Три инфраструктурни и 22 проекти од годишна програма на НУЦК „Трајко Прокопиев" Куманово - Канал 5

Три инфраструктурни и 22 проекти од годишна програма на НУЦК „Трајко Прокопиев" Куманово

 Годинава ќе започне проектот за гасификација на објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев", за којшто се подготвува тендерската документација за првата фаза, односно проверката на постоечкиот систем. 

Три инфраструктурни и 22 проекти од годишна програма на НУЦК „Трајко Прокопиев" Куманово

Министерството за култура одвои 12 милиони и 450 илјади денари за реализација на инфраструктурни проекти за Националната установа- Центар за култура „Трајко Прокопиев" Куманово под чии ингеренции се зградата на центарот и кумановскиот театар, информираа денеска надлежните од установата. Дополнително над пет милиони денари, Министерството одвои за реализација на годишната програма.

– Годинава ќе започне проектот за гасификација на објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев", за којшто се подготвува тендерската документација за првата фаза, односно проверката на постоечкиот систем. Истовремено се подготвува и тендерската документација за првата фаза за реконструкција на објектот на Театар Куманово, којшто е многу посложен и којшто вклучува повеќе фази-изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

НУЦК „Трајко Прокопиев" аплицирал со три проекти за подобрување на условите за работата на институцијата. Проектот за изведба на систем за гасификација на НУЦК „Трајко Прокопиев, вклучува проверка на постоечкиот систем, односно дефектажа и чистење, зајакнување на конструкцијата на просториите каде што се предвидени котлите за гас, како и набавка на потребната опрема. За овој проект одобрени се средства во висина од 2.300 000 денари. Центарот повеќе од деценија нема греење што оневозможува да се реализира програмата во зимскиот период. Годинава, овој објект прославува 40 години од функционирањето. Реконструкцијата на објектот на кумановскиот театар, кој е посебна зграда вклучува темелна санација и реконструкција на целата зграда, набавка на нова сценска техника. За овој проект одобрени се средства во висина од десет милиони денари за правата фаза каде ќе се изведуваат само градежните работи. Последниот проект е за набавка на професионална музичка миксета за којшто се одвоени средства во висина од 150.000 денари.

Тодоровски информираше дека за годинава, ресорното министерство одвоило над пет милиони денари за вкупно 22 проекти од литературната и издавачката дејност, за визуелни уметности архитектура и дизајн, музичката и музичко сценска дејност, за драмска и фолклорна дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со лопата си ја убил мајка си и братот- трагедија во Сараево: Ги испратив меѓу мачениците

Полицијата во Сараево денеска уапси 43-годишен маж под сомнение за убиство на две лица, а локалните медиуми објавија дека неговите жртви се мајка и брат, кои ги убил на исклучително брутален начин.

Со лопата си ја убил мајка си и братот- трагедија во Сараево: Ги испратив меѓу мачениците

Уапсениот во медиумите е идентификуван како Аднан Локванчиќ, објави Кликс. Тој е уапсен во семејниот стан во сараевската населба Храсница, каде што полицијата го пронашла по дојава.

Полицијата накратко објави дека е приведен под сомнение за убиство на едно машко и едно женско лице и дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случило.

Лопата и отсечена глава

Според порталот „Дневни аваз“, Локванчиќ наводно ги убил својот брат и мајка со удари со лопата. Потоа ја обезглавил мајката.

Неговиот официјален адвокат, Омар Мехмедбашиќ, потврди за медиумите дека жртвите се мајката и братот на уапсениот маж, кој веднаш најави дека ќе побара психијатриско испитување.

„Очигледно постои причина за стручно мислење на невропсихијатар, бидејќи кога го дал своето сведоштво, рекол дека ги испратил мајката и братот што ги убил меѓу мачениците на подобро место“, изјавил Мехмедбашиќ за порталот Кликс.

Семејство обележано со трагедии

Медиумите известуваат дека целото семејство во кое се случила оваа трагедија имало тежок живот, а особено било трауматизирано од фактот дека таткото извршил самоубиство со рачна граната по војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Симеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)

Аргентина е во финалето на Светското првенство. 

Симеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)

Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2:1 по голем пресврт во самата завршница. Англичаните водеа со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Две асистенции забележа легендарниот Лионел Меси.

Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои својата втора последователна и четврта титула во целост. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули во 21 часот. Франција и Англија играат за третото место еден ден порано во 23 часот.

По натпреварот, Џулијано Симеоне (23), десниот играч за врска на Аргентина, му се поклони на Меси. Низ солзи, тој проговори за медиумите: „Меси има 39 години, постигна сè што еден фудбалер може да сонува и и покрај ова, тој сè уште се бори како најдобар. Значи, на сите нас ни преостанува само едно. Да дадеме сè што имаме и да трчаме за него и Аргентина.“ Меси е одличен на Светското првенство. Во седум натпревари, постигна осум гола и асистира за четири.

Giuliano Simeone becomes emotional speaking about Lionel Messi following Argentina’s World Cup semi-final win over England
by u/JorSimpson45 in soccer

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев

-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот..

Вучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев

Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија..

-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот.. Србија не сака да се приклучи на воената поддршка за Киев и на политиката за дополнително економско изолирање на Москва, појасни Вучиќ, посочувајќи дека ја поддржува европската интеграција на Украина и ја признава нејзината територијална целосност.

Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

Во киевската декларација руската инвазија е осудена како незаконска и неоправдана агресија, а од Москва се бара целосно и безусловно да ги повлече своите сили од целата меѓународно признаена територија на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер