ТРИЕНО ПРИЛЕПСКО ГРАВЧЕ

Рецепт на: МАРИЈА ДИМОСКА. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки: 1 кг. грав, 1-2 главици кромид, 3 црвени пиперки и сол по вкус. ( по желба може да се стави и месо )

Постапка:

Во тенџере со вода се става 1 кг. грав да отстои една вечер.

Утредента водата се отстранува и се додава нова вода.

Во тенџерето се додаваaт 1-2 главици сечкан кромид и 3 црвени пиперки.

Гравот со состојките се вари околу 1 час.

Откако ќе се свари гравот, се црпи водата и се вадат пиперките.

Гравот се трие со дрвена лажица.

Истата постапка се повторува и со пиперките.

Водата и триените пиперки се враќаат во тенџерето со триениот грав и се зачинува со малку сол.

Тенџерето се поклопува со капак и се вари уште неколку минути.

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски попладнево беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе.

Заблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години. До тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе заминат од Македонија", подвлече Пендаровски.

Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.

„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател" затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши", подвлече Пендаровски.

На прашање од присутните во однос на обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од изборите, Пендаровски одговори дека нема потреба да бојкотира зошто ќе ги добие изборите.

Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.

„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав" одговори Пендаровски.

Во рамки на изборниот караван вечерва Пендаровски ќе одржи централен митинг во Велес, соопштувата од неговиот тим.

Гордана Силјановска-Давкова: Ајде да се сплотиме како калинката

Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. 

Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност! Особено треба да се сплотиме со дијаспората.

Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, се дикутирало за Балканот и за Македонското прашање. Еден од најпопуларните британски премиери, Вилијам Гледстоун го напишал писмото до Бајроновото друштво со наслов: „Зошто не Македонија на Македонците?“ Во писмото вели: Зошто не и на тој мал народ да си ја земе судбината во свои раце? Така ќе има гаранција за мирот“ Сега повторно, мора да си ја земеме судбината во свои раце!

Дали оваа власт ве прави горди? Дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја - кандидат ја немала? Дали сме горди кога за нас се поставуваат посебни услови? Дали сме горди кога сиромаштијата е најголема во Европа? Дали сме горди кога егзодусот на младите е неповратен? За жал, Валандово се празни. Затоа граѓаните треба како река на 24-ти април и на 8-ми мај да покажат дека тие се носителите на суверенитетот.

Македонија мора да биде горда, вие сте изворот на нејзината гордост!, рече Силјановска- Давкова, пренесе нејзиниот тим.

Гордана Сиљановска-Давкова на средба со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Валандово

Професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Во рамките на нејзината кампања, кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во неформална и пријатна се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Соговорниците имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици.

Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија, соопштуваат од тимот на Силјановска- Давкова.

притисни ентер