Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството
2Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
КултураТри концерти во МКЦ на третиот фестивалски ден од 17. ОФФест Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот на ОФФест ќе гостува италијанската група „Офичина Зое“ (Officina Zoe). Шесте нејзини членови ќе го претстават „пицика тарантата“ - народен танц и музички стил од јужна Италија. Уште од 1993 година тие се најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто и се наречени „чувари на пициката”. Соработуваат и со други култури, како турскиот мултиинструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко и имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија. Во Дансинг салата на МКЦ од 21.30 ќе гостува петчлениот состав од Тунис „Ифрикија Електрик“ (Ifriqiyya Electrique) кои ќе претстават уникатен проект произлезен од Банга - древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис. - Вистински адорцистички обред и транс кој го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и постиндустриска церемонија. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот, наведува ОФФест. Нивниот деби албум „Ruwahine“ објавен во 2017 година беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. На третата вечер од 17. ОФФест, третиот концерт во МКЦ (Дансинг сала) од 23 часот ќе биде на турската пејачка Гаје Сју Акјол, која е извонредно успешна во спојувањето на рок и инди-музиката со препознатливиот турски звук. - Мојот стил наликува на старото турско пеење, богато и експресивно. Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот, затоа што е мешавина на многу стилови, вели пејачката од Истанбул. За нејзиниот последен албум „Hologram Imparatorlugu“ ОФФест посочува дека е „енергичен, моќно опоен и отровно убав, проследен со брилијантна европска турнеја“. Саботната фестивалска вечер ќе заврши со полноќен настап на белгискиот диџеј Мукамбо во клубот „Епицентар“. Диџејот од Брисел Мукамбо е Бенџамин Толет - белгиски музички новинар, радиоводител и продуцент, кој од 2005 пишувал и за неколку белгиски, холандски и француски весници и списанија како експерт за светската музика. Неговото Радио Мукамбо е наклонето кон африканската музика- афро-битот, етиопскиот грув, афро-латинските и афро-бразилските, сукус, арабеска и португалските звуци, како и хип-хопот. Во последните четири години Мукамбо е движечка сила на „Groovalicious“ - најголема глобална грув-забава во Брисел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаМицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4%Мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, вели премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да изнесува некаде помеѓу 3,5 и 4% проценти. „Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови. „Впрочем затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамУспешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!Фиат Арго достигна важна продажна пресвртница на бразилскиот пазар, каде што се продадени повеќе од 700.000 единици од овој модел од неговото лансирање.Арго е моментално четвртиот најпродаван автомобил во Бразил, со продадени повеќе од 54.000 единици од почетокот на 2026 година. Моделот е меѓу десетте најпродавани нови автомобили на најголемиот пазар во Јужна Америка повеќе од четири години. Овој модел беше лансиран во Бразил во 2017 година како замена за Фиат Пунто, и оваа година се покажа добро. Само во јули 2026 година, беа продадени 8.612 единици, што го сместува меѓу петте најпродавани автомобили во Бразил во текот на тој месец. Во текот на изминатите три години, Арго е втор најпродаван модел на Фиат на бразилскиот пазар. Дел од програма за поефикасни возила Фиат Арго е вклучен и во владината програма на Бразил за 2025 година за возила што ги исполнуваат одредени критериуми за ефикасност. Според програмата, автомобилите што ги исполнуваат барањата можат да добијат пониски даночни стапки. Тековната гама на модели на Арго вклучува четири верзии, а карактеристиките вклучуваат безжична поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, дигитална автоматска контрола на климата, сензори за паркирање одзади и систем за влегување и стартување без клуч. Доаѓа Арго X Фиат потврди дека ќе го лансира Арго X во наредните месеци. Се очекува новиот модел да се продава заедно со постоечкиот Арго, наместо веднаш да го замени. Директорот на брендовите Фиат и Абарт за Јужна Америка, Фредерико Батаља, изјави дека резултатот од продажбата од 700.000 возила ја потврдува важноста на Арго на бразилскиот пазар. Според него, моделот привлекува клиенти уште од своето лансирање со својата комбинација од ефикасност, практичност и конкурентна цена, а Фиат очекува неговиот успех да продолжи и по пристигнувањето на новиот Арго X. Со повеќе од 700.000 продадени единици и повеќе од 54.000 продадени возила само во 2026 година, Фиат Арго останува еден од клучните модели на италијанскиот производител во Бразил, каде што наскоро ќе му се придружи и новиот Арго X. Извор: Б92Тагови: фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуствотоЗа неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември - Денот на пензионерите на Македонија. „Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз. За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите. Говорејќи за правата на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, а особено во носењето на законите и одлуките што се однесуваат на нив. Претседателката посочи на примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ, укажувајќи дека една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме. На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина. На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан и претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески. На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter