Трибина: Дигитализираните јавни услуги ги олеснуваат административните постапки во општините

 Во рамки на ЕУ проектот „Со еден клик до сите твои услуги" денеска на трибина во Општина Велес пред претставници на јавните институции  беше претставен Националниот портал за електронски услуги.

Електронската платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, им овозможува на граѓаните да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

Ресорниот министер Дамјан Манчевски истакна дека на ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги што е во функција од декември лани граѓаните на едно место можат да добијат информации за сите услуги што ги нудат институциите, сите потребни документи за остварување на своите права, како и временската рамка за добивање на услугите. На порталот се достапни 128 електронски услуги, од кои 58 се нови, а 8.400 корисници се веќе регистрирани и ги користат овие услуги.

Манчевски го посети шалтерот за дигитални услуги во Граѓанскиот ресурсен центар, при што појасни дека граѓаните кои немаат корисничко име и лозинка од УЈП со којшто можат да се најават за услуги треба да дојдат во овој центар за да го активираат својот електронски идентитет, а воедно и информација како да ги користат и останатите електронски услуги.

Според велешкиот градоначалник Аце Коцевски, Општина Велес има големо искуство во оваа насока и веќе им нуди на граѓаните 47 електронски услуги.

– Беспрекорно функционира системот за добивање на електронска услуга и за градежно земјиште и се надевам дека со новите услуги ќе им овозможиме на граѓаните да добијат многу побрзи и многу поквалитетни и поевтини услуги во многу различни домени без разлика дали се во надлежност на институциите на локалната или централната власт, најави Коцевски.

Во насока на дигитализацијата на државата и нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација министерот Манчевски информира дека сите овие јавни институции во земјава имаа база на податоци, но проблемот со кој се соочуваат е што најголем дел од овие институции архивите и базите на податоци сега ги имаат само на хартија.

-Затоа следниот ИПА голем проект подржан од страна на ЕУ кој ќе се спроведува оваа година е за дигитализација на клучните регустри.Тоа значи дека за да можеме да разменуваме внатрешно електронски документи ќе мора се' што сега е на хартија да го пренесеме во електронска форма и ова ќе трае долго време, а нас сега фокусот ни е на клучните регистри, рече Манчевски.

Го имаме, потенцираше, Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk и тој е единствената единствената контакт точка преку кој што граѓаните можат да дојдат до услугите на сите институции.Некои од електронските услуги некои од институциите ќе ги имаат и понатаму, но овде на овој портал ќе ги има сите на едно место. Тука ќе ги имате и оние 78 кои постоеле досега и оние 50 нови коишто ги развивме со овој портал, односно на едно место со едно корисничко име и лозинка граѓаните ќе имаат пристап до услугите на сите институции, појасни министерот Манчевски.

Тој информира дека е многу важен Каталогот на услуги кој е веќе објавен на Националниот портал uskugi.gov.mk., каде веќе се објавени околи 800 услуги. Каталогот е основа е за дигитализацијата и во него најпросто се појаснуваат услугите: кој се е надлежна инстутуција и кои се докази треба да се донесат, колку чини услугата и во кој рок треба да ви одговорат, како и каде треба да се жалат ако нешто не е во ред .

За неколку месеци ќе биде комплетирана листата од околу 1500 услуги која е мапа по која ќе се движи дигитализацијата на услугите.

-Овој каталог ќе помогне на многу граѓани и во делот на оние под 800 услуги кои се во каталогот од кои 128 се добиваат електронски, а другите уште не. Но, сепак ќе им помага на граѓаните што треба да направат, а за да добијат одредена услуга,појасни министерот Манчевски.

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер