Тридецениска успешна приказна на „Кожувчанка“ - Канал 5

Тридецениска успешна приказна на „Кожувчанка“

Кожувчанка Кавадарци одбележа 30 години постоење. 

Тридецениска успешна приказна на „Кожувчанка“

Како што кажа градоначалникот на општина Кавадарци и сопстеник на компанијата, Митко Јанчев, годишно се произведуваат над 50 милиони литри вода само за македонски пазар, со што покриваат околу 45 проценти од потребите. Јанчев официјално го најави и новиот бренд природна изворска вода Аква Мила.

-Пред точно три децении моите покојни татко и чичко имале визија, многу љубов кон природата Кожуф. Тие ја поставија основата на она што сме ние денес. Денес минералната вода Кожувачнка слави 30 години како бренд. Се прозиведува и како функционална вода со два вкуса, а е прва на пазарот пакувана во линк. Изворската вода, пак, е најпродаваната изворска вода Македонија, полнета во еко-амбалажа и сега достигнува над 10 различни литражи.Капацитетот ќе се зголеми за уште над 30 милиони литри, што ќе не донесе до вкупно 105 милиони литри производство на вода на годишно ниво, изјави Митко Јанчев сопстеник на компанијата.

Компанијата добила дозвола и концесија во 1995, а со тоа е првата приватна минерална вода во Македонија. Десет години подоцна, Кожувчанка потпиша договор со германскиот бренд Синалко. Во 2008 година, пак, компанијата го промовира и го пушта во промет брендот на природната вода „Изворска“. Денес, компанијата брои 150 директно вработени лица, но уште поголем број индиректни соработници, а производите се извезуваат во Европа, Северна Америка и Австралија.

-Од скромен почеток на мојата фамилија со неколку вработени и еден производ со истото име, во овие 30 години изградивме повеќе брендови и преку 70 производи кои се присутни во секоја фамилија. Кожувчанка денес не е само домашен бренд. Нашите производи се присутни и на странските пазари, гордо носејќи го македонскиот квалитет и надвор од нашите граници. Со силна дистрибутивна мрежа и со фокус на постојано подобрување целиме кон уште пошироко меѓународно присуство.

Јанчев рече дека се разговара и со светски компании кои влегуваат на македонскиот пазар и очекува Кожувчанка да прерасне во бренд кој ќе има регионален извоз на вода. Заедно со Чупаркоска изразија благодарност до своите вработени, Стопанската комора и до партнерите од Синалко брендот, за кои велат дека се силните темели врз кои ја градат иднината на компанијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Владата ќе прифати предвремени избори ако има барање од „здружената опозиција“, изјави премиерот Мицкоски, но лидерот на СДСМ Филипче вели дека нема координација со ДУИ и Левица а доколку власта сака може и без нив да ги распише. 

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Темата за изборно соочување пред редовниот термин во 2028 останува со непроменети позиции, иако сите партии тврдат дека се подготвени да се одржат во секое време. Според премиерот фокусот на Владата сега е на испорачување на ветените проекти од претходните избори, за кои Филипче вели дека останале само на хартија.

„Тоа е наш приоритет, како да испорачаме повеќе за да имаме подобри услови за живот.Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада, остануваме посветени на тоа. Здружената опозиција Левица, ДУИ и СДСМ во парламентот можат да се соберат да поднесат инцијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

„Ние не сме здружена опозиција со ДУИ и со Левица, така како што сака тоа Христијан да го прикаже, единствената вистинска опозиција во државата е само СДСМ. / Избори доаѓаат после одреден временски период откако таа политичка структура која е на власт требало нешто да испорача. Што да испорачаа, ништо, а што ветија, сешто, се што ветија се излажаа. / Зошто му треба алиби од СДСМ кога има две третини во парламентот? Може кога сака да ги распише изборите. Избори ќе има кога ќе снема пари.“ -Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Филипче повтори дека ставот на СДСМ во однос на измена на изборниот законик останува ист. И покрај очекувањата на министерот за правда Шасивари дека се вратат и ќе учествуваат во работната група, лидерот на партијата кажа дека аргументите на СДСМ се јасни и најави дека може само да ги испрати писмено до правда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Еврокомесарката за проширување – Марта Кос утре од Стразбур ќе го претстави прегледот на новите предпристапни политики на Унијата. 

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Клучните предлози се однесуваат на ефективноста на процесот на проширување, но и промена во праксата на носење одлуки, што ја адресира и опасноста од т.н тројански коњи меѓу новите земји членки, посочува директорката на Институтот за европска политика – Симонида Кацарска.

Доколку земјите членки се согласат на принципот гласање со квалификувано мнозинство, тоа нема да донесе големи промени во оваа фаза на македонскиот евроинтегративен пат, но ќе има доколку се нарпраравт уставните измени и почне отворањето на кластерите – оценува Кацарска.

Дали земјите членки ќе го прифатат предлогот на Кос и дали тој ќе претрпи измени ќе се знае после стратешкиот состанок на Советот на ЕУ кон средината на месецов. Дополнително, утре од Кос се очекуваат и повеќе детали за патоказите за најуспешните земји кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

Ќе има можност за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија во четврток. 

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

По барањето за средба што ја иницираше македонската страна на предлог од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, бугарското МНР во изјава за бугарската државна агенција БТА остава отворена врата за ваква можност.

-На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот VIII, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи, Велислава Петрова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност за одржување на билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји, велат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски денеска повтори дека барањето за средба е испратено по добиениот совет од Фон дер Лајен при посетата на Скопје, и ги отфрли тврдењата дека има незадоволство од пораките на шефицата на ЕК. Изјавата, вели, била погрешно протолкувана. Очекува во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

-Јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон EУ, изјави Мицкоски.

Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, претседателката на ЕК јасно потврдила дека европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот, а власта, според него со манипулации ја држи државата во изолација и го кочи европскиот пат. Филипче кажа дека нема никави очекувања од евентуална среба меѓу министрите од двете страни.

-Што ќе прави Тимчо сега? Ќе клечи? Ќе витка кичма? Што ќе прави во Бугарија? Зошто треба да се оди во Бугарија кога ние имаме работа со Брисел на темата. Зошто сакаат да го билателаризираат прашањето кога не е така како што тие сакаат да го прикажат? Нека оди, тоа му е работа, прашањето е зошто не беше досега и што може да се очекува од таа средба? Јас ништо не очекувам. Затоа што се е изговор, овие луѓе не сакаат во ЕУ, изјави Филипче.

Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, кратко по изјавите на Чамова во кои го употреби терминот „северномакедонски“, но таа заврши без позначаен напредок и без поместување на позициите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер