Трипуновски: Проневерени речиси 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на блиски лица.

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица.

Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари.

Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот.

Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен.

Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријатели.

Криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власт не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9 .000.000 денари од здружението.

Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема.Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото.

Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема.

Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното Обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ, и близок до Заев, Николовски и Спасовски?Или можеби дел од парите завршиле на „Илинденска" па затоа се молчи!?

Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното Обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението.

Прес-конференција на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело

Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Александар Николовски е избран за претседавач на Националното студентско тело со мандат од една година односно до април 2025.

На втората седница на ова тело одржана во саботата, тој е избран од присутните претседатели на студентски собранија на универзитетите „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип, Универзитет на Југоисточна Европа, Американски универзитет во Европа ФОН и Американ колеџ Скопје.

Целта на Националното студентско тело е да претставува највисока форма на обединување на универзитетските студентски собранија во државата кое ги застапува студентите.

На седницата беше претставена и кандидатурата на Николовски за претседавач со предлог акциски план која ќе стане дел од програмата за работа на ова тело.

Краткорочни цели во неговиот Акциски план, кои планира да ги реализира до крајот на мандатот, Николовски ги наведува: Националното студентско тело да добие правна форма и преку измена на Законот за високо образование, телото да биде официјален претставник на студентите и студентските права во земјата.

Во краткорочните цели се и: инкорпорирање на Декларацијата за придружување во Статутот на телото; на Резолуцијата во програмата на телото; на целите на Студентскиот манифест потпишан од пет универзитетски студентски собранија во програмата на телото и повик за придружување на останатите функционални универзитетски студентски собранија кон телото.

Исто така, Николовски планира ова тело да стане дел од Интеруниверзитетската конференција, планира зголемување на соработката и координацијата помеѓу универзитетските студентски собранија, подигнување на студентскиот активизам, а воедно и младинскиот; поддршка на работата на универзитетските студентски собранија и апликации за придружување кон НМСМ и кон Европската студентска унија.

Во долгорочните цели на претседавачот на Националното студентско тело се настојувањата, како што вели, „да се решат суштинските студентски проблеми и предизвици“, креирање можности преку инкорпорирање на целите на Резолуцијата и Студентскиот манифест, во соработка со надлежните институции.

Николовски во целите на долг рок ги посочува: бесплатно високо образование на јавните универзитети, подобрување на студентскиот стандард со итно носење на новиот Закон за младински стандард; зголемување на студентските права - измени во Законот за високо образование; квалитетно високо образование - во соработка со агенциите за акредитација и за евалуација, универзитетите и МОН; кариерни можности - соработка со Агензијата за вработување, МОН, центрите за кариера и бизнис-секторот.

Во долгорочните цели се и дигитализација, интернационализација и автономија. Процест на дигитализација ќе се остварува со „притисок за исполнување на целите на Националната стратегија за млади 2023 - 2027 во која е предвидена целосна дигитализација во високото образование“. За интернационализацијата предвидува изработка на стратегија за привлекување поголем број странски студенти, согласно праксата во регионот.

Во однос на автономијата, Николовски ќе се залага за „остварување реална кадровска и финансиска автономија на државните универзитети, поголема автономија за универзитетите и нивните единици во процесот на создавање студиски програми“.

притисни ентер