Три прашања си поставува најбогатиот човек на светот

Амазон има 500 000 вработени , кои работат во компанијата на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос, a тој 20 години си поставува три прашања при вработување нови луѓе.

На почеток во 1995 компанијата броела едвај десетина луѓе и работеле прво во гаражата на Безос , а потоа во неговиот стан во Сиетл. Како што пишуваат американските медиуми , успехот на Безос се должи и на трите основни правила од кои не отстапил во текот на растот на компанијата.

,, Ќе беше неможно да се постигнат резултати во динамичниот свет на интернетот без извонредни луѓе” , вели Безос во интервју за ЦБНС. За да не направи грешка при изборот на врвни стручњаци во својата област , Безос од 1998 составил три едноставни прашања што им ги поставувал на идните вработени .

Првото прашање што си го поставувал Безос при интервјуто е - дали ќе и се воодушевувате на таа личност? Вели дека на тој начин не направил грешка во изборот , зашто треба да вработиш некого , за кого и самиот би работел .

Вториот услов и прашање е - дали оваа личност ќе ја зголеми продуктивноста на тимот во кој доаѓа ? Безос вели дека во врска со ова прашање секогаш ги тера вработените да ја визуелизираат компанијата за пет години и со тоа ја поставува скалата за успех се повисоко.

И третото начело е со цел да се направи што поуспешен тим . Тоа гласи – во кој сегмент оваа личност ќе стане ѕвезда? Безос цвели дека настојува секој вработен да има некоја своја особина или вештина со која се истакнува. Така , тој ја вработил светската првенка во спелување , иако при работата нејзината вештина не и е потребна .

Слични принципи пред извесно време изјави дека има и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг . Денес стратегијата на Амазон за вработување има 14 принципи , но овие три се приоритетни.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер