Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
1Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
2Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација
3Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
КултураТрибина за младите автори на македонската книжевна сцена„Какво време донесе ветерот во македонската книжевна стварност?“Така беше насловена трибината што денеска ја организираше Културно-информативниот центар – Скопје, по повод 10 години од објавувањето на „Ветерот носи убаво време“ – антологија на најмладата македонска поезија и проза. Антологијата содржеше поетски и прозни творби на 35 млади автори, кои во 2012 имаа од 20 до 30 години и најголем дел произлезени од Филолошкиот факултет на УКИМ. Некои од нив беа дебитанти, а денес го освојуваат македонскиот книжевен простор. Трибината отвори повеќе прашања, меѓу кои и дали оттогаш се случила промена во рецепцијата на читателите за современата македонска книжевност и дали се појавија нови генерации со истиот творечки ентузијазам. Професорката Весна Мојсова-Чепишевска, која заедно со поетот Иван Антоновски пред една деценија ја приреди антологијата симболично именувана по стихозбирка на Ацо Шопов, истакна дека ја организирале трибината за да се види „дали дува некој нов ветер“ и дали „новата македонска книжевна пролет може да биде претставена преку нова антологија“. -Во таа 2012 успеваме на едно место да собереме една убава енергија и сега, по десет години, сакаме да видиме каде се тие 35 тогашни млади фиданки, како што ги викавме. Добар дел од нив добро се развиле и се етаблирани имиња, познати, преведувани, доста наградувани. Секако, некои од нив и се изгубија, отидоа во некои други води или, пак, пишувањето не им е единствена провокација или егзистенција. Некои од нив прераснаа во сериозни издавачки куќи и промотори на нови книжевни фестивали. Сега имаме пет-шест нови имиња, исто толку млади како што тогаш беа овие во антологијата и треба да видиме дали носи некој нов ветер оваа генерација, родени на крајот на 20-тиот, а го освојуваат 21 век. Можеби е време за некоја нова антологија, рече Мојсова-Чепишевска. Иван Антоновски, кој со неа ја приреди антологијата и беше застапен во изданието што пред десет години го објави „Матица македонска“, истакна дека со продорот на неговата генерација творци се случила нова развојна етапа на современата македонска литература – и во поезијата, и во прозата. -Пред десет години забележавме дека она што е заедничка точка за сите тие автори е насоченоста кон враќањето на јас и на стварноста во книжевниот текст односно напуштање на дотогашната задушеност од постмодернистичките техники… Со оваа развојна етапа се случи пресврт со тоа што македонскиот автор стана повидлив и за странската читателска публика – се случија нови преводи и присуство на македонската книжевност надвор од нашиот простор токму преку поетиката на овие автори како еден нов бран. Целта на таа антологија беше да придонесе во оформување на една книжевна сцена во вистинска смисла токму преку продорот на тие, тогаш нови и млади гласови. Покрај тоа, стоеше и идејата дека треба да се излезе од сенката на живите книжевни споменици, рече Антоновски. Според писателката Јулијана Величковска, која е меѓу 35-те автори во антологијата, многу нешта се поразлични денес на книжевната сцена кај нас во споредба од пред десет години кога, како што рече, беше „во поприлично лоша состојба угледот на македонскиот автор“. -Не само што сум дел од една генерација која сакаше да смени нешто на подобро и се активираше, некогаш дури и со инает и со глава во ѕид да ги подобри состојбите. Како некој кој имаше своја книжарница, знам колку ретко се купуваа книги од домашните автори. Како генерација и покрај тоа што самите се трудевме да ги подобриме нештата, имавме среќа да се најдеме во подобри околности – самиот факт што имавме пристап до интернет и што се отворија некои алтернативни простори на кои можеме да го покажеме тоа што го умееме, нашето творештво преку настани и читања, сето тоа придонесе да имаме една плодна генерација автори кои не се само писатели на свои лични трудови, туку дел од нив сме и преведувачи, издавачи и организатори на книжевни фестивали, изјави Величковска. Таа работи со млади автори, објавува нивни дела и, рече, особено е задоволна од нивниот ентузијазам и сериозниот пристап кон тоа што го работат. -За тоа сведочи и Скопскиот поетски фестивал што го организиравме пред неколку месеци, на кој имаше бројни млади луѓе – и учесници, и во публиката. Очекувам дека генерацијата што доаѓа по нас ќе направи многу повеќе од она што успеавме да го направиме ние, додаде Величковска. Жарко Кујунџиски истакна дека антологијата од 2012 од самиот почеток била добро пречекана и со серија промоции, а тоа што веќе долго време не може да се најде зборува колку била успешна и значајна. -Таа опфати генерација луѓе кои низ годините помал дел престанаа да создаваат, но поголем дел од нив формираа еден столб на македонската литература, ако не и повеќе од тоа, зашто дел од нив станаа интелектуалци, влијателни личности, луѓе кои се произнесуваат со свои ставови и размисли во медиумите на повеќе теми, истакна Кујунџиски. По десет години подоцна, рече, може да се согледа значјаноста на таа антологија, но и да се иницира некоја нова во која би биле опфатени генерацијата од следната декада. -Во овие десетина години мислам дека излегоа двојно повеќе автори, особено во поезијата, но и во прозата, и тој што би ја создавал таа антологија навистина би имал полни раце работа. Многу повеќе се демократизираше пазарот, се создадоа издавачки куќи кои се заинтересирани за македонска литература, што не беше така пред 10-15 години, има поголем број награди и сето тоа придонесе интересот и бројот на автори да се зголеми и да бидат сѐ помотивирани да создаваат, додаде Кујунџиски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаКлековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациенткитеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница - Штип.Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест. -Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во клиничката болница, новата лабораторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на одделот за неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа - истакна Клековски. Целта на мултидисциплинарниот кабинет за дојка е подобра координација меѓу специјалистите, за побрз и поквалитетен одговор на потребите на пациентките со болести на дојката. За овој месец е предвидено да се направат дополнителни 180 мамографии за време на викендите — за пократка листа и пократко чекање. Во Клиничката болница Штип се очекува и нов, современ мамограф — за поквалитетна услуга за пациентките од источниот дел на земјата.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинацијаОрганизатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. „Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ - истакна министерот Ристовски. ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина. „По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ - изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“. На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ. На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергијаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции. Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој. Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата. На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели. Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook