Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие - Канал 5

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие

Променливото време и празничните собирања нагло го зголемија бројот на заболени од грип.. 

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани – пикот на почетокот на второто полугодие

Три пати зголемен бројот на болни од грип во однос на минатата година. Во првата недела од новата 2026 година имало дупло повеќе заболени во однос на последната недела од 2025 година кога имало 770 пациенти, а првата недела од 2026 година имало 1.725 болни од грип, велат од ИЈЗ.

„Оваа недела во споредба со истата недела лани бројот е зголемен 5,5 пати, а во однос на просекот од последните 15 години, оваа бројка покажува зголемување од 38 отсто“, изјави д-р Марија Андоновска директор на Институт за јавно здравје.

За епидемиолзите пикот на грипот се очекува за една недела кога ќе почне и учебната година, но засега нема најава за одложување на старот на второто полугодие. Од ИЈЗ со препорка граѓаните кои се болни да останат дома и да одржуваат хигиена.

„Општите мерки за заштита од грипот се повторуваат постојано, да се избегнува престој на затоврено, особено во простории со многу луѓе, како трговски центри и друго. Да се мијат рацете често со сапун и вода. Да се избегнува контакт со луѓе кои киваат и кашлаат. Да се јаде лесна храна, да се хидрира организмот и да се внесуваат минерали и витамини. Оние кои имаат симптоми да останат дома и да не одат на работа, децата да не се носат во училиште и во градинка, не само заради тоа да не се пренесува вирусот, туку и за нив самите кои треба да мируваат во тој период и да останат дома. Просториите да се проветруваат, а ризичните пациенти доколку имаат потешкотии, обавезно да се јават на лекар за контрола“, потенцира Андоновска.

Според последниот извештај на ИЈЗ највисока инциденца на болни е кај деца од пет до 14 години, но и кај бебиња и деца до четири години. И во клиниката Козле згоелмен бројот на прегледи дневно и до 250, а хоспитилазирани до поселедниот кревет во болницата.

Според ИЗЈ, најмногу случаи има во Скопје, Тетово, Куманово и Велес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи ќе му судат следните генерации

Утринава пратеникот и претседател на СДСМ од Собранието Венко Филипче предупреди дека ако скршнеме од патот кон европската унија ќе следи период на години на сиромаштија, распродадена земја за туѓи интереси , и иселување.

Филипче: Мицкоски да не си игра со иднината на земјата бидејќи  ќе му судат следните генерации

Тој предупреди дека 4 земји меѓу кои Црна Гора и Албанија добија патокази и во план е да влезат во унијата до 2030 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијата

Најплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. 

Сега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијата

Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација.

„По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата.

Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо.

Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра.

Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус.

Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.

Николоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проекти

На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер