СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
2СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЗдравјеТројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска трескаДодека тројца се борат за живот, нови тројца скопјани со воспаление на мозокот се примени на Инфективна клиника и се суспектни дека се заразени со „западен нил“ откако биле каснати од домашен комарец. Ниту еден од новохоспитализираните не патувал надвор од Македонија, па се смета дека се заразени дома. За нив иако постои голем сомнеж дека се заразени, се уште се чека лабораториска потврда. Тие се во стабилна здравствена состојба и сите имаат коморбидитети, или хронични состојби, потврдува за Канал 5 Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Досега поголем дел од случаите се од Драчево, но има и од Аеродром, Гази Баба, Илинден и Сопиште поради што надлежните спроведуваат и поединечни мерки со прскање од терен и на живеалиштата на потврдените случаи во радиус од 200 метри. Сите дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и имаат по неколку хронични заболувања што е ризик фактор за да ја имаат тешката форма на западно нилска треска и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост и заштита од убоди. Според податоците на надлежните, годинава досега има околу 20 пациенти со болести што ги пренесуваат заразени комарци – најмногу 13 - се со западно нилска треска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСмени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од МакедонијаСе отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица. Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата.. „По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК. Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор. Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата. Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата. Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор. Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија. Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса. Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“. Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“. После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат. Дали е потребно дополнително објаснување? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна Лотарија“Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во Лотарија.Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во лотарија од 2017 до 2024 година, за време на денешното рочиште за милионски злоупотреби во Државна лотарија. Според Ајданов, разговори за набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија имало и уште пред Перпарим Бајрами да биде директор на ова друштво, но рече и дека како што памети, таква одлука на управниот одбор сепак не била донесена. -Колку што мене ми е познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за оваа набавка. Дека ВЛТ апарати треба да се набават, во претпријатието се зборуваше и пред Перпарим да биде директор, но неговата претходничка сепак изразуваше резерва по тоа прашање,- - сведок Христа Ајданов. Одбраната на првообвинетиот пак, Перпарим Бајрами, тврди дека сведокот изразил сомнеж за набавката на ВЛТ апарати, не бил дециден дека управниот одбор нема донесено таква одлука, но потенцира и дека на крај, независно од неговото сведочење, управниот одбор донел одлуки за јавни набавки на ВЛТ апарати. -Сведокот и рече дека не е сигурен и не се сеќава дека таква одлука и матријали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така, планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот. Токму набавката на ВЛТ апаратите е предмет на обвинение во овој случај, каде покрај Бајрами, второобвинет е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна излезе од куќен притвор. Случајот со сомнителни набавки на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра со испитување на сведоци на обвинителството ќе продолжи на 30 октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22