ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува темелни реформи во социјалната заштита и обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните
1ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува темелни реформи во социјалната заштита и обезбедува поквалитетни услуги за граѓаните
ЖивотTри збора што ја откриваат природата на социопатот и како да ја избегнете замкатаСоциопатија обично подразбира недостаток на емпатија и желба за манипулација, а еве како да ја откриете.Социопатите се специфична група луѓе на кои им недостасува емпатија. Со вината не се соочуваат како повеќето луѓе, а тоа ги прави особено тешки соговорници и партнери. На почетокот, може да делуваат привлечно и шармантно, но со тек на време, нивната природа доаѓа до израз. Манипулативни обрасци во комуникацијата Постојат специфични изрази и начини на комуницирање кои се поврзуваат со манипулативните личности. Овие лица не покажуваат емоции кон другите лица, туку ги користат исклучиво за своја цел. На пример, фразата „Премногу си чувствителен/а“ која се користи за да се префрли вината на другата страна може да биде штетна. Овие зборови имаат за цел да ги минимизираат чувствата кај другите личности и да го пренасочат фокусот на тоа дека проблемот е всушност во нив. Поставување граници Ако имате чувство дека некоја личност константно се збунува и ги намалува вашите чувства па дури и ви ја црпи енергијата, важно е да поставите граници. Заштитата на вашиот емотивен простор станува приоритет кога се соочувате со вакви лица. Учењето како да се заштитите од емоционалната манипулација може да биде клучно за зачувување на менталното здравје. Во таа смисла, важно е да ги препознаете своите вредности и да не дозволите да ве навредуваат или да ја намалуваат вашата вредност. Одржувањето јасни граници може да ви помогне да се оддалечите од токсичните односи и да го зачувате вашиот внатрешен мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал„Тепачот“ Паредес конечно проговори по хаосот во финалето против ШпанијаАргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес даде изјава по драматичното финале на Светското првенство.Паредес беше иницијатор на агресивните напади на Аргентинците кон шпанските фудбалери по последниот судиски свиреж. Тој ја шокираше јавноста со своето прегрубо и „валкано“ однесување, физички напаѓајќи го Гави и упатувајќи навреди кон другите фудбалери од противничкиот тим. Сега, тој се огласи на социјалните мрежи. „Ти благодарам, Аргентина; Те сакам сега и засекогаш. Денес пишувам со длабока тага во душата, бидејќи не успеавме да ја донесеме радоста што нашата земја толку многу ја заслужува, но сепак срцето ми е полно со гордост знаејќи дека го дадовме максимумот и уште еднаш гордо го кренавме нашето знаме! Ви благодарам на сите што беа дел од оваа репрезентација – на оваа група играчи кои дадоа сè од себе за да го претстават овој дрес, борејќи се до последната секунда од секој натпревар! Беше чест да се биде дел од најдобрата аргентинска репрезентација во историјата!“, напиша Паредес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува темелни реформи во социјалната заштита и обезбедува поквалитетни услуги за граѓанитеВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на создавање поефикасен, поправеден и социјално поодговорен систем за социјална заштита, преку реализација на конкретни реформи и мерки што директно го подобруваат животот на граѓаните.По наследените системски слабости, целосно е реформиран начинот на функционирање на системот за социјална заштита преку воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. Преку новиот систем на стручните лица во центрите за социјална работа им се овозможува дигитализирано следење на состојбата и ризиците на секое домаќинство, со што се обезбедува поефикасна и попрецизна поддршка за оние на кои им е најпотребна. Истовремено, се спроведува темелна анализа на условите за остварување на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност и доколку се утврдат законски пропусти или злоупотреби од претходните решенија, Владата ќе предложи соодветни законски измени во интерес на правичен и одржлив систем. Во завршна фаза е подготовката на Законот за вработување на лица со попреченост, а паралелно се работи и на воспоставување унифициран систем за проценка на попреченоста, со цел обезбедување еднаков третман и подобра институционална поддршка. Владата веќе има склучено над 80 управни договори со општини и лиценцирани даватели на социјални услуги за обезбедување услуги во домот и во заедницата, додека мрежата на даватели континуирано се проширува за да се зголемат квалитетот и достапноста на услугите. По долгогодишен застој, откочен е и процесот за полагање на стручниот испит за негуватели и воспитувачи, со што се решава проблем што со години го попречуваше функционирањето на институциите и професионалниот развој на вработените. Едно од најзначајните ветувања на Владата е целосно реализирано линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери. Со оваа мерка, пензиите се зголемени за 7.000 денари за повеќе од 330.000 пензионери, што претставува директна поддршка за подобрување на животниот стандард. Воедно, интензивно се инвестира и во зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови и реконструкција на постојните детски градинки, при што се обезбедуваат услови за прием на дополнителни 3.515 деца низ државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги реализира реформите и проектите што носат конкретни резултати за граѓаните. Наместо празни ветувања, Владата испорачува мерки, инвестиции и политики кои создаваат посилен систем на социјална заштита, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ - а не слепо цревоТимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“.Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар - освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата? Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја држи Македонија надвор од европскиот пат веќе две години. Реформите се блокирани, а самиот премиер јавно кажува дека ќе чекаме децении. Во меѓувреме, Тимчо нè убедува дека сме „подготвени да бидеме долгорочен партнер“ на инвеститорите. Какво владеење на правото? Европската комисија објави еден од најлошите извештаи досега токму за политизираноста на правосудството и директното влијание на Мицкоски врз институциите. А Тимчо зборува за „зајакнување на владеењето на правото“. Каква бизнис клима? Странските инвестиции паднаа за над 60% откако ВМРО-ОКГ е на власт. Ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа во земја каде што владее криминал, корупција и политичка контрола врз институциите. Тимчо зборува за „подобрување на бизнис климата“, додека реалноста е дека климата е таква што ги брка инвеститорите. Горди сме на НАТО, вели Тимчо. До вчера ВМРО се бореше против влезот во НАТО, а денес Мицкоски преговара за БРИКС како руски proxy играч. Гордоста доаѓа откако веќе сме внатре. Додека сме во НАТО, Мицкоски и неговите луѓе градат врски со оние кои се спротивставуваат на европскиот и евроатлантскиот пат. Кога зборува за иновации, образование и дигитална трансформација, Тимчо очигледно мисли на „иноваторите“ од типот на градоначелникот Орце. На препишувањето на историјата како што тоа го правеше будимпештанскиот романописец - Груевски, и на дигитална трансформација преку билборди и вештачка интелигенција во служба на графички дизајн. А кога зборува за култура, веројатно мисли на Латас и неговата српско-националистичка, геобелсова пракса, антиевропска и проруски ориентирана култура на тајните служби. Каква е таа порта, со 10 часа чекање на граница? Ова е вистинската понуда на ВМРО-ОКГ: изолација, криминал, политизирано правосудство и бегање од Европа кон БРИКС. А Тимчо тоа го нарекува „нови перспективи за соработка“. Само не знаеме со кого… можеби со Вучиќ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter