3Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија
Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
РакометТри гостински победи во 4.коло од ракометната Супер лига Екипите на Металург, Прилеп и на Работнички стигнаа до третите победи во ракометната Супер лига, откако во 4.коло беа поуспешни од своите ривали.Металург, Работнички и Вардар Јуниор славеа на гостински терен, а единствениот домешан триумф го забележа Прилеп. Резултати на досега завршените натпревари од четвртата рунда: Металург 2 – Металург 19:32, Пелистер – Работнички 16:20, Велес – Вардар Јуниор 17:33, Прилеп – Пролет 30:22. Последниот натпревар од 4.коло се игра денеска меѓу Радовиш и Охрид. Табела: Металург 9 бодови (натпревар помалку), Прилеп 9, Работнички 9, Вардар Јуниор 6, Пролет 6, Борец 6, Охрид 3 (два натпревара помалку), Пелистер 3, Радовиш 3 (натпревар помалку), Металург 2 0. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаУапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозволаЛишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништувањеБројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн. Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци. За се има конкретни бројки и конкретни резултати. Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година. Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби. Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава. Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и АлбанијаТошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини. Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите. Тој нагласи дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации. Посебно беше истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена. Министерот Тошковски упати благодарност до експертските тимови, правните советници, полициските службеници и сите институции од двете земји кои учествуваа во подготовката на договорот, нагласувајќи дека нивната работа е клучна за постигнатиот резултат. Потпишувањето на договорот на граничниот премин Блато претставува важна пресвртница во билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија и потврда на заедничката заложба за модерно, ефикасно и безбедно управување со границите. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook