Три медали за македонските млади борачи на Балканското првенство во Бурса - Канал 5

Три медали за македонските млади борачи на Балканското првенство во Бурса

Македонските млади борачи на Балканскиот шампионат во Бурса имаа добар настап и се вратија со три медали.

Три медали за македонските млади борачи на Балканското првенство во Бурса
По тој повод Директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски им честиташе на репрезентативците во борење и додаде дека АМС целосно ќе ги поддржува настапите на македонските претставници во борење на сите меѓународни настапи од причина што борењето мора да се врати на патеките од минатото кога овој спорт беше еден од најтрофејните во Македонија.
- Тука сме за да ги промовираме нашите јуниори кои се враќаат од Балканското првенство во борење кое се одржа во Бурса, Република Турција. Нашите најмлади борачи се враќаат со освоени 3 медали, две сребрени медали и еден бронзен медал. Упатувам честитки до добитниците на медалите, но и до сите учесници кои ја претставуваа Македонија на овој шампионат. Исто така, во Словенија на Балканско Првенство заминуваат нашите пионери и кадети во борење. Агенцијата за млади и спорт целосно ги поддржува овие настани, од финансиски аспект и нашата намера е и во иднина да инвестираме во овој спорт во кој имаме значајни успеси. Уште еднаш, сакам да им честитам на нашите јуниори во борење, а на пионерите и кадетите да им посакам среќа и успех во Словенија, изјави на денешната прес-конференција Каевски.
Претседателот на Боречката федерација на Македонија Бетим Вренези изрази големо задовоство од неодамна завршеното Балканско првенство и од освоените медали, од кои два сребрени и еден бронзен.
- Елмедин Сејфулау,еден од најголемите боречки надежи во Македонија и Емир Реџепи освоија сребро, додека пак Рамадан Мустафовски се закити со бронзен медал. Успехот е далеку поголем ако се земе фактот дека конкуренцијата беше огромна, особено ако треба да се победат спортисти од земјите каде борењето е традиција, како Турција, Бугарија, Романија. Упатувам огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката кон јуниорите, но и за целосно покривање за припремите и претстојниот настап на пионерите и кадетите на Балканското првенство кое од 03-05.11 ќе се одржи во Словенија, рече Каевски.
Македонската репрезентација ќе настапи со 17 натпреварувачи од кои две девојчиња, а од ова натпреварување се очекува уште поголем успех, - изјави Вренези./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Кокошков за Џејсон Кид: „Тој е најлошиот човек во НБА, нека се знае тоа“

Поранешниот селектор на кошаракарските репрезентации на Словенија и Србија, Игор Кокошков, упати остри критики кон Џејсон Кид, со кого соработуваше во Далас. 

Игор Кокошков за Џејсон Кид: „Тој е најлошиот човек во НБА, нека се знае тоа“

Џејсон Кид како играч и Џејсон Кид како тренер се две сосема различни личности. Токму тоа се обиде да го објасни српскиот стручњак Игор Кокошков.

Поранешниот селектор на Србија имаше можност да соработува со некогашниот плејмејкер во Далас, во периодот кога таму беше и Лука Дончиќ. И тој период не го памети по добро.

-Воопшто... „Воопшто не го познавав Џејсон Кид; тој беше еден од моите омилени играчи и еден од најдобрите плејмејкери што некогаш играле. Се боревме едни против други во оние пет години додека тој беше во Њу Џерси; ми се допаѓаше оној ’Принстон‘ напад што се играше за него – како да беше создаден за него. Промената на ритамот, движењето – тоа е една приказна. А Џејсон Кид како тренер – тоа е сосема поинаква приказна. Немам премногу добри искуства, ниту пак високо мислење за него како човек и како тренер“, изјави Кокошков во подкаст.

Тој потоа објасни зошто нема толку добро мислење за главниот тренер на Маверикс.

„И добро е да се знае тоа – не поради моето мислење, туку воопшто. Тој водеше тимови со големи имиња, тимови со висока репутација и играчки калибар: прво Бруклин, потоа Милвоки со Јанис – тимови проектирани за титула – па Далас со Лука. Јас немам високо мислење за него. Можеби најдобриот одговор би бил дека, по таа една година работа со Кид... тоа е твој тим. Сепак, никој не можеше да му го објасни тоа – тој дел; веројатно е нешто во неговата глава и во приватниот живот.“ „Тој е најлошиот човек во НБА.“

Игор не е единствениот што има такво мислење за Кид. Ниту навивачите на „Мавс“ не го сакаат, бидејќи знаат дека тој учествувал во размената со која Лука Дончиќ требало да замине во „Лејкерс“, со што би го избркале најдобриот играч и првата ѕвезда на тимот.

„По мојата прва година во Далас и на крајот од таа сезона, добив повик од Стив Неш да дојдам во Бруклин. Работев за најлошиот човек во НБА, а добив повик од најдобриот човек во НБА – колку само едноставна одлука“, се насмеа Кокошков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија.

Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран.

Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја.

Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Во текот на петдневната програма, младите учесници од различни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост.

Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите.

Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници.

Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници

Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. 

Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници

„Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ.

Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници.

„Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер