3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
Други спортовиТри златни и три бронзени медали за каратистите на Макпетрол на интернационален турнир во ТузлаКарате клубот Макпетрол – Скопје викендов зема учество на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина, Тузла – опен, соопштуваат од „Макпетрол“ АД Скопје. .На турнирот земаа учество 888 тактичари од 75 клубови и национални селекции од Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина. Овој турнир се одржа во салата Мејдан, 23-ти пати по ред, а се одржува по повод независноста на Босна и Херцеговина. Каратистите на Макпетрол на овој турнир настапија претежно во највозрасната сениорска конкуренција и тие успеаја да освојат вкупно 6 (шест) медали, од кои 3 (три) златни и 3 (три) бронзени. Нашата најдобра сениорка за 2020 година Анѓела Мојсовска успеа да освои два медали на овој квалитетен турнир. Таа најнапред се закити со златниот медал во сениорска конкуренција категорија -68 кг, со пет победи до медалот. Подоцна, во свечениот дел од турнирот Мојсовска како победник во категоријата доби право за настапи и во Апсолутна категорија, категорија во која имаше и парични награди од страна на организаторот, додека во апсолутна категорија таа го освои бронзениот медал. – додадоа од КК Макпетрол Глигор Петков настапи во категоријата на -84 кг. Тој исто така влезе во финалето и успеа да го освои златниот медал. До златниот медал Петков успеа да победи 4-ри спортисти, како победник во својата категорија и тој доби право да учествува во Апсолутната категорија, каде што имаше исто така забележителен настап. Глигор Петков е европски јуниорски вице шампион и репрезентативец на Северна Македонија. Третиот златен медал за макпетролскиот тим го освои репрезентативецот Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, во категорија +76 кг. Бронзени медали освоија, Моника Пендаровска категорија -61 кг и Марија Петровска категорија -50 кг. Забележителен настап иако останаа без освоен медал имаа и спортистите Роберто Ацковски, Давид Петков и Витомир Трајковски. Бошко Заборски најдобриот тренер за 2020 година изјави: - „Сакам да истакнам дека многу сме задоволни од постигнатиот резултат. На овој турнир заминаа осум спортисти, а успеавме да освоивме 6 (шест) медали. Задоволството е поголемо бидејќи медалите се освоени во сениорска конкуренција. Овој турнир беше предвиден по планот и програмата на клубот, иако сите сме затекнати и работиме во отежнати услови поради пандемијата. Ние како спортски колектив одлучивме дека мораме да продолжиме со спортски активности и направивме уште една одлична контрола за нашите репрезентативци. На овој турнир како што се гледа од пријавите, имаше голема масовност и многу голем квалитет, посебно во сениорска конкуренција. Учеството на државите од регионот зборува дека сите многу сериозно се подготвуваат, најнапред за претстојниот турнир закажан од страна на Светската карате федерација во Истанбул на 12 Март, но подготовките и контролите се и за Европското сениорско првенство кое е закажано за месец Мај во Хрватска. Во изминатиот период сите спортисти имаа ограничен број на настапи и затоа мораа да дојдат за да видат што треба да подобрат во своите техники и подготвеност. За нас е добро тоа што и Анѓела Мојсовска и Глигор Петков ќе бидат учесници на претстојниот турнир од светската карате лига кој ќе се одржи во Истанбул. Во Истанбул ќе испратиме шест сениори-ки од нашиот клуб“. - заврши Заборски „Макпетрол“ АД СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter