Три златни медали освоија готвачи од Кочани на меѓународен кулинарски натпревар во Србија - Канал 5

Три златни медали освоија готвачи од Кочани на меѓународен кулинарски натпревар во Србија

Искусниот готвач Иван Велков и неговата млада колешка Клаудија Манасијева од Кочани постигнаа одличен успех на 9. Меѓународен туристички фестивал „Гастрофест 2022“, што деновиве се одржа во Ниш, Србија.

Три златни медали освоија готвачи од Кочани на меѓународен кулинарски натпревар во Србија

Во конкуренција од преку 300 готвачи од 11 држави од Европа, кочанските претставници се закитија со шампионски признанија и освоија три златни и еден сребрен медал за кулинарските специјалитети што ги подготвија за време на натпреварот.

-Натпреварот беше поделен во неколку готвачки дисциплини, односно подготвување современи специјалитети, морска храна, паста и ресторантски десерти. Јас и Клаудија, поодделно подготвуваме традиционални и модерни специјалитети од риба, за што освоивме први места. Стручното жири, составено од познати меѓународни готвачки судии, ми го додели победничкиот пехар и златниот медал и за подготовка на ресторантски десерт, додека колешката доби сребрен медал за специфичниот начин на подготовка на паста. Самиот натпревар е тежок, не само поради големата конкуренција, туку и временското ограничување што конкретно за подготвка на риба е половина час. Од тоа пет минути се за подготовки на боксот за готвење, 20 минути за подготовка и аранжирање на јадењето и последните пет минути за чистење и средување на боксот за следниот натпреварувач. Се оценува и бодува буквално сè, од влегувањето во боксот, складирањето и подготовката на артиклите, до техниките на работење, а на крајот изгледот и вкусот на храната, истакна Иван Велков.

Интересот меѓу младите за изучување на кулинарските вештини е многу мал, иако според Велков, постојат добри услови да се пренесе искуството и да се научат вештини што се ценети и добро платени. Потврда за тоа се и наградите што на нејзиното прво меѓународно натпреварување ги освои младата Клаудија Манасијева.

-Со подготвка на храна почнав професионално да се занимавам од пред една година и оттогаш постојано учам нови техники, а најголема заслуга за тоа има шефот Иван Велков кој несебично ми ги открива малите тајни во готвењето. Се трудам секогаш да подготвувам нешто ново и интересно, а од натпреварот во Ниш сум посебно задоволна, поради тоа што запознав многу колеги и видов различни начини на подготовка на храната. За успех во оваа професија, како и во секоја друга, потребно е да се работи напорно, со многу љубов и посветеност на работата. Знам многу млади луѓе кои би сакале да бидат готвачи, но не се подготвени да вложат толку труд, па најчесто бараат краткотрајна работа што им изгледа полесна и очекуваат да им донесе побрза заработувачка, истакна Манасијева.

Освоените награди на натпреварот во Србија се поттик за Велков и Манасијева да учествуваат на претстојниот меѓународен кулинарски натпревар во Германија, за што имаат поддршка и од хотелот „Сити Ин“ од Кочани, во кој професионално се ангажирани. Исто така, тие ги повикуваат младите, кои се заинтересирани да се занимаваат со оваа професија, да ги контактираат и да почнат да ги учат вештините во гастрономијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?

До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?

СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?

Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста?

По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.

Но, што се случува оттогаш?

Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега?

Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави?

СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока.

Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија.

Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони.

Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска.

Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда.

Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност.

Да има само пропаганда и контрола.

СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.

Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.

Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.

Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов.

Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип.

Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не.

Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени.

СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција.

СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии.

Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени.

За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма.

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер