Три години затвор и 92 милиони евра казна за обид за криумчарење на ремек дело од Пикасо - Канал 5

Три години затвор и 92 милиони евра казна за обид за криумчарење на ремек дело од Пикасо

Поранешниот шпански банкар Хаиме Ботин (83), кој веќе беше осуден за  шверц на ремек дело од Пабло Пикасо, денес е прогласен за виновен на повторното судење со зголемена затворска и парична казна.  

Три години затвор и 92 милиони евра казна за обид за криумчарење на ремек дело од Пикасо

Хаиме Ботин денеска е осуден на три години затвор, наместо претходните 18 месеци.

Покрај повисоката казна затвор, судот ја зголеми и паричната казна од првичните 52 милиони на 91,7 милиони евра.

Ботин се обиде да ја продаде сликата и покрај забраната за извоз на културни дела значајни за Шпанија.

Високиот суд во Мадрид, исто така, соопшти дека Ботин бил известен од аукциската куќа „Кристи“ уште во 2012 година дека му е потребна дозвола на државата за да го продаде ремек делото , но сепак ја натоварил сликата на јахта во Валенсија и му рекол на капетанот да ја скрие.

Ботин беше директор на Банкинтер од 1986 до 2002 година и има 23% удел во банката преку инвестицискиот фонд Картивал.

Минатата година беше уапсен во обид да го прошверцува ремек делото на Пикасо , кое се смета за национално богатство на Шпанија , иако било дел од неговата приватна колекција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер