Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
3БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
БалканТри нови жртви на коронавирус во Црна ГораВо изминатите 24 часа во Црна Гора се потврдени 96 новозаразени со коронавирус, а направени биле 677 тестови, соопшти Институтот за јавно здравје на таа земја.Пријавени се три смртни случаи на пациенти од Беране, Подгорица и Цетиње. Вкупниот број на потврдени смртни случаи во таа земја е 33, се наведува во соопштението. Во Црна Гора моментално се активни 1.979 случаи со Ковид-19.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЅвезда на Ливерпул: Целосно ќе се изолирам поради GTA 6. Ќе биде тешко некој да ме добиеСкапоплатениот шведски репрезенативец, напаѓачот на Ливерпул Александар Исак ,откри дека со нетрпение го очекува излегувањето на видеоиграта „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), која пристигнува на пазарот во четврток, 19 ноември. Шведскиот фудбалер најави дека планира целосно да ѝ се посвети на играта и дека ќе биде тешко да се стапи во контакт со него откако таа ќе биде објавена, пренесува германскиот медиум „Билд“ (Bild). Исак зборуваше за своите планови додека беше со шведската репрезентација. За време на прес-конференција, тој беше прашан за излегувањето на долгоочекуваното ново продолжение од популарниот серијал видеоигри. „Мислам дека од 19 ноември, кога ќе излезе играта, ќе биде тешко да се дојде до мене. Целосно ќе се изолирам“, рече Исак. Кога еден новинар го праша дали планира да си го ослободи распоредот за излегувањето на играта, тој едноставно одговори: „Тоа е планот“. Сепак, Исак нема да има многу слободно време за играње видеоигри. Во недела, на 22 ноември, Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед на „Енфилд“ во едно од најголемите дербија во англискиот фудбал – натпревар што се игра само три дена по излегувањето на GTA 6. Во интервју за емисијата *Football Daily* на BBC, чиј водител е поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер, 27- годишниот Исак откри дека претпочита слободното време да го поминува дома, играјќи видеоигри и гледајќи телевизија. GTA 6 пристигнува по 13-годишно чекање GTA 6 е еден од најочекуваните наслови во историјата на индустријата за видеоигри. Претходниот дел, GTA 5, беше објавен уште во септември 2013 година – кога Исак имал 13 години. Дејството на новата игра се одвива во измислената американска држава Леонида, при што голем дел од настаните се случуваат во Вајс Сити (Vice City) – локација што се појавувала и во претходните делови од серијалот. „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) неколку пати го одложуваше излегувањето на играта; моментално закажаниот датум за објавување е 19 ноември 2026 година. GTA 6 ќе биде достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X/S.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа13-годишно девојче загина во Германија, удрено од возач кој бегал од полицијата (ВИДЕО)13-годишно девојче загина во близина на Ашафенбург откако било удрено од возач кој бегал од полицијата.Според весникот „Билд“, мажот се обидел да избегне полициска контрола бидејќи на неговиот автомобил од марката „Мицубиши“ имало украдени регистарски таблички. Детали за полициската потера Според полицискиот извештај, за време на бегството, возачот возел со голема брзина по тротоарот, удрил во две други возила, а потоа и во девојчето. Од силината на ударот, таа била отфрлена зад една жива ограда. Пожарникарите ја пронашле без знаци на живот, а и покрај напорите на итните служби да ја спасат, таа им подлегнала на повредите. Во инцидентот се повредени уште две лица. Возачот и сопатникот се приведени Полицијата ги уапсила 32-годишниот возач и неговиот 34-годишен сопатник. Одделот за криминалистички истраги спроведува истрага за да се утврдат сите околности поврзани со настанот. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Француски специјалци пресретнаа „нарко-подморница“ во Атлантикот – првпат во историјата (ВИДЕО)На 12 ноември, француската морнарица пресретна полуподморница без ознаки во Атлантскиот Океан, кое превезувало неколку тони кокаин, пренесува специјализираниот портал „Naval News“. Ова е првпат во историјата француската морнарица да пресретне таканаречена „нарко-подморница“. Француската морнарица објави снимки од операцијата. 🚨🇫🇷🇺🇸FRANCE AND U.S. SEIZE NARCO-SUB IN ATLANTIC! First-ever interception of a semi-submersible by the French Navy (with U.S. air support). The vessel was carrying several TONS of cocaine. At least 146kg was recovered after the crew desperately tried to sink it. Writer: Bri https://t.co/8gdB4eaoWa — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 16, 2026 Специјалните сили пресретнаа и влегоа во полуподморницата, шверцерите намерно го потонале пловниот објект Според соопштението на француското Министерство за вооружени сили и ветерани, објавено на 15 ноември, француска фрегата го пресретнала пловилото – кое не истакнувало никакво знаме – со поддршка од хеликоптер што се наоѓал на фрегатата, како и од американски поморски патролен авион кој дејствувал под команда на Заедничката меѓуагенциска оперативна група – Југ (JIATF-S). Пресретнувањето е извршено во согласност со правната рамка на Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS). Додека тимот од фрегатата се приближувал кон полуподморницата, тројца од четворицата поединци што се наоѓале внатре скокнале во океанот. Француските морнари се качиле на пловилото и го извлекле четвртиот член на екипажот, кој во меѓувреме веќе го активирал системот за намерно потонување на пловниот објект. Полуодморницата потонала за помалку од три минути. Шверцерите и 146 кг кокаин се извлечени од морето Француските пловила ги извлекле сите четворица осомничени од морето, а потоа собрале остатоци што пловеле на површината, како и четири пакети – со вкупна тежина од 146 килограми – за кои со тестирање е потврдено дека содржат кокаин. Останатиот дел од нелегалниот товар, со тежина од неколку тони, потонал заедно со полуподморницата. Коментирајќи ја операцијата на социјалната мрежа „X“, француската министерка за вооружени сили и ветерани, Катрин Вотрен, ги пофали вклучените екипажи за нивниот професионализам и одлучност за време на оваа операција на отворено море. Извор: Индекс.хрТагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32