Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско - Канал 5

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско

Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. 

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско

Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита, особено во овој период кога регионот се соочува со вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 470 тестови и вкупната бројка на регитрирани е 50. Од нив 24 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна примирјето: САД шест дена го бомбардираат Иран, Техеран возврати со ракети

Примирјето постигнато пред еден месец веќе не постои. Шести дена американската војска напаѓа цели врз Иран, а прв пат, како што објавуваат иранските агенции е сериозно погодена цивилна инфраструктура.

Пропадна примирјето: САД шест дена го бомбардираат Иран, Техеран возврати со ракети

Уништени биле шест мостови, железничка станица и аеродром и пристанишна кула, каде загинале најмалку осум цивили. Главна мета била јужната провинција Хормозган, чии мостови водат кон крајбрежјето на Ормутскиот теснец. САД засега не ги потврдуваат ваквите тврдења, иако американскиот претседател Трамп тоа неодамна го најави. Во синоќешното обраќање до нацијата само кусо рече.

-Постигнуваме голема победа во Иран и ќе ги видите резултатите многу наскоро. Америка се врати и се справува многу добро. Се уште имаме голем предизвик на кој мора итно да се одговори. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Техеран соопшти дека возвратил со проектили врз американски воени објекти во Кувајт, Бахреин и Оман, а мета прв пат од почетокот на војната била и источна Сирија, на границата со Јордан, каде бил погоден американски команден центар. Од обновувањето на конфликтот, Иран досега пријави 40-ина загинати и 600 повредени.

-Се што остана недопрено поради нашата воздржаност, односно целата инфраструктура низ регионот, ќе биде уништено од железните удари на моќните воени сили на Исламската република Иран. , изјави Ебрехим Зулфагари, портпарол на иранската војска.

Откако стана јасно дека мировните преговори се пропаднати, дел од западните аналитичари сметаат дека неопходна е промена на американската стратегија, чиј приоритет треба да биде суштинска промена на режимот.

-Сега мислам дека Трамп сфаќа дека преговорите се бескорисни и дека не може да ги постигне со Иранците. Тој треба да најде начин да постигне победа преку економски притисок, пошироки воени напади насочени кон Револуционерната гарда. Не мислам дека Американците имаат целосна стратегија за победа, изјави Петер Јенингс, безбедносен аналитичар за Скај Њуз.

По ескалацијата на конфликтот, Ормутскиот теснец останува практично затворен. Западните медиуми објавија дека вчера само три брода успеале да поминат низ клучната нафтена рута, чија блокада се заканува повторно да ги вивне цените на нафтата како по почетокот на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали несовесните возачи почнаа да го изигруват сејф сити?

Наместо да се научат да возат безбедно, дел од возачите, оние несовесните,  научија само каде се поставени камерите на „Сејф Сити“ – па пред камери се примерни возачи, а кога ќе ги снема од видик, се враќаат и старите навики.

Дали несовесните возачи  почнаа да го изигруват сејф сити?

Наместо да се научат да возат безбедно, дел од возачите, оние несовесните, научија само каде се поставени камерите на „Сејф Сити“ – па пред камери се примерни возачи, а кога ќе ги снема од видик, се враќаат и старите навики и потценувањето на опасноста.

На оваа делница возачите почесто забрзуваат, а забавуваат коа ќе дојдат пред камерите, мислејќи дека го надмудриле „Сејф Сити“ – а всушност се носат себеси и другите во сообраќајот во опасност.

На ваквите појави секојдневно сведочат и граѓаните, кои велат дека сообраќајната култура се чува само за „Сејф Сити“. Очекуваат поставување на камери на повеќе делници, а конечно да се регистрираат и оние кои возат мотоцикли.

Треба уште камери, и тоа и по селата треба не по градови сами, затоа што и по селата возат диво, сите улици треба да бидат со камери, на Сејф Сити, моментално. Има многу неразумни возачи./ Немаме на секое место камери, и тука на нашава улица, Ѓорче Петров, ечат моторите, секоја вечер.

Од МВР за Канал 5 велат дека продолжуваат со имплементација на „Сејф Сити“ низ целата држава, а во меѓувреме посочуваат имаат и засилени полициски контроли за побезбедни да бидат патиштата. Т.н. пресретнувачи веќе се во функција и „ловат“ брзи возачи на автопатите, а во завршна фаза се и специјализираните возила кои ќе ги регистрираат непрописно паркираните.

-Секој прекршок што го загрозува животот и безбедноста на граѓантие ќе биде соодветно санкциониран. Покрај редовните сообраќајни контроли, на терен се ангажирани и специјализирани полициски возила, таканаречени пресретнувачи, кои ги детектираат и санкционират возачите што возат со прекумерна брзина или вршат други опасни прекршоци. Нашата цел не е да казнуваме, туку да спречиме сообраќајни незгоди и да спасиме човечки животи,- - МВР.

Иако повеќето возачи внимаваат на зимските услови, сепак летните месеци статистички се далку поопасни. Подолгите дестинации, намалената концентрација од горештините, опуштеноста и поголемиот метеж на патиштата носат поголем ризик. Затоа и од РСБСП апелираат – почитувајте ги сообраќајните правила, возете одморени и информирајте се за состојбата на патиштата.

-Често апелираме, нема да го измамите системот, и не е важно дали некој ве видел или не, доколку не ги почитувате правилата прописите и пропишаната сообраќајна сигнализација го ризикувате својот живот, дали некој ќе ве види и ќе ве казни или нема да ве казни, тоа е миг, но миг е и дека може за мала работа може да дојде до несакани последици. Затоа велиме сообраќајна култура и јавна свест, вие треба да сте свесни, да знаете и за ваша безбедност, без разлика дали има камери или полициска патрола или нема, ако пишува 50кмч, возете 50 кмч,- Дејан Андоновиќ – РСБСП.

А, дека најголема опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење покажуваат и статистиките на МВР, односно, од евидентирани 130.000 сообраќајни прекршоци, повеќе од 95% се за пречекорување на дозволената брзина. Воедно, во периодот од Февруари до Јуни годинава, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40%, во однос на лани истиот период.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каде летуваат Македонците: Грција останува прв избор, Охрид руши рекорди со странски туристи

Од плажите на Халкидики, преку Сицилија и Сардинија, па сè до Анталија и Тунис. Каде годинава најчесто летуваат македонските граѓани? 

Каде летуваат Македонците: Грција останува прв избор, Охрид руши рекорди со странски туристи

Од туристичките агенции велат дека Грција и натаму е убедливо најбарана дестинација, но новите чартер-летови разбудиле интерес и за медитеранските острови.

Македонските туристи често ги избираат и Турција, Египет и Тунис, а оние што бараат поблиска дестинација се одлучуваат за Албанија, Црна Гора и Бугарија. Иако цените на аранжманите се повисоки од лани, интересот е на исто ниво, а со раните резервации може да се најдат поволни понуди за сечиј џеб.

-Кај одредени дестинации има поголеми поскапувања, а кај други помали. Сепак, можам да кажам дека туристичките агенции, поради поголемата понуда, и понатаму нудат попусти за одредени аранжмани. Така што и во екот на сезоната сè уште можат да се најдат поволни цени доколку резервацијата се направи преку туристичка агенција,- Ана Марија Алексова – сопственик на туристичка агенција.

Кога станува збор за домашниот туризам, прва асоцијација е Охрид. Македонскиот бисер и ова лето е полн со туристи, но освен домашните гости, расте и интересот од странски посетители. Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека целта е Охрид да се развива како дестинација и надвор од главната сезона.

-Веќе втора година со ред имаме огромен број на туристи кои што тур-оператори ги носат од Германија, од прилика 45.000 за 2026 година, туристи кои што ќе ноќеваат и ќе бидат во Охрид надвор од туристичка сезона. Се спрема и уште еден пакет на туристи надвор од туристичката сезона од 1 октомври до 1 мај така да и оној дел од годината кој што некако беше не баш посетен Охрид, не дека немало туристи меѓутоа не во ваква форма организирани, ќе го имаме уште повеќе од 2027,- Кирил Пецаков – градоначалник на Охрид („Здраво Македонијо“) .

Граѓаните кои летото го поминуваат во жешкото Скопје, велат дека во градот недостигаат базени, рекреативни зони и уредени зелени површини, а дел со носталгија се сеќаваат и на езерото Треска – место кое некогаш беше едно од главните летни собиралишта во Скопје

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во првите пет месеци од годинава во споредба со лани, е зголемен за 2,6 отсто. Странските туристи се зголемиле за речиси 5%, додека домашните се намалиле за 4,4%.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер