Трошоците за производство на „iPhone“ никогаш не биле повисоки - Канал 5

Трошоците за производство на „iPhone“ никогаш не биле повисоки

„Nikkei Asia“ ги откри цените на компонентите за најновите модели на „iPhone“, а на листата се гледа дека нивната цена скокнала за 20% и е рекордна.

Трошоците за производство на „iPhone“ никогаш не биле повисоки

Така, истражувањето покажува дека производството на моделот „iPhone 14 Pro Max“ чини 501 долар, што претставува големо зголемување во однос на 461 долар колку што чинеше производството на неговиот претходник.

Најголема причина за ова зголемување на производната цена е чипсетот „A16 Bionic“, бидејќи само тој чини 110 долари. „A16 Bionic“ чини 2,4 пати повеќе од чипот „A15“, кој се наоѓа во моделите „iPhone 14“ и „iPhone 14 Plus“.

Друга причина за поскапувањето е новиот „Sony CMOS“ сензор, кој е до 30% поголем, но и 50 отсто поскап и сега чини 15 долари.

Компонентите за „iPhone 14“, од компании со седиште во САД, сочинуваат речиси една третина од сите делови и се за околу 10 проценти поскапи отколку во 2021 година. „Apple“ е во предност бидејќи во голема мера развива сопствени производи, како што се чиповите.

Јужна Кореја е, по САД, вториот најголем снабдувач на компоненти за мобилни телефони, додека уделот на Кина во ова поле дополнително се намали бидејќи „Apple“ се обидува да ја ограничи својата зависност од азискиот пазар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Евростат повторно објави податоци.

СДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидери

Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра.

Словенија е со 1.482 евра.

Македонија?

624 евра бруто, односно околу 421 евро нето.

Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора.

Ние сме на долниот дел од листата.

Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија…

Граѓаните не живеат од проценти.

Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот.

И таму статистиката е јасна: празно.

Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек.

Минималната плата останува меѓу најниските во Европа.

Цените растат.

Инвестициите паднаа.

Младите си одат.

Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт.

А она што самите го допреа, најчесто го упропастија.

Или само се фотографираат.

Оваа власт е неспособна да создаде подобро.

Способна е само за тендери, за криминал и за корупција.

Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго.

Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат.

Тие тоа го гледаат секој ден.

И тоа е единствената статистика што важи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста.

Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем.

Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје.

Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед.

Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во Македонија

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.

МЗ: Епидемиолошка состојба со вирусот Западен Нил во Македонија

Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани.

Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.

Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес.

Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците.

Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножувањ

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер