СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
2СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
МакедонијаТри чекори до сурогат мајчинство - пријавување во Министерството за здравствоВо министерството за здравство отворен е регистарот за брачни двојки, кои сакаат да се пријават за да добијат бебе преку сурогат мајка. Истото така во регистарот може да се пријават и жени кои сакаат да им помогнат на брачен пар кој не може да има бебе.„Идните родители ќе можат да изберат од регистарот која жена ќе го носи нивното дете 9 месеци во нејзиниот стомак. Секако таа жена ќе нема никакво право на тоа дете во иднина по раѓањето“, вели Татјана Васиќ Бозаџиева, државен советник во Министерство за здравство Сурогат мајката има право да добива средства за трошоци само за бременоста, за време на првите 45 дена од породувањето има право на породилно отсуство. Со сите орава и обврски ќе бидат запознаени и идните родители и сурогат мајката. Од министерството со апел заинтересираните родители може да се јават во министерството за здравство. Татјана Васиќ-Бозаџиева, државен советник во Министерството за здравство, рече дека новината се однесува на сите брачни двојки кои не може да ја реализираат родителската улога по природен пат и на сите хумани жени кои од алтруистички побуди би родиле деца за овие брачни двојки за да им го покажат патот за остварување на овие можности. - Првиот чекор што треба да го направат заинтересираните е да се обратат во Министерството за здравство, да достават документација со која потврдуваат дека ги исполнуваат условите. До Министерството може да се обратат жени на возраст од најмалку 25 години живот и повозрасни, односно на возраст за која е оценето дека е во добра психофизичка и општа здравствена состојба која и овозможува на жената здрава бременост и раѓање на здраво дете. Покрај тоа, жените треба да бидат мајки на најмалку едно дете и да бидат македонски државјани, посочи Васиќ-Бозаџиева. Од друга страна, до Министерството, истакна таа, може да се обратат брачни двојки, државјани на Република Македонија, кои имаат проблем со женски или машки стерилитет, односно жената од брачната двојка нема матка и/или има оштетена матка, нема јајници и/или има оштетени јајници, а мажот од брачната двојка исто така истовремено може да има стерилитет кој не може да биде излекуван, како и во случај кога брачната двојка дотогаш имала три неуспешни бремености на жената. - Министерството за здравство води два регистри, од кои еден за жените кои се потенцијални гестациски носители, а другиот за брачните двојки. Министерството ги внесува податоците во овие регистри откако ќе утврди дека се исполнети условите со што се заокружува неговата улога во оваа фаза на утврдување на статусот на потенцијален гестациски носител, односно брачна двојка која има право да побара раѓање на дете од друга жена, рече Васиќ-Бозаџиева. Појасни дека вториот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат во Министерството за здравство со барање за увид во соодветниот регистар заради вршење избор на гестациски носител. Изборот на гестацискиот носител, нагласи таа, не го врши Министерството за здравство, туку самата брачна двојка, која има право на пристап до податоците во регистарот на жени-гестациски носители заради вршење избор и за таа цел повторно се обраќа до Министерството за здравство со барање за увид во соодветниот регистар. - Само за илустрација, во постапката за посвојување дете, Комисијата за посвојување врши избор на најсоодветен посвоител по електронски пат од првите три можни посвоители од листата на можни посвоители. Значи, улогата на Министерството за здравство е да ја гарантира законитоста на постапката, но не и да се вклучува во поврзувањето на брачната двојка и гестацискиот носител, потенцира Васиќ-Бозаџиева. Укажа дека третиот чекор што треба да го направат заинтересираните брачни двојки е да се обратат во Министерството за здравство за да ја почнат постапката за БПО со гестациски носител, а тоа го прават со доставување писмено барање до Министерството за здравство. Појасни дека за да почне постапката на БПО со гестациски носител, потребно е сите учесници во постапката да се согласат (со давање на писмена изјава заверена кај нотар) и претходно да бидат стручно советувани за психолошките и правните последици од оваа постапка, од страна на Комисијата за психолошко советување и Комисијата за правно советување. Министерството за здравство по добивање на писменото барање, рече Васиќ-Бозаџиева, ќе утврди дали се исполнети сите услови од овој Закон за поведување на постапката и писмено ќе ја извести брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител. - Доколку се исполнети условите за поведување на постапка на БПО со гестациски носител, брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител склучуваат договор за уредување на меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од таа постапка. Брачната двојка и потенцијалниот гестациски носител можат да ја повлечат согласноста се додека ембрионот не е внесен во матката на жената гестациски носител, а најдоцна два дена пред денот на внесувањето на ембрионот во матката на жената гестациски носител, посочи Васиќ-Бозаџиева. Нагласи дека за разговор на оваа тема и одговарање на сите прашања кои ги имаат брачните двојки или жените кои би сакале да бидат гестациски носители, Министерството за здравство во секое време е отворено за комуникација. Брачната двојка има право да бара поведување на две постапки на БПО со гестациски носител кои успешно ќе завршат со раѓање на по едно живо дете од секоја постапка, додека гестацискиот носител има право само еднаш да роди едно живо дете за друг. Гестацискиот носител и жената од брачната двојка која е во работен однос ги има сите права од областа на работните односи, пензиското и инвалидското осигурување и здравственото осигурување по основ на бременост и раѓање. - Тоа значи дека гестацискиот носител која е во работен однос има право на отсуство од работа поради бременост и раѓање во времетраење од 45 дена од денот на раѓањето на детето. Жената од брачната двојка остварува право на породилно отсуство како да го родила детето. Во име на Министерството за здравство ги повикувам сите брачни двојки кои сакаат да ја остварат родителската улога и сите хумани жени кои сакаат да им помогнат да се обратат до Министерството за здравство. Тоа може да го направат уште денеска, додаде Васиќ-Бозаџиева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите.„Црвено-црните“ вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло. По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија. Кога се игра пред домашната публика, „Јане Сандански“ повторно станува место каде што ракометот, емоцијата и навивачката страст се спојуваат во едно. Нант е сериозен европски противник, но Вардар низ својата историја повеќепати покажал дека на домашен терен знае да одигра големи натпревари. Поддршката од трибините ќе биде важен дел од атмосферата во која „црвено-црните“ ќе го бараат патот до нов европски успех. Како партнер и силен поддржувач на клубот, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со Вардар, со поддршка за тимот во новата европска сезона. Пред големиот ракометен дуел, Вардар подготвува вистински спектакл и за своите навивачи. Два часа пред почетокот на натпреварот, од 16:45 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена голема црвено-црна фан-зона за сите љубители на Вардар. Посебно место во фан-зоната ќе имаат двата трофеи од Лигата на шампионите, освоени од Вардар во 2017 и 2019 година. Пехарите ќе бидат изложени за навивачите, кои ќе имаат можност да се фотографираат со највредните трофеи во историјата на клубот. И тимот на ВЛТ ќе биде тука, заедно со вардаровите навивачи.Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другитеВремето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите од нивните инсталации во правосудството.Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци. Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДС и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Ахмети и такви како нив. Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди. Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци. На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДС и ДУИ, работеа по принципот за едни законот важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши. Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да има заштитени. Правда и одговорност мора да има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лицеОтворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите. Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен. Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите. Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон? Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета? Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен. Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка? Дали е платен данок воопшто? Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок? Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи. Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат. Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“. СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство. Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите. Доаѓа времето на вистината и правдата. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00