Третирање на Балканот како неспорен креативен дел од Европа - Канал 5

Третирање на Балканот како неспорен креативен дел од Европа

Балканската академија на уметностите која беше основана лани во октомври во Букурешт под називот Academia Balkanica Europeana, деновиве почна и официјалнао да работи.

Третирање на Балканот како неспорен креативен дел од Европа
Нејзина мисија е промовирање активности и културни проекти меѓу балканските уметници и третирање на Балканот како составен дел на заедничката европска цивилизација.

Според основачите, формирањето на Академијата произлегло од потребата малите земји, т.е. земјите од Југоисточна Европа, да преземат иницијатива за културолошко будење на Европа. Има 35 членови од Романија, Грција, Бугарија, Турција, Србија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, кои се од сите области на културата (писатели, режисери, актери, композитори, ликовни уметници...) и чии дела се прифатени во Европа.

Поддржана е од Европската академија на науки, уметности и литература од Париз, а инцијативата почна од Скопје пред точно една година со симпозиумот „Хамлет и Европа - да се биде или не“ на Универзитеот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Во Скопје беше донесена и Декларација за нејзиното формирање и основните правила - членовите да бидат еминентни уметници во најширока смисла кои веќе имаат рецепција од Европа, а и соработуваат меѓу себе.

Писателот Александар Прокопиев, кој заедно со универзитетскиот професор Елизабета Шелева и драмскиот автор и ректор на ЕСРА Јордан Плевнеш е член од Македонија, за МИА изјави дека Академијата ќе дејствува како базна и во суштина креативна културна институција која ќе го третира Балканот како неспорен креативен дел од Европа.

- Во време на брзи комуникации, саморекламирање, интернет и навала на вредности и помали вредности, треба да ја обновиме Европа како критериум. Нам ни беше важна и другата, европска страна - рецепцијата, како одредени балкански уметници се прифатени во Европа. Очигледно е дека се работи за личности кои по своите дела не се познати само на Балканот, туку на некој начин се наметнале на европската културна јавност и критика. Европа е едниот дел од критериумот, Балканот другиот. Не разиденетиот Балкан, не она што не прави остри едни кон други, туку културата на Балканот која е секогаш заедничка, изјави Прокопиев.

Културата на Балканот е и суштинскиот Балкан, она со кое ние, вели Прокопиев, може да го освоиме светот. - Ние не можеме да ја освоиме Европа со копирање на она што таму се работи, затоа што тоа би било второстепено. Но можеме со свои материјали, свој стил и начин на искажување, со свој став да се наметнеме во тој контекст. Така ќе бидеме многу помоќни. Тоа беше идејата, рече Прокопиев.

Меѓу членовите од другите балкански земји се Владислав Бајац, Слободан Шијан, Ана Бландијана, Жорж Бани, Матеј Вишњек, Недим Гурсел, Бедри Бајкам, Башким Шеху, Васил Толе, Градимир Гојер, Марина Финци, Јасмила Жбаниќ, Алек Попов, Христо Бојчев, Елена Панајотова, Бранислав Миќуновиќ, Арта Доброши, Ветон Нурколари, Јоргос Куљарас... Почесни членови се турскиот писател Орхан Памук, грчкиот композитор Вангелис и коцептуалната уметница со српско потекло Марина Абрамовиќ.

За претседател е избран тетарскиот режисер и актер Јон Карамитру, директор на Националниот театар во Букурешт и поранешен министер за култура на Романија. Јордан Плевнеш е генерален секретар. Академијата ќе има и годишно тематско списание поддржано и финансирано од Европската академија во Париз. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“

По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот.

Ристовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“

Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат.

Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник.

Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика, бидејќи со неа државата им оддава почит на луѓето чии спортски достигнувања станале дел од нејзината историја.

„Постојат спортски резултати што остануваат запишани во статистиката, но постојат и луѓе чии резултати, карактер и дело стануваат дел од колективната меморија на една држава. Денеска сме тука токму поради такви луѓе. Луѓе кои победувале, создавале шампиони, граделе спортски генерации и го носеле името на Македонија тогаш кога зад нив стоеле само нивниот труд, нивната дисциплина и вербата дека можат да успеат“ - истакна Ристовски.

Тој нагласи дека спортот има вредност многу поголема од освоените медали, пехари и рекорди, бидејќи големите спортски успеси создаваат моменти во кои целата држава се препознава во успехот на еден спортист или една репрезентација.

„Спортот има една исклучителна моќ – во неколку секунди да обедини цел народ. Кога македонски спортист стои на победнички подиум, кога се крева македонското знаме или кога нашите спортисти се борат со најдобрите во светот, тогаш нивниот успех престанува да биде само личен. Тој станува успех на Македонија. Токму затоа државата има обврска да ги памети луѓето кои ги создавале тие моменти“- порача министерот.

Ристовски им честиташе на годинашните добитници, посочувајќи дека зад нивните признанија стојат децении работа, тренинзи, натпревари, откажувања, победи и порази, но и огромен придонес во создавањето нови генерации македонски спортисти.

Посебно значење има наградата за животно дело, која му беше доделена на Трајчо Димков, за повеќе од четири децении посветеност на македонското борење како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Во неговата долгогодишна спортска кариера особено се издвојува 1995 година, кога со БК „Бучим“ од Радовиш станува европски клубски првак. Како селектор, Димков ја предводеше македонската репрезентација и на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а низ неговата тренерска кариера неговите борачи освојувале медали на европски првенства, Медитерански игри и други големи меѓународни натпреварувања.

„Животно дело не се создава со една победа, една сезона или еден медал. Тоа се создава со децении во кои човекот останува верен на спортот, го пренесува своето знаење и зад себе остава луѓе кои продолжуваат таму каде што тој започнал. Тоа е наследство кое не може да се измери само со бројот на освоени медали“ - истакна Ристовски.

Државната награда „8 Септември“ е востановена во 2012 година, а годинава се доделува по четиринаесетти пат. На конкурсот за 2026 година беа поднесени девет кандидатури за државната награда и шест кандидатури за наградата за животно дело. Изборот на апликантите го спроведува Одборот за доделување на државната награда кој го сочинуваат 13 лица, истакнати спортски работници и професори од областа на спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Поради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар.

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13.00 до 20.00 часот.

„Уна“ доаѓа во Скопје како едно од впечатливите регионални театарски остварувања, во режија на Дејан Пројковски, еден од најзначајните македонски режисери, со Никола Ристановски во главната улога.

Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, претставата отвора интимен и длабоко емотивен простор во кој се преплетуваат љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите кои го определуваат човековиот живот.

Во улогата на професорот Мишел Бабиќ настапува Никола Ристановски, чие маестрално актерско остварување во „Уна“ наиде на исклучителен прием кај публиката и критиката, потврдено со значајни фестивалски признанија. Покрај него, во претставата играат Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Со својата препознатлива режисерска естетика, Дејан Пројковски ја обликува „Уна“ како интимна и визуелно впечатлива театарска приказна, во која личното станува универзално, а односот меѓу човекот, слободата и љубовта добива ново значење.

Вредноста на претставата е потврдена и со низа значајни фестивалски признанија.

Никола Ристановски е добитник на наградата „Зоранов брк“ за најдобро актерско остварување на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и на признанијата за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука.

Претставата ја освои наградата од публиката на „Денови на Зоран Радмиловиќ“, а на Фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац ги освои наградите за најдобра претстава и награда од публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.

Кузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?

А од Обвинителството – молк.

Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија?

Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски?

Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат.

Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат.

Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина.

1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар?

Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен.

СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции.

Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи?

2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра?

Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази.

Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо.

Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен.

Или предметите намерно се чуваат во фиока?

Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација.

Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат?

3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена.

И тука се гледа двојниот аршин.

Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо.

Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци.

4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село?

Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар.

СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат.

5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО.

Што прави Обвинителството?

Кој ги нападна младите?

Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб?

Кој е повикан на распит?

Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи?

Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази.

За милионски суми народни пари.

За нападнати млади луѓе.

За загрозено здравје на илјадници граѓани.

Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија?

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер