Трибина: „Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“

„Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“ е тема на трибината што во организација на Министерството за здравство ќе се одржи денеска во Скопје.

На трибината воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, пратеникот во Собранието на Република Македонија Мери Лазарова, претседател на Клубот на млади лекари Никола Брзанов и претседателот на Здружение на лекари специјализанти Билјана Додева.

Целта на оваа трибина е со инвестирање во младите лекари, да се задржат најдобрите кадри во земјава.

- Владата на Република Македонија и Министерството за здравство во континуитет ги поддржуваат младите лекари и целокупниот медицински персонал во насока на унапредување на нивниот статус и инвестирање во нови знаења и вештини кои придонесуваат за поквалитетна здравствена заштита, наведуваат од Министерството за здравство./МИА

Синдикатот за здравство со поддршка на вработените во болницата во Лешок

Синдикатот за здравство со поддршка на вработените во болницата во Лешок да опстои установата како самостоен правен субјект.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ дава целосна и безрезервна поддршка на синдикалната организација при ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок во нивните барања да се преиспита идејата или одлуката за припојување кон ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

-Станува збор за специјализирана установа која постои како посебен правен субјект повеќе од 46 години. Доколку има некаков проблем бараме да биле решен и надминат во рамки на оваа јавна здравствена установа без оглед дали станува збор за некакви персонални решенија, недостиг на одредени профили на вработени и слично. Од овие причини како Гранков синдикат ги поддржуваме барањата на синдикалната организација со надеж и верување дека нема да дојде во прашање каква било статусна промена на оваа специјализирана здравствена установа која сосема самостојно со години успешно функционира во рамки на македонскиот здравствен систем, соопшти денеска Синдикатот.

Вработените од Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок минатата недела изразија јавно несогласување со ставот на министерот за здравство Илир Демири во Тетово дека нивната установа треба да се спои кон Клиничка болница Тетово. Тие сметаат дека решението не е во спојување како правен субјект, туку вработување на специјалисти.

ЈО: Истрага против две лица за примање наградата за противзаконито влијание

По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија.

Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.

Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка.

Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, стои во соопштението од ЈО.

Бајден го критикуваше МКС за потерниците за воени злосторства за Нетанјаху

 Бајден го критикуваше МКС за потерниците за воени злосторства за Нетанјаху и министерот за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше напорите на Меѓународниот кривичен суд да бара потерници за воени злосторства за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана и тројца лидери на Хамас.

„Јасно е дека израел сака да направи се што може за да обезбеди цивилна заштита. Дозволете ми да бидам јасен, ова што се случува не е геноцид“, рече Бајден.

Републиканските лидери во претставничкиот дом на САД разгледуваат санкции како одговор на потегот на меѓународниот суд.Франција се отцепи од своите западни сојузници - вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Италија - за да изрази поддршка за одлуката на судот .

притисни ентер