БалканТри земји од регионот воведуваат нов и поригорозен сообраќаен закон: Казна од 5.000 евра, доживотен затвор и одземање на дозволатаГрција, Бугарија и Србија ќе воведат значително построги сообраќајни правила кои ќе важат за сите – и за граѓаните и за туристите!Грчките власти воведуваат најригорозен закон досега, кој ќе важи не само за локалното население, туку и за сите туристи. Во ова им се придружуваат и Бугарија и Србија. Законот е насочен кон решавање на долгорочните проблеми и празнините од стариот систем, кој веќе не одговара на современите услови на патиштата. Главниот фокус е користењето мобилен телефон за време на возење – навика што станува сè почеста, но и поопасна. Досега, ваков прекршок се казнуваше со одземање на дозволата за два месеци, но новиот закон воведува и парични казни до 4.000 евра. На пример, прв пат ако полицијата ве фати со телефон додека возите – следува казна од 350 евра и одземање на дозволата на еден месец. Втор прекршок носи казна од 1.000 евра и забрана за возење шест месеци, додека третиот – дури 2.000 евра и забрана од една година. Ситуацијата станува уште посериозна ако употребата на телефон предизвика сообраќајна несреќа. Во тој случај, казната може да достигне до 4.000 евра, а возачката дозвола да биде одземена до 8 години. Ако несреќата има потешки последици, законот предвидува и затворски казни – 10 години за тешки телесни повреди, до 20 години за смртен исход. Доколку настрадаат повеќе лица, можно е и доживотна казна затвор. Додека Грција сè уште го подготвува законот, Бугарија веќе ги заостри правилата. Од 1 август таму важат нови правила за сите возачи, меѓу кои и многу туристи од регионот кои ја користат оваа земја како транзит кон Грција, Турција или Романија. Најголемите промени се однесуваат на одбивање алкотест или тест за дроги. Наместо само административна казна, возачите кои го одбијат тестирањето по несреќа ризикуваат една година затвор и парична казна од 1.200 евра. Можеби ќе ве интересира: Нема веќе волан и мобилен- Германија ќе ги лови возачите со новите камери Казните за возење под дејство на алкохол се исто така значително зголемени. Возење со повеќе од 1,2 промили алкохол се казнува со 500 до 2.500 евра, а за повторен прекршок – казните достигнуваат до 5.000 евра. За возачите на скутери се воведуваат дополнителни ограничувања – задолжителна кацига, минимална возраст од 16 години, осигурување и дневна употреба. Казните за родители кои ќе ги прекршат овие правила достигнуваат 250 евра. Бугарија воведе и контроли на просечна брзина со помош на камери, вклучувајќи ги и оние на патарините. Надминување на брзина за повеќе од 40 km/h надвор од населено место може да резултира со одземање на дозволата на два месеци и дополнителна парична казна. „Алко-брава“ и камери Додека Грција и Бугарија спроведуваат сериозни реформи, Србија дури се подготвува за воведување на најстрогиот Закон за безбедност во сообраќајот досега. Според надлежните, новиот закон треба да биде подготвен до крајот на годината. Она што е особено значајно е што граѓаните ќе можат да учествуваат во неговото креирање – предлозите веќе пристигнуваат од сите краеви на земјата. Меѓу најважните предлози се: воведување задолжителни камери во возила, особено во службени и училишни, за полесно утврдување на одговорноста при несреќи; трајно одземање на возила на неодговорни возачи и воведување т.н. алко-брава – систем кој не дозволува стартување на возилото додека не се утврди дека возачот не е под дејство на алкохол. Граѓаните се пожалија и на бавно возење, кое може да предизвика колони и дополнително да ја загрози безбедноста, па се предлага и воведување казни за возачи кои неосновано го забавуваат сообраќајот. Новиот закон, кога ќе стапи во сила, може целосно да ги редефинира возачките навики кај возачите и да ги заостри казните како никогаш досега. Останува да се види кои мерки ќе бидат усвоени, пишува Блиц.Тагови: Бугарија грција регионот сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter