Три од 12 проверени објекти со лиценца ќе бидат затворени поради неисполнети технички услови - Канал 5

Три од 12 проверени објекти со лиценца ќе бидат затворени поради неисполнети технички услови

 На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не  исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност. 

Три од 12 проверени објекти со лиценца ќе бидат затворени поради неисполнети технички услови

Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за техничката контрола и на останатите десетина објекти кои поседуваат лиценца.

Новите сознанија од терен денеска на прес-конференција ги соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Информираше дека веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата за трите објекти, забрана за вршење дејност и, како што рече, „сите казнени одредби кои се возможни согласно закон ќе бидат преземени“.

- Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни. Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење дејност. За останатите девет е се уште во тек проверката на документацијата и во текот на денот дополнително ќе информираме, рече Митева.

Посочи дека теренските проверки продолжуваат денеска и утре и ги вршат над десет тима.

- Ќе се проверат сите, до детаљ. Направен е план и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото. Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија туку е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција. Ниту ќе замижуваме, ниту ќе заштитуваме. Ја разбираме фрустрацијата, луѓето бараат правда и ќе ја добијат, истакна Митева.

На прашање кои се трите објекти кои не работеле прописно, а имале лиценци, одговори дека би сакала да ги каже градовите, а и објектите, но дека во овој момент тоа се информациите со кои располага.

Во врска со информации дека сопственици на вакви објекти интервенираат и отстрануваат инвентари за да се скријат траги дека работеле, портпаролката одговори дека „кружат такви информации и шпекулации“ и оти сите ќе бидат проверени.

-Дури и оние што немале лиценца, вршеле работа, и тие што имале. Сите, буквално до еден, ќе бидат проверени согласно законите за најмалку услови што мора да ги исполнат за да работат. Секој ден ќе има информации за текот на контролата, додаде Митева.

На прашање дали во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која од 2023 имала лиценца за работа, биле проверувани техничките услови, што е дел од годишните планови на Пазарниот инспекторат, таа рече дека токму тоа е дел од истрагата и не може да изнесува детали.

- За тоа како е постапувано години наназад согласно планот за работа, би сакала да споделам податоци, но токму плановите за работа се дел од истрагата и не можам ништо дополнително да кажам за да не ја нарушам, одговори Митева.

Во однос на екипираноста на Државниот пазарен инспекторат и дали има доволно кадар за над десет теренски тимови, портпаролката рече дека во тимовите за контроли учествуваат и стручњаци од други надлежни институции, вклучувајќи го и МВР, искусни градежни работници, од Трудовиот инспекторат, УЈП и Финансиската полиција, како што рече, „сите што може да придонесат во утврдување на условите“.

На прашањето дали ќе се проверуваат работата и условите и за други угостителски објекти, освен за кабареа, ноќни и диско клубови, Митева одговори дека се актуелни тие со лиценци бидејќи „од таму и започна целата ситуација“.

-Но, ревносни сме во постапките дека се ќе се провери, додаде портпаролката на Владата.

На прес-конференција вчера таа информираше дека во околу 50 контроли што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги извршил на 16 и 17 март на територијата на државата во угостителски објекти со лиценца за кабаре, ноќен клуб, диско клуб и за диско клуб на отворен простор, утврдено е дека 22 имале лиценци, на 15 им била истечена, а за неколку немало податоци дека воопшто поседувале лиценца.

Милитанти ја презедоа одговорноста за убиството на 26 луѓе во Кашмир: Не убивавме туристи

Дваесет и шест лица загинаа, а 17 се повредени откако терористи отворија оган врз туристи на индиската федерална територија Џаму и Кашмир, што е најлошиот таков напад во земјата во речиси две децении.

Милитанти ја презедоа одговорноста за убиството на 26 луѓе во Кашмир: Не убивавме туристи

Малку позната милитантна група, Кашмирски отпор, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека жртвите не биле туристи, туку тајни агенти, дознава Ројтерс.

Нападот се случи вчера во областа Пахалгам на Хималаите, при што загинаа 25 Индијци и еден непалски државјанин. „Малку позната милитантна група „Кашмирски отпор“ ја презеде одговорноста за нападот на социјалните мрежи“, соопшти полицијата.

Во соопштението на милитантната група се изразува незадоволство од фактот што повеќе од 85.000 „странци“ се преселени во регионот.

