3Македонското еколошко друштво ќе биде домаќин на деветтата средба на „Еуролинкс“ – европска научна иницијатива за евроазискиот рис
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЖивотТринаесет годишно момче од САД починало поради ТикТок предизвик Тинејџер од Охајо, САД, трагично почина откако се предозирал со лекови за алергии што се продаваат без рецепт додека се обидувал да одговори на предизвик на TikTok.„Њујорк пост“ пишува дека 13-годишниот Џејкоб Стивенс учествувал во предизвикот Бенадрил, во кој учесниците земаат 12 до 14 антихистаминици, шест пати повеќе од препорачаната доза, за да предизвикаат халуцинации. Таткото на Џејкоб, Џастин, изјавил дека неговиот син минатиот викенд бил дома со пријателите кога се предозирал. На видеото кое го снимиле неговите пријатели, се гледа како тој ги пие таблетите, по што неговото тело почнало да се грчи. Џејкоб потоа бил итно пренесен во болница и ставен на респиратор. И покрај максималните напори на лекарите, момчето починало шест дена подоцна. „Тие рекоа дека можат да го држат на респиратор, тој можеше да лежи таму, но никогаш немаше да ги отвори очите, никогаш немаше да дише, да се насмее, да оди или да зборува“, рече уништениот татко, цитиран од „Њујорк пост“. Семејството на Џејкоб апелира до родителите да внимаваат што прават нивните деца на социјалните мрежи и да не ги користат без надзор. „Внимавајте што прават на нивните мобилни телефони. Разговарајте со нив за ситуацијата. Сакам сите да знаат за мојот син“, нагласи таткото, кој исто така бара од пратениците да постават старосни ограничувања за лековите што се издаваат без рецепт. За жал, Џејкоб не е првата жртва на предизвикот Бенадрил. Во август 2020 година, 15-годишно девојче се предозирало со лекот против алергија и починало. По серијата смртни случаи, производителот на лекот Џонсон и Џонсон предупредил дека предизвикот на ТикТок со Бенадрил е крајно загрижувачки, опасен и треба веднаш да се прекине.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикиниСрпската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста. Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура. Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСидни Свини и Мерилин Монро се родниниПровокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди? Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд. Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година. Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter