Тргнал на риболов среде невреме и во живо ги пренесувал своите последни моменти (ВИДЕО)

Кајакарот Џереми Ворти сподели две снимки во живо на Фејсбук, не сфаќајќи дека тоа биле  последните зборови што тој ќе им ги упати на најблиските.

Тој се удавил неколку часа откако се осмелил да кајакари низ турбулентните води крај брегот на Нов Јужен Велс, Австралија.

Во 5,45 часот во саботата, тој споделил 10-минутно видео снимено од неговиот кајак додека се обидуваше да лови риби, но работата запрела поради разбрануваното море. На снимката, тој изгледа дека носи појас за спасување. Тој објасни дека ја проверил временската прогноза и затоа тргнал подоцна.

- Мислев дека тоа ќе биде проблем.

Помалку од еден час подоцна, Ворти повторно се приклучил на Фејсбук и објасни во живо дека бурните ветрови му го фрлаат кајакот лево - десно и дека едвај може да се одржува.

Ветерот бил толку силен што неговиот глас едвај можеше да се слушне во четири минутното видео, но можеше да се чуе како се расправа со самиот себеси во која насока е најбезбедно да се упати кон брегот.

Бирото за метеорологија на Нов Јужен Велс издаде временско предупредување во саботата попладне предупредувајќи ги граѓаните дека ветерот ќе крене бранови до 5 метри.

Во неделата, полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека 43-годишникот е пронајден мртов на Лонг Бич, и дека се верува дека се удавил.

Еден минувач во неделата околу 12:30 часот ја повикал службата за итни случаи, откако забележал празен кајак, јави полицијата. Локалната полиција го извлекла телото на човекот од вода и се обиделе да го реанимираат пред да пристигне Ургентната служба на местото на настанот.

- И покрај исклучителните напори, човекот починал на лице место, се вели во соопштението.

Полицијата не го откри неговиот идентитет, но неговите последни преноси во живо беа преплавени со коментари од неговите пријатели и познаници со изрази на сочувство и жалење што не можеле да му помогнат.

Пред да се приклучи на Фејсбук по втор пат, тој споделил фотографија од Google Earth на која се открива неговата локација.

- Сигурен сум дека тоа беше последниот повик за помош. Жал ми е пријателе, требаше да ги повикам службите за спасување кога видов како се бориш во бурното море. Мислев дека може да се справиш . Се чувствувам виновна затоа што не сфатив во каква тешка состојба се наоѓаш, напишал негов пријател.

Нормализиран сообраќајот на патот Битола-Прилеп

Од 11:20 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ, пак, претходно информираат дека од 09:10 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвивал наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајна несреќа што се случила на овој патен правец.

Најжешкото видео на Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно „ги запали“ социјалните мрежи , но не со нова песна туку повторно со видео на кое во преден план се нејзините бујни силиконски облини. 

Карлеуша објави видео од плажа во Дубаи - стомачните мускули и силиконски гради во преден план!

Иако скоро никогаш не се плашела да покаже „малку кожа“, во последните месеци, по објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“, Јелена реши целосно да се соблече и да покаже дека линијата ја довела до совршенство.

Популарната Џеј Кеј сега со видео од Дубаи предизвика бурни коментари - позираше во розово, минијатурно бикини, а заработи многу ласкави коментари, од кои најистакнат беше оној: „Убаво е да се види дека овој пат и жените и мажите ја фалат Јелена Карлеуш“.

Трамп не успеа да го оспори сведочењето на адвокатот и актерката во филмови за возрасни

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба.

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Трамп минатиот месец побара од судијата да го блокира нивното сведочење, тврдејќи дека Коен во минатото лажел и најверојатно повторно ќе лаже, а Даниел ќе се обиде да го искористи судењето за да заработи од својата приказна.

Поранешниот претседател и иден републикански претседателски кандидат се изјасни како невин по 34 точки од обвинението за фалсификување на деловната документација, со што сакаше да скрие дека му платил на Коен да ја исплати Даниелс.

Судењето беше закажано на 5 март, но минатата недела беше пролонгирано за најмалку еден месец.

притисни ентер