3ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари
КошаркаТриумф за МЗТ Скопје против ИгокеаКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа на гостински терен ја совлада Игокеа со 76:61 и со тоа ја прекинаа серијата од четири порази во регионалната АБА лига. Воедно за македонскиот шампион ова беше прва победа на туѓ терен и вкупно трета во деветте одиграни кола оваа сезона.Аеродромци одиграа одличен натпревар, пред се, во одбраната во кој што му дозволија на домашниот состав да даде само 61 поен. Конечно профункционира и играта во нападот што во комбинација со цврстата одбрана на МЗТ Скопје му донесе убедлив триумф. Најефикасни во победничкиот состав беа Дамјан Стојановски со 20 и Урош Лучиќ со 15 поени, Марко Симоновски имаше 12 реализации, додека Александар Цветковиќ постигна 10 поени и девет асистенции. МЗТ Скопје во Александровац играше без црногорскиот интернационалец Сеад Шеховиќ, кој поради болест и висока температура не беше во можност да настапи. Во тимот на Игокеа, Џонатан Џонс постигна 11 поени. И следниот дуел од Јадранската лига аеродромци го играат на гостински терен. Во сабота на 29 ноември гостуваат во Љубљана кај Унион Олимпија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСостојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСостојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравствоИако во текот во вчерашниот ден во Гостивар се регистрирани 84 нови прегледи, од Министерството за здравство уверуваат дека епидемиолошката состојба е стабилна. Според ресорното министерство во однос на бројките од пикот на епидемијата, новите податоци покажуваат дека епидемијата се смирува.. -Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи,велат од министерството.. Од кризниот штаб потсетуваат дека водата се уште не е за пиење, но очекуваат состојбата да биде ставена под контрола во текот на следната недела. -Секојдневните анализи покажуваат дека состојбата благо се подобрува, хиперхлорирањето продолжува понатаму но за жал во водата се уште се присутни бактерии кои што ја прават неподобна за пиење. Апелирам до граѓаните на Гостивар, да не ја користат за пиење ниту за готвење водата од градскиот водовод,- -Стојанче Ангелов, директор на дирекција за заштита и спасување. Опозицијата и денеска прозива на одговорност.. Според СДСМ, освен во Гостивар, водата не е исправна во над 50 населени места, а граѓаните, како што тврдат, добиваат, контрадикторни информации од надлежните. -Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење,- -Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека според микробиолошките анализи гостиварската вода не била за пиење, согласно законски утврдените критериуми, во пет наврати во периодот од 2020 до 2023-та година и прашаа зошто тогаш Филипче молчел.. Инаку, Забраната за пиење и употреба на водата во Гостивар се очекува да се укине кога три последователни анализи ќе го утврдат нејзиниот квалитет – посочуваат од Кризниот штаб. Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп: „Јапонија отсекогаш била добра кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор“ САД купуваат јапонски јени – прва таква интервенција по повеќе од една деценија.Претседателот Доналд Трамп во неделата го нарече овој потег „знак на пријателство“. На јапонскиот девизен пазар беше спроведена ретка билатерална акција со цел да се зајакне јенот, чија вредност во однос на доларот падна на најниското ниво во последните 40 години, пренесува Си-Ен-Ен. „Јенот е слаб и ним им беше потребна мала помош. Ние секогаш сме тука за Јапонија“, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер форс 1“. Трамп се огласи откако „Фајненшл тајмс“ во петокот објави дека Федералната резервна банка на Њујорк, во име на Министерството за финансии на САД, продава евра за јени. Весникот се повика на извори запознаени со ситуацијата. Исто така, вреди да се напомене дека Јапонија поседува најголемо количество американски државни обврзници, па затоа во интерес на Америка е јенот да остане стабилен. Трамп во неделата изјави дека поддршката за јенот би била „добра за светската економија“. Како примери за американски интервенции што им помогнале на други економии, тој ги наведе минатогодишниот пакет помош за Аргентина во вредност од 20 милијарди долари и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп рече дека САД исто така би имале финансиска корист од овој потег, но не објасни како. Претходно, Трамп ја опиша конзервативната јапонска премиерка Санае Такаичи како „прекрасна личност“. This is an all timer from Donald pic.twitter.com/9QTuNjnWQx — jbulltard (@jbulltard1) August 3, 2026 „Имаме добри односи со Јапонија. Тие отсекогаш биле многу добри кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор. Таму не беа добри“, се пошегува Трамп.Тагови: Доналд Трамп јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГраѓаните ја спасија Унгарија од колапс Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека граѓаните на Унгарија ја спасиле земјата од колапс благодарение на нивното дисциплинирано однесување во изминатите неколку дена.Токму затоа, како што додаде тој, Работната група за одбрана одлучи дека засега нема потреба да се воведуваат задолжителни ограничувања на потрошувачката на енергија за компаниите. Маѓар во најновата видео-порака на Фејсбук изјави дека станува збор само за моментална проценка и дека владата може да интервенира во секое време, пренесува „Маѓар немзет“. Според него, граѓаните, компаниите, локалните самоуправи и институциите во неделата заштедиле 700 мегавати електрична енергија – што одговара на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа „Пакш“ – а тоа привремено довело до благо покачување на нивото на водата поради намаленото пумпање. „Владата, заедно со експерти за енергетика и води, ги разгледа податоците за очекуваната потрошувачка за оваа недела, расположливите капацитети на домашните електрани, како и можностите за увоз и трговија. Не може да се воведе задолжително ограничување на потрошувачката за домаќинствата. Им благодарам на граѓаните за нивната солидарност. Владата очекува дека стотици големи компании-потрошувачи ќе се придржуваат кон доброволното намалување на потрошувачката“, изјави тој. Тој повторно упати апел до граѓаните да се обидат што е можно повеќе да ја намалат или прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Исто така, изјави дека постојано се бара решение за да се избегне целосно исклучување на електраната и дека во моментов се испитува можноста за задржување на водата надвор од електраната, но дека доколку нивото на водата се спушти за уште пет сантиметри, ќе мора да се исклучи и последната турбина. „Земјата доби уште еден или два дена, што би можело малку да ѝ помогне на електроенергетската мрежа во деновите на најголема потрошувачка. Ќе биде многу тешко, но заедно ќе го надминеме тоа“, рече Маџар и нагласи дека снабдувањето на населението со електрична енергија ќе се ограничува само во краен случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook