Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари
2Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари
КошаркаТрета победа за МЗТ Скопје Аеродорм во АБА лигата Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа третата победа во АБА лигата откако вечерва во рамките на 10. коло го совладаа ФМП со 89:68. Резултат по четвртини: 26:14; 23:18; 22:18 и 18:18.Во текот на целиот натпревар македонскиот првак беше во водство кое го обезбеди добивајќи ја првата четвртина со двоцифрена предност. Разликата постојано се зголемуваше, а највисоката беше во 39. минута (89:62). Најефикасен на дуелот беше Ѓорѓе Дреновац со 24 поени, а Марко Симоновски постигна 15 поени (пет тројки). Екипата на МЗТ Скопје успеа да реализира вкупно 14 тројки. Вториот македонски претставник во АБА лигата тимот на Карпош Соколи во ова коло игра против првакот на натпреварувањето Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во 18 часот во понеделник. Другите дуели од оваа рунда се играат во деновите од викендот: Мега – Морнар, Задар – Партизан, Крка – Игокеа (сабота), Будуќност – Олимпија и Цедевита – Цибона (недела). Табела: Црвена Звезда 18 бодови, Будуќност 17, Цедевита 15, Цибона 15, Партизан 15, Игокеа 13, Крка 13, Задар 13, МЗТ Скопје А. 13,ФМП 12, Мега 12, Олимпија 11, Морнар 11, Карпош Соколи 10.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
КултураОд 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот на грчкиот филмОд 25 до 27 ноември во Скопје ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на грчкиот филм.Оваа година фестивалот е фокусиран на жените во грчката кинематографија. Под мотото Женскиот поглед-киното на жената- фестивалот има оддава признание на женските филмски авторки- нивната креативност и придонес во филмската уметност. На фестивалот ќе бидат прикажани три долгометрани и два краткометражни филма со кои се обединуваат различни генерации на режисерки од Грција. Датумот на отворање на фестивалот 25 ноември е симболичен- на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените со филмот-„ titanic ocean“, на Константина Котзамани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинималната синдикална кошница за ноември изнесува 70.827 денари, просечната потрошувачка во октомври 59.149 денари Растат и владината и синдикалната потрошувачка кошничка.Владината во октомври пораснала за 942 денари или 1,6% повеќе во однос на септември и изнесува 59.149 денари.Најголем раст, како што посочи минисерот за економија и труд Бесар Дурмиши е забележан кај храната и пијалоците, но генерално оценува дека цените се стабилни.. Споредувајки ја инфлацијата во еврозоната која изнесува 4%, оцени дека Македонија е најдобра со 3,3% во месец октомври. Вели дека ДПИ останува на терен, а доколку се утврдат неоправдани зголемувања на Владина седница ќе се разговара за евентуални мерки за основните прехрамбените производи, како намалување на маржите. - Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме особено кај овошјето и зеленчукот затоа што знаеме дека тие се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година имаме зголемување, ќе работиме и понатаму и понатаму ќе преземем мерки кои што ќе бидат соодветни за да им излеземе во пресрет на граѓаните да го заштитиме животниот стандард,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Паралелно, ССМ ја објави синдикалната минимална кошничка за ноември, која бележи раст од 469 денари и достигна 70.827 денари. Со вклучен трошок за изнајмување стан од 60 квадратни метри, износот достигнува 86.202 денари. Најголем дел од семејниот буџет, односно 25.902 денари, според пресметките на ССМ, отпаѓаат на храна и пијалаци. Сепак, во споредба со октомври, трошокот за оваа категорија е намален за 268 денари. Разликата меѓу владината и синдикалната кошничка за октомври и натаму е над 11.000 денари. Инаку, Дурмиши потсети и дека во март следува редовното усогласување на минималната плата. Според досега објавените статистички потадоци и законската формула, која предвидува 50% од растот на трошоците за живот и 50% од растот на просечната нето плата, минималецот се очекува да се зголеми за околу 1450 денари и да достигне приближно 27.500 денари.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтпушок од цигара го предизвикал пожарот во ГОБ „ 8 септември“, се запалиле инвалидски количкиДесетици пациенти утринава беа евекуирани од Градската болница 8 Септември, откако пожар избувнал на одделението за ортопедија на вториот кат.Откако од прозорците на болничката зграда почнал да излегува чад, веднаш била спроведена евакуација на пациентите и медицинскиот персонал, а била повикана и Противпожарната бригада. За среќа, повредни нема. „Утринава избувна пожар во Градската Општа Болница 8-ми Септември,којшто предизвика вознемиреност кај пациентите..Надлежните екипи веднаш интервенираа,а причините за избувнувањето на пожарот се непознати“. Командирот на скопската противпожарна единица, Ѕвонко Томевски, за Канал5 вели дека запалени биле инвалидски колички на балконот, но пожарот бил брзо локализиран со противпожарни апарати. –Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени четири возила во болницата. Пожарот веднаш беше изгаснат со противпожарни апарати. Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба, не се запалила никаква инсталација. Има материјална штета. – изјави Томевски. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот на ГОБ „8 септември“ за дополнителни информации околу пожарот, тој не одговори ниту на повиците, ниту на пораките, но во меѓувреме од осми септември преку соопштение информираа дека според првичните иформации можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат, наведуваат од болницата.. На местото на пожарот немало електрична ниту гасна инсталација а материјалната штета била незначителна. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook