Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и Филипче
1Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и Филипче
Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
СветТројца мртви во пожар во болница во Хамбург, над 50 се повредениТри лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија денеска официјални лица.Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 потешко, изјави портпаролот на противпожарната служба за ДПА. Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта, пред да се прошири на првиот кат. Пожарот наводно избувнал во геријатриското одделение на болницата, што е специјализирано за нега на постари пациенти. Причината за пожарот е непозната, како и обемот на штетата. -Пожарникарите спасуваа луѓе низ прозорците. Во спасувањето учествуваа околу 160 спасувачи. Пожарот е изгаснат, а делови од зградата се евакуирани, изјави портпаролот. Болницата има околу 600 кревети и лекува приближно 93.000 пациенти секоја година.Тагови: пожар Хамбург Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМилошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и ФилипчеВето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ.Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од "францускиот предлог". За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија "Preparing for a wider Union", каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање. Ваквата методологија на одлучување во комбинација со Декларацијата која официјална Софија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 со нагласување дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не може да се толкува како негово признавање од страна на Бугарија, е доволна и за политички аматер да може да погоди која ќе биде земјата која ќе стави вето за впишување на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ, при евентуална можност за зачленување во Унијата. За жал, тоа се "плодовите" од сервилните потписи на владата на СДСМ и ДУИ ставени на Договорот за добрососедство од август 2017, како и на вториот протокол и анекс на Договорот од јули 2022 година. Евтините потписи на Заев и Бујар Османи, скапо ќе ја чинат Македонија и ќе бидат постојан ризик за официјалната промоција на македонскиот јазик во рамките на ЕУ. Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, според досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец. Затоа, кога станува збор за идентитетските прашања и македонскиот јазик, важно е да се знае реалноста, а тоа е дека со ниту еден документ досега не е потврдено, уште помалку загарантирано дека македонскиот јазик би добил едногласна одлука за да биде впишан како еден од службените јазици на ЕУ при евентуалното членство во сојузот. Од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада. И на крај во контекст на оваа тема, добро е да се напомене дека во моментов во Брисел се водат преговори дали да во подготвувањето на нацрт пристапниот Договор за евентуалното членство на Црна Гора во ЕУ да се впише и црногорскиот јазик како нов службен јазик на Унијата. Без да се прејудицира исходот, засега дипломатски може да се рече дека за оваа тема кај најмалку една земја членка постојат лингвистички дилеми. Дилемата пак за буџетските трошоци и логистиката за превод во секоја ЕУ институција на уште еден нов официјален јазик е дополнително присутна кај уште 2-3 членки. Но, за неколку месеци ќе има и појасна слика за оваа тема, како и за политичката клима дали во ЕУ постои едногласност за нови официјални јазици. Компаративно, без разлика на нивните историски спорови и конфликти, сепак рационалноста на Шпанија и Португалија, на Германија и Полска, како и разумноста на Данска и Шведска, за жал, сеуште се далечни стандарди во споредба со (не)прагматичноста на Бугарија во односот кон Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураПочнува 45. Скопски џез фестивал Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).По Каучич, концерт ќе одржи тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, предводник на квинтетот со меѓународен состав – Quispel Quintet. За отворањето на 45. Скопски џез-фестивал, Скорупа е ангажиран да компонира ново музичко дело, при што својот базичен петочлен ансамбл ќе го прошири со тројца македонски музичари (Божидар Пеиќ – виолончело, Бојан Талевски – виола и Ѓорѓи Петрушевски – обоа) и заедно ќе настапат како октет (Quispel Octet). Полноќниот термин е резервиран за италијанско-американското дуо, вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, кој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез. Утре настапува норвешкото дуо Еивинд Орсет (гитара, електроника) и Јан Банг (лајв семплинг), од Исланд доаѓаат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс, а полноќниот концерт е посветен на музичкиот фестивал Punkt во градот Кристијансанд и ќе гостуваат неговите основоположници, Норвежаните Јан Банг и Ерик Хоноре. Вечерта на 17 октомври ќе биде отворена со концерт на македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска и нејзиниот проект Lullaby for Lunatics, а од 22 часот е настапот на јужноафриканскиот композитор и пијанист Ндудузо Махатини, кој подолго време снима за Blue Note. На полноќ на малата сцена во НОБ ќе гостуваат британскиот композитор, пијанист и органист Александар Хокинс и шведската вокалистика родена во Етиопија – Софија Јернберг, со нивниот заеднички проект Musho. Последната фестивалска вечер, на 18 октомври, пред публиката ќе биде бразилско-американското трио „Сао Пауло андерграунд“ (Sаo Paulo Underground), кое, како што велат од СЏФ, ги редефинира можностите на електроaкустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција. Фестивалот ќе биде затворен со концерт на квинтетот Living Being предводен од францускиот хармоникаш Винсент Пеирани. Полноќен концерт нема да има. Годинава на СЏФ учествуваат рекорден број изведувачи од тринаесет земји. Во четирите фестивалски дена на програмата се вкупно осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како во минатите години, ќе се одржуваат на специјално подготвената мала сцена во НОБ. Традиционално и оваа година, Скопскиот џез фестивал го избра најдобриот македонски џез музичар за 2026 година – кларинетистот и саксофонист Нинослав Спировски.Тагови: Скопски џез фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студентиПремиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше оштетена од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации. „До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама. Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook