Нема веќе волан и мобилен- Германија ќе ги лови возачите со новите камери - Канал 5

Нема веќе волан и мобилен- Германија ќе ги лови возачите со новите камери

Германската полиција воведува камери кои откриваат возачи кои користат мобилни телефони додека возат, јавуваат германските медиуми.

Нема веќе волан и мобилен- Германија ќе ги лови возачите со новите камери

„Одвлекувањето на вниманието при возењето поради користење мобилен телефон е една од најчесто игнорираните опасности во сообраќајот и затоа сега сакаме да се бориме со тоа со инсталирање на овие камери“, рече министерот за внатрешни работи на Рајнска област-Пфалц, Мајкл Елбинг на поставувањето на првиот таканаречен моноавтомобил долж автопатот А60 во близина на Мајнц.

Елбинг објасни дека една секунда невнимание со гледање во мобилниот телефон со брзина од 100 km/h значи дека возачот „на слепо“ возел 30 метри.

Последици од невнимание и казни

Минатата година само во Рајнланд-Пфалц биле регистрирани над 1.000 сообраќајни несреќи и три смртни случаи, кои биле предизвикани од невнимание поради користење мобилни телефони.

Возачите кои ќе бидат фатени на камера со мобилен телефон во рака ќе бидат казнети со 100 евра и еден казнен бод во централниот регистар на возачи.

Во соседна Холандија, каде што има таканаречени моноками, казната е значително поголема и изнесува 430 евра.

Први резултати и проблеми со приватноста

Како што соопшти полицијата во Мајнц, во првиот час по активирањето на камерата, четворица возачи биле снимени со мобилен телефон во рака.

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) предупреди за огромното количество податоци што овие камери ги складираат со снимање на сите возила во сообраќајот.

„Затоа, важно е да се складираат само оние фотографии на кои софтверот го препознава возачот со мобилен телефон во рака“, соопштија од ADAC.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во жена

Силното невреме што во саботата попладне го зафати регионот Мани на Пелопонез предизвика поплави, а водената буица однесела автомобили и предизвикала големи штети на куќите и патиштата.

Видео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во жена

Чудно лето во Грција, хсотичните пожари и пеколните денови сега во делови од државата се заменети со силни и обилни врнежи од дожд проследени со удари на гром.

Според порталот „Та неа“, куќи и сместувачки капацитети биле поплавени за само неколку минути, а во градот Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во својот автомобил и со брза помош била пренесена во болницата во Спарта.

Исто така, се известува дека противпожарната служба примила десетици повици, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од нивните возила.

Порталот „Алфа вита“ исто така пишува дека водата однела неколку автомобили во морето и дека биле уништени делови од патната мрежа.

Големи штети настанале и во населбите Алипа, Кокала, Итилу, Лимени, Каравостаси и во други области на источен Мани.

Во Алипа, на неколку места, нивото на водата се искачило до прозорците на објектите, при што биле поплавени куќи и туристички сместувачки капацитети, а водата и калта предизвикале значителна материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже.

Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција.

Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев.

И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните.

Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење.

Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи.

Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази.

Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност.

Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност.

А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето.

Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост

Кога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. 

Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост

Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура.

Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи.

Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар.

Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција.

ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично.

Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување.

Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома.

Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност.

ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер