

„Таа декларација нагласува дека нерегуларната миграција ги погодува сите наши земји и дека секој од нас има обврска да помогне. Ги поддржувам напорите на локалните власти кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да останат во својата земја, додаде Блинкен, потсетувајќи на „вистински историски предизвик“ за американскиот континент.

Американскиот државен секретар напомена дека во Никарагва пристигнуваат чартер летови со американски баратели на азил од Азија и Африка. Покрај тоа, тој нагласи дека Вашингтон во понеделникот најави „одбивање визи на лидерите на колумбиските компании кои ја олеснуваат илегалната имиграција“.

Нагласувајќи дека се преземаат значајни мерки за проширување на патеките за легална миграција како алтернатива на нерегуларната миграција, тој рече дека ги поддржува „напорите на локалните власти кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да останат во својата земја со решавање на длабоките причини поради кои луѓето одлучуваат да мигрираат“.

Секоја година, околу 2,8 милиони илегални мигранти влегуваат во САД.

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим

 Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години.

„Почина од старост и оштетување на органите, за што се лекуваше од 2022 година“, објави официјалната агенција КЦНА, а пренесе Би-Би-Си.

Ким Ки-нам беше водечки пропагандист на Северна Кореја со децении, служејќи му на владејачкото семејство долго време, каде што придонесе за изградбата на култот на личноста на севернокорејските диктатори.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун присуствуваше на неговиот погреб рано наутро и му оддаде почит на „ветеранот револуционер кој остана безгранично лојален“ на режимот, пренесе КЦНА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го спореди со шефот на пропагандата на нацистичка Германија Јозеф Гебелс.

Ким Ки-нам, кој немаше крвно сродство со владејачкото семејство, беше назначен за заменик директор на Одделот за пропаганда и агитација во Пјонгјанг во 1966 година, каде што тесно соработуваше со Ким Џонг-ил, претходникот и таткото на сегашниот лидер Ким Џонг-ун. Ким Ки-нам подоцна дојде и на чело на одделот.

Ким Ки-нам во 1970-тите бил назначен за шеф на државниот весник Родонг Синмун.

Тој со децении беше и главниот автор на политичките пароли на државата и имаше големо влијание врз нејзините медиумски и издавачки активности.

Ким Ки-нам се пензионираше во доцните 2010-ти, предавајќи ја својата улога на сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Јо-Џонг, но продолжи да се појавува на јавни настани.

САД ја прекинаа испораката на бомби за Израел поради најавената офанзива на Рафа

-Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми. Не донесовме конечна одлука дали таа пратка ќе биде испорачана, рече претставникот.

Американските власти минатата недела одложија пратка бомби за Израел, откако еврејската држава не одговори на „загриженоста“ на Вашингтон за најавената офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, изјави доцна синоќа неименуван високо позициониран американски функционер.

-Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми. Не донесовме конечна одлука дали таа пратка ќе биде испорачана, рече претставникот.

Одлуката била донесена затоа што Вашингтон се противи на голема офанзива што ја подготвуваат израелските војници во Рафа.

Вашингтон јасно стави до знаење дека не поддржува офанзива без кредибилен план за заштита на тамошните цивили.

Американскиот претседател Џо Бајден го повтори овој став пред два дена во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Израелските и американските официјални лица разговараа за алтернативите, дискусиите се во тек и сè уште не се целосно решени нашите грижи, додаде американскиот функционер.

Израелската армија вчераутро распореди тенкови во Рафа, ја презеде контролата на граничниот премин со Египет и затвори две главни пристапни точки за хуманитарна помош, мерка што САД ја сметаат за „неприфатлива“.

притисни ентер