Агенти на индиските безбедносни служби

Милитантите објавија дека жртвите не се туристи, туку агенти на индиските безбедносни служби. „Ова не беше типична туристичка група, туку тајна агенција задолжена за истрагата“, се наведува во пораката.

Во пораката, исто така, се додава дека нападот „треба да послужи како повик за будење не само за Делхи, туку и за оние кои ги поддржуваат сомнителните стратегии на Делхи“. Од друга страна, индиските безбедносни служби тврдат дека „Отпорот на Кашмир“ е фронт за пакистанските милитантни организации како Лашкар-е-Таиба и Хезбул Муџахедин.

Пакистан соопшти дека им дава само морална и дипломатска поддршка на бунтовниците во Кашмир. „Загрижени сме поради смртта на туристите. Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите и посакуваме брзо закрепнување на повредените“, изјави Шафкат Али Кан, портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи.

Да потсетиме, во планинскиот туристички град Пахалгам, вооружени напаѓачи отворија оган врз туристите. Трагедијата се случила во туристичка зона која интензивно се развива во последните години поради слабеењето на вооружениот конфликт во регионот. Според членовите на безбедносните служби, во нападот учествувале двајца или тројца милитанти.

Претседателот на Палестина: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја повика денеска палестинската милитантна група Хамас да се откаже од одговорноста за Појасот Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се претвори во политичка партија.

Претседателот на Палестина: Хамас мора да го предаде оружјето и да стане политичка партија

Во последниве месеци, Хамас ги отфрли повиците на Израел и САД да го положат оружјето. Абас ги даде своите забелешки во говорот за време на состанокот во градот Рамала на Западниот Брег, каде што се очекува да именува наследник, како дел од напорите да се решат меѓународните сомнежи за одржливоста на палестинската управа во критично време за регионот.

Хамас мора да се откаже од одговорноста за Газа, да го предаде оружјето на палестинската управа и да се трансформира во политичка партија“, рече Абас. Абас го критикуваше нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, за кој рече дека му дал изговор на Израел да ја уништи Газа. Израел започна воена кампања во Газа по нападот предводен од Хамас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната

Хамас, кој се противи на напорите на Абас да постигне мир со Израел, го обвини за уништување на милитантните фракции на Западниот Брег, окупиран од Израел. Групата веднаш не ги коментираше новите изјави на Абас.

Абас ги повика светските лидери да го принудат Израел да ја прекине војната во Газа, да ги повлече своите сили и да ги прекине активностите на еврејските населби, додавајќи дека не може да има мир додека Палестинците не воспостават држава во границите што постоеја пред војната на Блискиот Исток во 1967 година. Во 2007 година, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа, додека Западниот Брег остана легитимна управа на Палестина со претседателот Абас на чело.

Поворката со ковчегот на папата Франциск ќе помине 6 километри до местото на погребот

Погребната поворка со ковчегот во кој се наоѓа телото на папата Франциск ќе патува шест километри во сабота до местото на погреб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а поворката ќе биде „внимателно надгледувана“.

Поворката со ковчегот на папата Франциск ќе помине 6 километри до местото на погребот

Погребната поворка со ковчегот во кој се наоѓа телото на папата Франциск ќе патува шест километри во сабота до местото на погреб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а поворката ќе биде „внимателно надгледувана“, изјавија денеска извори за агенцијата АНСА.

Изворите велат дека се проучуваат повеќе правци за погребната поворка.

Тие истакнаа дека најкраткиот пат до базиликата Санта Марија Маџоре вклучува поминување низ Корзо Виторио Емануеле, Пјаца Венеција и Виа Назионале.

Луѓето денеска, утре и во петок му оддаваат почит на папата Франциско во базиликата Свети Петар во Рим.

Ковчегот во кој се наоѓа телото на папата Франциск денеска беше пренесен во базиликата Свети Петар, каде верниците ќе можат да му оддадат последна почит пред погребот, кој ќе се одржи во сабота.

Десетици илјади луѓе од Италија и од целиот свет се очекува да дојдат во Ватикан за да се простат од папата.

Свечената поворка која го носи ковчегот на покојниот папа утрово тргна од резиденцијата Каза Санта Марта, во чија капела се одржа кратка верска церемонија.

После тоа, ковчегот беше пренесен во базиликата во придружба на швајцарската гарда.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот папа од Латинска Америка.

Тој почина на 21 април на 89-годишна возраст, а директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, Андреа Аркангели, објави дека папата починал од мозочен удар и срцева слабост.

Папата ќе биде погребан во сабота на 26 април.

притисни ентер