3Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
МакедонијаТри средношколки со платформата „Дигитален чувар“ победија хакатонот SheSafe Online во СкопјеТимот Safe Trace, три 17-годишни ученички, Бисера Дрндар, Ана Костуранова Денковски и Мија Костуранова Денковски, го освои првото место и наградата од 500 евра на хакатонот SheSafe Online што се одржа во Скопје. Нивното решение „Дигитален Чувар“ е платформа поддржана со вештачка интелигенција што им помага на корисниците да ги разберат и заштитат своите дигитални идентитети, анализирајќи јавно споделени информации и покажувајќи преку интерактивна Ripple Map како навидум безопасни објави можат да откријат чувствителни детали. Жирито го гласаше решението за најдобро на настанот. Второто место и наградата од 250 евра ги освои тимот Curly Burrito, Мануела Наумовска и Тамара Нешовска, со прототипот SafeWalk, апликација што им помага на жените да избираат побезбедни пешачки рути врз основа на податоци од заедницата, со поддршка за македонски, српски и албански јазик. „Импресионирани сме од зрелоста и општествената свест на овие млади луѓе. Тие не решаваа апстрактни проблеми, тие развиваа технологија што одговара на реални ризици со кои се соочуваат жените и девојките секој ден“, изјавија организаторите. Хакатонот SheSafe Online, одржан во Startup Club Скопје, собра 20 млади иноватори на возраст од 17 до 25 години, од кои 95% беа жени, кои во текот на 36 часа развиваа технолошки решенија за заштита на жените и девојките од дигитално насилство. Сите седум тимови ги презентираа своите решенија пред стручно жири на Demo Day, работејќи на три реални сценарија на родово базирано насилство и онлајн ризик: безбедна и скриена комуникација под дигитален надзор, итен и дискретен повик за помош на јавно место, и препознавање на онлајн манипулација кај младите. Учесниците добија менторство од професионалци во технологија, социјални иновации и поддршка за жртви, а нивните решенија ги оценуваа специјалисти од АСТРА, ICT Hub Белград, Business Impact Lab, Технолошко-металуршкиот факултет (УКИМ) и Отворена порта – Ла Страда Северна Македонија. Оваа активност е организирана од страна на АСТРА – Акција против трговија со луѓе и ICT Hub во рамките на регионалната програма „ЕУ за родова еднаквост: економско зајакнување на жените и спречување на насилството врз жените“, финансирана од Европската Унија и заеднички спроведувана од UN Women и UNDP.Тагови: SheSafe Online Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook