САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор
1САД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договор
Други спортовиТрикратната светска шампионка продава 18+ снимки за да заработи за настап на ЗОИ (ФОТО)Елиз Кристи е британска лизгачка во брзо лизгање, која отворила OnlyFans профил каде што ги продава своите 18+ фотографии и видеа за претплата од 11 долари месечно, за да собере пари потребни за патување на Зимски олимписки игри во 2026 година.Трикратната светска шампионка ги пропушти Олимписките игри во Пекинг во 2022 година поради повреда на лигаментите, по што најави повлекување. Таа го објави ова во интервју за Би-Би-Си, за неколку месеци подоцна да објави дека ќе се обиде да се натпреварува на следните Олимписки игри. Таа истакна дека патувањето до Милано и Кортина д’Ампецо ќе мора сама да го финансира, па направила план како да ги добие потребните пари. Таа веќе почнала да ги промовира своите OnlyFans снимки, а дала и неколку интервјуа во британските медиуми за да објасни зошто го отворила. Сепак, сите причини се сведуваат на една работа - пари. Да потсетиме, Кристи пред точно една година ја шокира Британија објавувајќи ја својата автобиографија во која призна дека била силувана и точно опишала како тоа се случило. Тогаш имала само 19 години, а денес 31-годишната девојка од Шкотска тренира за својата четврта Зимска Олимпијада. Во нејзината автобиографија наречена Resilience, таа посветила цело поглавје на силувањето што се случило во 2010 година, кога излегла со соиграч по враќањето од ЗОИ во Ванкувер во 2010 година. View this post on Instagram A post shared by E l i s e C h r i s t i e 🌼 (@elisechristielikescake) „Се сеќавам дека бев со соиграч. Купивме пијалок и по само неколку голтки еден дечко ми пријде и почна да разговара со мене. Не размислував премногу и го прифатив разговорот. Потоа тој ми понуди пијачка. Му кажав дека веќе имам една, но тој се врати со друг и рече: „Пробај го ова“. Испив неколку голтки, бев наивна. Дури не го испив целиот пијалок и веќе почнав да се чувствувам чудно. Беше околу 22 часот и не сакав да останам надвор чувствувајќи се така“, пишува Кристи, која нарачал такси, но мажот тргнал по неа и ја турнал во автомобилот. View this post on Instagram A post shared by E l i s e C h r i s t i e 🌼 (@elisechristielikescake) „Се чувствував чудно и моето тело не работеше како што треба. Се обидов да се оттргнам од него, но едноставно не можев колку и да се трудев. Секогаш кога ќе паднев на подот, тој трчаше по мене и ме влечеше. Тој заврши и ме стави во таксито. Нејасно се сеќавам дека го замолив таксистот да не нѐ носи до куќата на овој човек и да ме вози на мојата адреса. Во еден момент всушност бевме блиску до местото каде што живеев, а потоа врескав: Таму, мора да одиме таму, сврти.' Сепак, предаторот го убеди таксистот дека сум му девојка и дека сум само пијана, а тој нѐ одвезе до неговата куќа“. Кристи долго време молчела за тоа што се случило, но сега конечно решила да проговори преку книгата што ја објави. Таа навлегла во многу детали за да им го пренесе на читателите размерите на ужасот низ кој поминала. „Тогаш ми беше јасно дека ќе ме злоставува сексуално и цело време му викав: „Не!“, рацете ми лебдеа, не можев да станам. На крајот попуштив и се предадов“, пишува Кристи и заклучува: "Потоа се разбудив среде ноќ и заминав најбрзо што можев. Не го пријавив силувањето во полиција. Не знаев што да правам. Дефинитивно не сакав да ѝ кажам на мајка ми бидејќи знаев дека тоа ќе ја вознемири. На крајот, не бев силувана како што гледате во филмовите, не бев физички повредена, туку бев принудена да имам секс против моја волја“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
СветСАД и Иран ја завршија првата рунда преговори во Швајцарија, се согласиле за патоказ кон конечен договорПрвата рунда преговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши утрово со добар напредок во разговорите, соопштија посредниците, Катар и Пакистан.Во заедничката изјава, по 18 часовните преговори во Швајцарија, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена, а дека техничките разговори меѓу пониско рангираните функционери продолжуваат до крајот на неделата. Во соопштението се вели дека двете страни се согласиле да воспостават комуникациска линија за да се избегнат инциденти во Ормутскиот теснец, а дека на врвот на агендата е ставање крај на воените дејствија меѓу Израел и Хезболах, кои со денови го загрозуваат мировното решение. Оптимизмот во преговорите ја симнаа цената на нафтата од типот брент на 77 долари за барел, со што практично се добилижи до цената на нафтата пред почетокот на војната која тогаш изнесуваше 72 долари..Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЖештините го зголемија бројот на колапси и мозочни удариНајголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лицаЧекале автобус на автобуска постојка откако на пазарче испазариле овошје и зеленчук, но колабирале и со брза помош биле пренесени на Неврологија. Ова им се случило на неколкумина граѓани во последните 24 часа, кои се само дел од вкупно педесетина луѓе кои завршиле на ургентно одделение поради сериозни симтоми, дел и со мозочен удар, потврдуваат од Клиниката за неврологија. Зголемиот број на колапси и мозочни удари се должи на нездравиот начин на живот, а ризикот за луѓето кои се повозрасни и имаат хронични болести е доста поголем поради топлото време кое генерално влијае на општото здравје на сите, вели за Канал 5 Проф. д-р Иван Барбов, специјалист невролог. -Кога е жешко, организмот почнува да се обидува да се лади, настанува ширење на крвните садови на кожата, а поради ова, крвниот притисок паѓа. Кај сите пациенти кои имаат нормален или низок крвен притисок, тој уште повеќе се намалува. Кај пациентите со хронични заболувања кои имаат и покачен или висок притисок, жешкото време понекогаш кај нив предизвикува парадоксална реакција, покачување на притисокот, меѓутоа поопасни се ситуациите со намалување на крвиот притисок поради што пациентите знаат често да колабираат. Овој период мозочните удари ги имаме во поголем број од вообичаено навистина, сега бројот е зголемен бидејќи жешкото време делува и на другите хронични болести.- Проф. Д-р Иван Барбов - специјалист невролог И од службата за Итна медицинска помош бележат зголемен број на повици и во последното деноноќие имале 80 случаи, голем дел колапси и сообраќајки. Оттаму апелираат до граѓаните - кога ќе почуствувате жед веќе е доцна за спречување на дехидратација, затоа препораката е да се пие вода и кога не сте жедни. Најголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лица. Иако ризикот расте со возраста, мозочните удари сè почесто се регистрираат и кај помладата популација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема решение на повидок за 50-тината хонорарци во Детската клиникаМинистерката напомена дека Министерството не одбивало согласности за доктори и медицински персонал, а упати и прашање до директорот на клиниката.Министерството за финансии дало одобрение за вработување на 38 лица на неопределено време на Клиниката за детски болести, и не може да се одобруваат нови вработувања без да се води сметка за расположливите средства и потребите на останатите здравствени установи, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање за протестите на околу 50 вработени, кои тврдат дека работат без плата и дека се неопходни за функционирањето на клиниката. Министерката напомена дека Министерството не одбивало согласности за доктори и медицински персонал, а упати и прашање до директорот на клиниката, Реџеп Мемети, како е можно пет месеци луѓето без договор да одат на работа. -Минатата година кога се побарани согласности за договори на дело, во исто време е дадена согланост и за вработување на 38 лица. Не станува збор за доктори и медицински персонал, во однос на техничкиот персонал мора да се направи усгласување со расположливите срества. Буџетот на Детска клиника не го определува Министерството за финансии, туку фондот за здравство. - Гордана Димитриевска Кочовска- Министерка за финансии Од друга страна, директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди објаснува дека на договорците дури во април им било соопштено дека нема да им ги продолжат договорите за работа, иако уредно уште во декември минатата година било побарана согласност со уреден формулар преку Министерството за здравство. Повеќе детали најави на прес-конференија утре. -Не е точно дека од овие 50 договорци што протестираат сите се само технички персонал и администрација. Од нив 18 се медицински сестри, 4 лаборанти и еден биолог. Во однос на прашањето зошто доаѓале на работа иако имале истечени договори, ние не очекувавме дека нема да добиеме буџет за нивно продолжување, и сметавме дека како и на другите клиники, ќе им биде продолжен договорот а плати ќе добијат ретроградно. Сега овие луѓе веќе не доаѓаат на работа, а притисокот веќе се чувствува. Погодените вработени кои немаа примено ниту една плата од почетокот на годината, првиот поголем јавен револт го изразија со протест директно пред зградата на Министерството за финансии. Една недела подоцна, вработените масовно излегоа на протест пред Министерството за здравство, барајќи итна средба со министерот. Иако министерот за здравство ги прими вработените на средба, состанокот не донесе конкретно решение за нивниот неколкумесечен проблем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36