На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
1На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ФудбалТројца фудбалери на Гостивар и член на стручниот штаб приведени во СтругаДуелот меѓу Струга и Гостивар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига кој заврши без победник 1-1 имал и „трето полувреме“ По последниот судсики свиреж се случи и инцидент меѓу фудбалерите на двете екипи пред влезот во соблекувалните, инцидент поради кој морала да интервенира и полицијата. Фудбалскиот клуб Гостивар во неделата доцна навечер соопшти дека полицијата во Струга привела тројца нивни фудбалери и еден член на стручниот штаб. „Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга и пет часа беа на распит. Не смеат да контактираат ниту со соиграчите, ниту со нивните роднини. Раководството и нашиот спортски директор со часови чекаат пред станицата со надеж дека ќе добијат каква било информација“, се вели во соопштението на ФК Гостивар. Сега се очекува Фудбалската федерација на Македонија и надлежните институции да реагираат и да поведат постапка за расветлување на инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаНа покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам. Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски предложи нов премиер на УкраинаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го предложи шефот на државната енергетска компанија „Нафтогас“ за нов премиер, пренесува германската агенција ДПА. Парламентот ја доби номинацијата за Серхиј Корецки, соопшти претседателот на ова тело, Руслан Стефанчук, на социјалната мрежа Фејсбук. Стефанчук не соопшти кога Врховната рада ќе гласа за неговото потврдување, но се очекува гласањето да се одржи уште во четврток, пренесува ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реорганизира владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокадаСАД го напаѓа Иран петти ден по ред, насочувајќи се кон крајбрежната одбрана и ракетни бази откако повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран сака да се смири и дека наскоро ќе биде поразен.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook