Трета рунда разговори Русија - Украина - Канал 5

Трета рунда разговори Русија - Украина

Руските и украинските преговарачи ќе се сретнат на трета рунда разговори од мај, иако се очекува мал напредок во завршувањето на тригодишната војна, бидејќи позициите остануваат далеку одвоени.

Трета рунда разговори Русија - Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги намали очекувањата, велејќи дека деталните разговори за прекин на огнот не се на дневен ред.

-Денешната средба наместо тоа треба да се фокусира на напредокот во враќањето на украинските воени заробеници и децата киднапирани од Русија, како и на подготовката за состанок на претседателско ниво, им рече Зеленски на дипломатите во понеделникот.

„Ни треба поголем импулс во преговорите за завршување на војната“, додаде тој, објаснувајќи го своето инсистирање за средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Москва, во меѓувреме, инсистираше на состанокот да се разговара за документи што содржат позиции за можни патишта кон мир, претходно разменети од завојуваните страни. Сепак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така, рече дека постигнувањето договор за прекин на огнот ќе бара „голема дипломатска работа“.

Додека Киев инсистира на безусловно примирје за да се овозможат преговори за завршување на конфликтот, Русија се држи до своите максимални барања, вклучително и целосно повлекување на украинските трупи од источните региони нелегално анектирани од Москва.

Украина и Русија започнаа директни разговори за прв пат по повеќе од три години во мај. Досега, разговорите резултираа со размена на воени заробеници, а неодамна беа ослободени војници под 25 години и тешко ранети борци.

Руската делегација повторно ќе ја предводи советникот на претседателот и поранешен министер за култура Владимир Медински, според Кремљ. Украинскиот тим ќе го предводи поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров, кој оттогаш е назначен за шеф на Советот за национална безбедност и одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копруција во здравството: Пари за термин, подарок за лекарска услуга

Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем.

Копруција во здравството: Пари за термин, подарок за лекарска услуга

Јавна тајна е дека постојат одредени суми за одредени лекари, општо-познато е дека без пријател, без врски и без пари не можеш да завршиш работа по болничките ходници, велат дел од споделените сведоштва за доживеаната корупција во македонскиот здравствен систем.

Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем, посочуваат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Тие денеска во центарот на Скопје поставија симболична „Чекална за бесплатни специјалистички здравствени услуги„ со фигуративни суми за здравствените услуги кои граѓаните, во теорија, од јавнот здравствен систем би требало да ги добијат бесплатно.

-Митото како една форма на корупција во здравството најчесто се јавува за добивање побрз термин, како и преглед преку ред кај одредени специјалистички дејности. Она што е интересно и важно да се истакне е дека 84% од испитаните здравствени работници го препознаваат овој проблем дека постои во секторите во кои што работат и истакнуваат дека е делумно или многу застапен,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ.

Од ЕСИ алармираат дека иако постојат повеќе механизми за пријавување на корупција, како во самите здравствени установи така и преку полицијата, јавното обвинителство и Комисијата за спречувае на корупција, скоро никој не пријавува поради генералната недоверба во јавниот систем.

-Ниту еден од испитаниците ниту здравствените работници кои виделе или се соочиле со некаков тип на корупција, ниту граѓаните немаат пријавено, односно не го користат овој систем. Особено затоа што не веруваат дека финалниот резултат односно дека ќе бидат заштитени во целата постапка и дека некој ќе донесе позитивна одлука и ќе ги заштити. Стравуваат дека понатаму ќе дојдат во контакт со истиот доктор и сепак ќе треба да ја добијат здравствената услуга и одлучуваат да молчат,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ.

Додека 1,7% од граѓаните имале потреба да дадат „ситен подарок„ односно мито на матичните лекари, во преовладувачки 74,6% од случаите, здравствениот работник поврзан со корупција бил лекар специјалист, што значи дека кога граѓаните се најранливи, односно имаат потреба од брза интервенција или преглед, корупцијата е највисока, потенцира истражувањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Мртви риби во водите на Треска – сцена што предизвика загриженост и го вклучи алармот кај риболовците.

Угинати риби во реката Треска, анализите треба да ги утврдат причините за поморот

Од Спортско-риболовното здружение „Хантер Фиш“ за Канал 5 велат дека поморот е забележан кај селото Староец, каде што е констатирано угинување на поголемо количество риба. За случајот, велат, веќе се известени сите надлежни институции.

Од здружението велат дека на местото биле затекнати голем број угинати риби, меѓу кои и македонска пастрмка – вид по кој е препознатлива реката Треска.

Според нив, состојбата на терен јасно укажува дека дефинитивно има загадување на водата, а за да се утврди причината, стручно лице од областа на сточарството и рибарството веќе земало примероци од водата за анализа.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека ја следат состојбата. Директорката за Канал 5 потврди дека нивни инспектори веќе излегле на терен, а сега се очекува извештајот кој треба да даде повеќе информации за состојбата и што довело до поморот на рибите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции.

На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија

На 30-ти септември еврокомесарката Марта Кос ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, а веднаш потоа претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на регионот и Македонија, најави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој е оптимист дека нејзината посета ќе помогне да се откочи процесот за македонските евроинтеграции. Повеќе детали околу можните решенија не откри, но кажа дека макотрпно се работи за отворање на пристапните преговори во ЕУ.

-Како што беше напоменато од многумина изминативе месеци, работиме на тоа многу посветено. Јас се надевам дека наскоро ќе имаме регионалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан за две до три недели и се надевам дека оваа посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор во однос на отворањето на пристапните преговори за државата.... Дали имате некои информации за уставни измени со одложено дејство со цел да се одблокира процесот? - Не можам да споделам детали во јавноста, но работиме макотрпно уште откако дојдов во земјава, изјави Рокас.

Во меѓувреме берлинскиот портал „Table media “ објави дека имале увид во предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ. Според нацртот, по приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата. Дел од реформата се и дополнителни механизми за заштита што би се применувале за новите членки на ЕУ кои покажуваат сериозно назадување. Во нацрт-законот за реформи, се предвидува можност ЕК да предложи новата членка на ЕУ привремено да биде суспендирана од донесување одлуки во Европскиот совет и Советот на ЕУ, односно конкретно е наведено дека правото на глас ќе биде одземено, пишува „Table media “.

Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите.

Но, за Македонија воопшто да ги почне преговорите, услов остануваат уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот. Во однос на ова, ставот на македонската Влада е дека тие ќе се направат само доколку има предвидливост во процесот без можност за нови билатерлани блокади, и доколку Бугарија ги спроведе пресудите од судот во Стразбур со кои на Македонците таму ќе им се овозможи здружување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер