Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ - Канал 5

Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ

Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ- Перспективи за Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“.

Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб – Скопје денеска во МАНУ организираат тркалезна маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“.

Оваа тркалезна маса, информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ќе биде значаен форум за унапредување на значајни дискусии за перспективите на Македонија и другите земји-кандидатки во рамките на проширувањето на ЕУ.

Воведни и поздравни обраќања на настанот ќе имаат академик Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, Орхан Муртезани, министер за европски прашања, амбасадорот во пензија Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, Никола Поповски, декан на ЕЦПД РИДС Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН

Како што информираат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, тркалезната маса има за цел да се осврне на моменталната геополитичка клима и начинот на кој таа ја обликува политиката на проширување на ЕУ. На тркалезната маса се очекува да се дискутира за поместувањето во динамиката на промените на глобалната моќ и како тоа би можело да го трансформира процесот на интеграција во ЕУ. Со оглед дека ЕУ го нагласува проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет, ќе бидат разгледани импликациите од овој наратив во реалниот свет, особено за Македонија и другите земји-кандидатки во Западен Балкан.

- Тркалезната маса ќе биде структурирана во две сесии фокусирани на следниве критични теми: Сесија 1 - Значителното влијание на геополитичкиот пејзаж, вклучувајќи ги промените во САД и во надворешната политика на САД, регионалните конфликти и нестабилност, изгледите за завршување на војната во Украина, жариштата на Западен Балкан и растечкото влијание на силите кои не се членки на ЕУ, како што се Русија и Кина, врз политиката на проширување на ЕУ. Начинот на кој овие промени во динамиката на глобалната моќ веројатно ќе ја преобликуваат иднината на проширувањето на ЕУ. Влијанието на геостратешките промени врз меѓународната трговија и капиталните текови и проблемот со можностите за зголемување на глобалните и националните трошоци за одбрана. Геополитичките промени можат да влијаат и на миграциските текови во светот и на регионалните конфликти. - До кој степен наративот на ЕУ за проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет се пренесува во конкретни дејствија, особено во однос на Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан? - Како ЕУ може ефикасно да ги балансира амбициите за проширување со нејзините внатрешни предизвици, вклучувајќи ги одбранбените и безбедносните предизвици, двоумењето и спротивставувањето на земјите-членки на целиот процес, економските нееднаквости, проблемите со управувањето и растечкиот бран на европесимизам, посочуваат од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“.

На втората Сесија ќе се дискутира за тоа Колку се одржливи амбициите на ЕУ да ја преземе улогата на геополитички актер во сегашните околности? Кои се стратешките импликации од проширувањето за геополитичкото присуство, стабилноста и безбедноста на ЕУ во Европа, Геополитичкиот контекст на Македонија и регионот на Западен Балкан, како и значењето на интеграцијата во ЕУ за регионалната стабилност и развој и Стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ, моменталната состојба на преговорите за пристапување во ЕУ (вклучувајќи ги социо-политичките, економските, предизвиците за владеење на правото и соседските односи) и можните патишта за напредок. Дали пристапот на новата Европска комисија кон постепена интеграција може да послужи како одржливо транзициско решение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер