3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ТехнологијаТројцата кинески астронаути се вратија на Земјата, 6 месеци ја градеа новата вселенска станицаТројца кинески астронаути слетаа денеска во пустината Гоби по шест месеци работа на изградбата на вселенската станица Тиангонг, јави денеска централната државна телевизија.Капсулата во која се наоѓаа командантот Чен Донг и астронаутите Лиу Јанг и Каи Ксуже слета во пустината во северна Кина околу 20:00 часот (12:10 GMT). Тројцата астронаути беа дел од мисијата што се лансираше во вселената во капсулата Шенжу 14 во јуни за да додадат два модула на вселенската станица. Тиангонг (Небеска палата) е дел од официјалните планови на Кина за постојано човечко присуство во орбитата. Во 2003 година, Кина стана третата земја која самостојно лансираше астронаут во вселената, по поранешниот Советски Сојуз и САД. Тиангонг е третата кинеска вселенска станица. Претходните беа лансирани во 2011 и 2016 година. Новиот екипаж од тројца други кинески астронаути отиде во вселената во вторникот за да ја изврши последната фаза од изградбата на Тиангонг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен БулеварГрадежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар напредуваат според предвидената динамика, а со секој нов чекор проектот се приближува до својата завршница.Со завршувањето на кружниот тек ќе се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот, ќе се намалат застојите и ќе се овозможи побезбедно и поефикасно движење за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме посветено да реализираме проекти што носат трајни придобивки за граѓаните, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна македонска економијаЗелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна македонска економија – одржливоста повеќе не е избор, туку предуслов за успех.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации. Во своето обраќање министерката порача дека одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании. „Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како дополнителен трошок. Денес таа е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека Министерството ја поставува зелената транзиција како двигател на економскиот развој, создавајќи стабилна, транспарентна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно. „Нашата задача е да создадеме услови во кои зелената транзиција нема да биде товар за стопанството, туку негова најголема развојна можност. Затоа носиме модерни закони, ја поедноставуваме регулативата и обезбедуваме конкретна финансиска поддршка за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“, рече министерката. Во своето излагање Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со европското законодавство, додека Законот за обновливи извори на енергија, претставува една од најзначајните енергетски реформи во последните децении. Осврнувајќи се на развојот на обновливите извори, Божиновска истакна дека Министерството воспоставува нов, транспарентен систем за планирање на инвестициите во електроенергетската мрежа, со јасни правила што ќе обезбедат стабилност на системот и сигурност за инвеститорите. „Сакаме компаниите да бидат активни учесници во новата енергетска економија, не само потрошувачи. Нашата цел е да создадеме услови секој што инвестира во сопствено производство на енергија, складирање и модерни технологии да стане дел од енергетската трансформација на државата“, нагласи Божиновска. Таа додаде дека Министерството паралелно инвестира и во модернизација на електроенергетската инфраструктура, дигитализација на системот и поедноставување на процедурите за компаниите, со што ќе се забрза интеграцијата на новите капацитети за производство на електрична енергија. На крајот од своето обраќање министерката испрати јасна порака до бизнис заедницата. „ Намалувањето на емисиите, енергетската ефикасност и декарбонизацијата не се само исполнување на европските стандарди – тие се најпаметната деловна одлука за секоја компанија што сака да биде конкурентна и успешна на долг рок. Министерството ќе продолжи да биде силен партнер на стопанството во овој процес“, порача министерката Сања Божиновска. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеДве лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook