Три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете според еден терапевт - Канал 5

Три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете според еден терапевт

Воспитувањето не престанува кога децата ќе наполнат 18 години. 

Три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете според еден терапевт

Емоционалните и финансиските потреби честопати стануваат понапорни во зрелата возраст. Ако возрасното дете постојано очекува помош, но ретко покажува благодарност, можеби е време да ја препознае непријатната вистина - можно е да покажува знаци дека е разгалено, вели психологот и терапевт Џефри Бернштајн. Тој издвојува уште неколку знаци кои укажуваат на разгалено возрасно дете.

1. Очекуваат помош, но не ја ценат

Кога возрасното дете ја гледа родителската помош како право, а не како подарок, тоа може да укажува на чувство дека сè му припаѓа нему. „Ако нема благодарност и ако често ви предизвикува чувство на вина кога ќе одбиете да му помогнете, на родителот може да припадне улогата „банкомат“.

2. Очекуваат да ги решите нивните проблеми

Некои возрасни деца не преземаат одговорност за последиците од сопствените одлуки, туку очекуваат нивните родители да го преземат товарот. Психологот посочува: "Тие одбиваат да работат, не учествуваат во домашните обврски и избегнуваат планови за во иднина, потпирајќи се на родителската поддршка како на нешто што се подразбира. Важно е да се постават граници и да ги поттикнете сами да размислуваат за следните чекори".

3. Ви предизвикуваат чувство на вина кога поставувате граници

„Кога возрасно дете реагира со манипулација, емоционална уцена или гнев затоа што не му угодувате, ова е форма на разгалено однесување. Родителите тогаш често се чувствуваат растргнати помеѓу желбата за мир и потребата да ги заштитат сопствените граници", вели Бернштајн. Важно е да останете доследни и љубезни, и да им ставите до знаење дека поставувањето граници е дел од здравиот однос, а не отфрлање.

„Не е себично да барате поголема рамнотежа и почит во односот со возрасните деца. Ова покажува самопочит, одговорност и зрелост. Иако чувството дека сè им припаѓа можеби се развило со текот на времето, никогаш не е доцна да го вратите мирот во односот - и да ги охрабрите децата да станат возрасни какви што можат да бидат“, заклучува психологот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни и европски работи на Словенија, Тоне Кајзер

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни и европски работи на Словенија, Тоне Кајзер

Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција.

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на внесување нова динамика и натамошно унапредување на билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката определба за продлабочување на соработката, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Посебно внимание беше посветено на процесот на европската интеграција на Македонија, реформските процеси и потребата од кредибилен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата за спроведување на реформите и изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка што Словенија ѝ ја дава на нашата држава на европскиот пат.

Во разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања, како и за натамошното унапредување на соработката во рамките на НАТО, соопштуваат од МНР иНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција е толку жешко, што луѓето пржат јајца на сонце (ВИДЕО)

Топол бран ја погоди Европа и со денови го нарушува секојдневниот живот во бројни земји. 

Во Франција е толку жешко, што луѓето пржат јајца на сонце (ВИДЕО)

Високите температури влијаеја на сообраќајот, училиштата, јавните настани и работата на службите за итни случаи.

Се чини дека Франција е особено погодена. Во Париз, поради екстремната топлина, беа воведени дополнителни мерки, вклучително и привремена забрана за консумирање алкохол на јавни места. Болниците и службите за итни случаи работат под голем притисок, а од истата причина Париската парада на гордоста, која ќе се одржи во септември наместо овој викенд, е одложена.

Вирални снимки од Франција

Некои избраа да ја прикажат топлината на посликовит начин. Видео, за кое се тврди дека е снимено во Франција, се прошири на социјалните мрежи и прикажува човек како пржи јајца и сланина на прозорец на директна сончева светлина.

Иако ваквите сцени не се нови и луѓето ги користат со години како графички доказ за екстремна топлина, снимката брзо привлече внимание среде топлотниот бран во Франција, каде што температурите достигнаа повеќе од 44 °C. Друга Парижанка покажа како чоколадото се стопило во нејзината соба за помалку од еден час. NextaTV наведува дека Париз едноставно не е изграден за овие температури: тесни улици, густо изградени населби, малку дрвја и метални покриви што брзо се загреваат претвораат делови од градот во вистински печки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Конго 1.155 заразени со ебола

Бројот на заразени со ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 1.155, а 304 луѓе починаа, соопштија властите.

Во Конго 1.155 заразени со ебола

Бројот на болни и починати го претставува вкупниот број на потврдени случаи според извештајот за здравствената состојба во кој се документирани 37 нови случаи и пет нови смртни случаи во претходните 24 часа.

Здравствените власти во извештајот наведоа дека засилениот епидемиолошки и биолошки надзор овозможил порано откривање на случаи, потврдувајќи го континуираниот раст на преносот во заедницата од недела во недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер