Тројца поединци и три организации ги добија годишните награди на УСАИД за младинско учество

Тројца поединци и три организации ги добија годишните награди за младинско учество во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество кои се доделуваат за проекти со кои тие ги подобриле своите заедници во 2018 година.

Наградени се Тијана Спасовска – за работа на социјална инклузија, за едукација на граѓаните за важноста на почитувањето на лицата со попреченост, Блаже Јосифовски – за иновативни и одржливи решенија за управување и редистрибуција на вишокот храна и Виктор Гилев – за придонес кон грасрут-иницијативите кои решаваат прашања од јавен интерес.

Во категоријата младински граѓански организации награди добија Здружението „Младите можат", Здружението за дислексија „Ајнштајн" и Здружението МЕЛЕЕМ.

Проектот на УСАИД им доделува неповратна финансиска помош од 1.500 долари на индивидуалните млади и 3.000 долари на младинските организации. Наградите им ги додели Гречен Биркл, в.д. претстваник на мисијата на УСАИД во земјава, која истакна дека активното граѓанско општество е во сржта на секоја функционална демократија.

-Поддршката на американската влада за граѓанското општество е непоколеблива. Ние продолжуваме да соработуваме со граѓанските организации во Северна Македонија. УСАИД силно го поддржува активното учество на младите луѓе во општеството, и со овие награди, ние ја признаваме инспиративната работа на младите луѓе и младинските организации, рече Биркл на третата година на доделување на наградите за младинско учество на УСАИД која ја добиваат млади лица од 18 до 29 години и граѓански организации.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишна иницијатива чија цел е да го зајакне капацитетот на граѓанскиот сектор и младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобрат јавните услуги, да се промовира добро владеење и да се придонесе за подигање на стандардот на живеење.

Мартин Милошевски од Националниот младински совет на Македонија, со кој УСАИД го организираше денешниот настан, изјави дека добитниците на грантовите се наградени за нивниот ангажман, визија, енергија и мотивација да го подобрат општеството.

-Тие заслужуваат поголема видливост, препознаеност и поддршка од нашето општество и да им помогнеме да ја реализираат нивната визија и мисија која е насочена Македонија да биде подобро место за живеење и младите да имаат повеќе можности за развој, истакна Милошевски.

Годинава доминираат проекти од Скопје, за разлика од минатите две години кога, како што рече, имале поголема географска застапеност. –Ги охрабруваме граѓаните од другите градови на Македонија да ги препознаат и номинираат млади. Уште две години ќе доделуваме награди и очекуваме дека повторно ќе имаме поголем број млади и младински организации кои се надвор од Скопје, додаде Милошевски. /МИА.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

Ахмети: Да се почитува волјата на народот

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес конференција во Мала Речица рече дека резултатите од изборите се легитимни и доколку има неправилности , за тоа ќе се произнесе ДИК .

Ахмети ја одржа прес конференцијата во славеничка атмосфера.

притисни ентер