Сите очи сега се свртени кон владата која на седница треба да ја усвои одлуката за ограничување на маржите.
Таму е Сандра Спасовска ја имаме во живо.
Сандра кога ќе биде усвоена ваквата одлука и дали е предвидена средба таму на засегнатите страни?
Во видеото погледнете го целиот извештај.
Одлуката за ограничување на маржите на 10 % во трговијата на големо и мало – може да стави клуч на вратите на над 80 тргвоски фирми и отпуштање од работа на над 4 500 вработени, реагираат од новоформираната стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, основана пред три дена. Во нивниот допис до медиумите и Владата бараат итна средба со надлежните со цел изнаоѓање на заедничко решение, бидејќи велат со ваквата одлука се доведува во прашање нивниот опстанок.
„Со 10% бруто-маржа, не можеме да ги покриеме оперативните трошоци,кои се движат од 15-20%. Маркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, туку ценовната политика ја водат доставувачите и производителите. Да потенцираме дека, никогаш не ги зголемуваме цените самостојно, туку промената се случува поради промените на цените на производителите или доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не се испорачуваат производите.“Стопанска комора на трговци на големо и мало.
Од опозициската СДСМ велат мора итно да почне примената на законот за нефертрговски практики, според нив одлуката за ограничување на маржите е задоцнета. Лидерот на партијата на брифинг со новинарите утрово изеле со 7 предлог мерки за заштита на стандардот на граѓаните, кој очекува власта да ги прифати.
„Намалување на ДДВ за елетрична енергија од 18 на 5 %.... И тоа е намалување на најмалку 13% на сметките за струја..... Намалување на ДДВ на основни прехранбени производи и оваа мерка во комбинација со дополнителни мерки за замрзнување на цените и маржите.... Замрзнување на цените на основни прехрамбени производи во следните три месеци.... Фиксирање на маржите на основните прехрамбени производи.... Итно да се спроведе и имплементира законот за нефер трговски практики.....Следно намалување на цената на зелен картон за автомобили... Зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесот....“-изјави Венко Филипче – претседател на СДСМ.
Од владејачката партија преку соопштение реагираа на барањето на СДСМ, велат лицемерно е партијата која во време на нивното владеење ги зголемија цената на струјата за 50% и ДДВ на прехрамбени производи сега да бараат намалување или укинување на истото.
100тина групи на основни прехрамбени производи, како и хигиенски средства, детергенти, сапуни, бебешки пелени, бебешка и детска прехрана треба да имаат замрзната маржа за 10 %, се до крајот на април. Замрзнувањето на маржите доаѓа откако пазарната инспекција направи детална контрола кај трговците и дистрибутерите, а во неа беше утврдено дека маржите се движат од 20 до над 35 %.